Неодговорени апликации за работа

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Речиси да не сум добил одговор на пратено CV, не сум стигнал ни до интервју. Еве грубо од пратени околу 90-100 апликации на 3-4 може да ми вратиле и тоа автоматски мејл како тие од Џонсон (вашата апликација е примена ќе ве известиме ако ни треба профил како вашиот за работа и сл.).
Во фирми во Германија од 10тина места кадешто пратив на 8 ми одговорија во рок од недела дена и покрај тоа што пишува во CV-то дека живеам во МКД се потрудиле да пратат, а и не беа автоматски мејлови.
Во моменталново работно место (рецепционер трета смена) влегов преку комшија од зграда.
За тоа погоре што пишаа дека се ради реда ставани во голема мера е точно, зошто истото го гледам и кај мене на работа, пуштаат огласи а веќе се знае кој ќе работи.
 
Над 100 CV иам пратено и никој ми нема одговорено, ако нишо друго бар да ме опцуе.
Прво мислев дека не ми функционира мејлот, па си отворив нов :pos:
Аплицирав и од новиот, ама џабе. Во разговор со мои пријатели кои редовно пратат огласи за работа и аплицираат, го констатиравме истото. Никој им нема одговорено. Без разлика дали си со факултет или не, никој не те рецка два посто.
Во оваа ебана држава колку и да ги исполнуваш условите од огласот за вработување, џабе ти е коа тој оглас е пуштен само фиктивно, а некој веќе си работи на таа позиција за која ти уствари праиш будала од себе и аплицираш. А доколку те повикаат на интервју, тогаш си го јадел стапот. Се малтретираш да одиш на обуки, ти одзимаат време и трошиш пари за да стигнеш до работното место и после обуката ти се појавуе некоја свиња директорска и ти дава да потпишеш договор со кој те обвзува да работиш ко вол за слама 6 месеци без да ти платат нишо - тоа ти го рачунаат како дообука па доколку после тие 6 месеци им се бендисаш тогаш ќе те вработат на определено 6 месеци со плата од 10000 денари, а ако сакаш да даеш отказ во периодот додека си на дообука кај шо не ти плаќаат нишо тогаш си должен на фирмата да и плаќаш по 15000 денари пошо она нели вложуе у тебе и твојата обука :tapp:
И така они секои 6 месеци имаат за право да им р'мба некој ко вол а да не му платат нишо, пошо ако се откаже ќе си плаќа 15000 за месец дена дообука или шо би се рекло 90000 денари за 6 месеци. Топ, зар не?
 
Катастрофа во секоја смисла на зборот е ова со неодговорените апликации за работа.
Него има друг момент, предходниве две недели наидувам на друга ситуација. Контактирам фирма на која сакам да и понудам соработка за одреден проект и ми вика дај на mail, се јавуваш за два дена зашто нели да ти вратат на mail е мисловна именка и ти вика немам погледнато а и да погледнале добиваш одговор ќе ти одговорам на mail и ако не се јавиш пак за 2-3 дена ни одговор ќе добиеш ни ништо.

Етички и професионално ќе биде само да ти кажат дека не си им "интересен" за таа работна позиција во два-три збора на mail и ти задоволен и на нив ќе гледаш со други очи ама нееееее кој да троши десетина калории за да штракне на типките на тастатурата кој очигледно највеќе се користат за праќање досетки и вицеви на mail до колегите и ептен блиските соработници.
 
Nejcam da vi solam pamet ama dodeka cekate da najdete nekoja rabota ne e loso da se usovrsuvate vo nesto drugo sto ne ste go znaele ili da barate alternativa za iseluvanje
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom