One million dollar baby
Во Македонија малку жени, од оние кои учествуваат во политиката, можат да се пофалат дека се што гледате на нив, потекнува од ултраскапите светски марки за кои, по правило, за едно парче облека треба да се плати од петсто евра за кондури, до неколку иљади евра за ташна.
Во овие износи не спаѓаат бисерни ѓердани, часовници, накит... кој чини од неколку иљади евра, па нагоре.
Радмила Шекеринска, лидерката на СДСМ спаѓа во оваа џет сет категорија. Жената која ја обиколува предизборна Македонија носи ташни од класата и типот на Гучи и Лансел, какао на фотографиите кои се приложени кон текстот, кои коштаат од иљада до пет иљади евра. Цените на тие ташни лесно можат да се најдат на интернет. За Лансел ташната, плус шалот и чевлите кои Шекеринска ги носеше на конгресот на СДСМ, пишуваа и други македонски весници како за врвно скапа и гламурозна појава. Ретка во Македонија.
Фактот дека еден од модните советници на Шекеринска е Ирина Пановска, ќерка на Златко Пановски - сопстевеник на озлогласената веледрогерија Пановски за која нон-стоп се пишува дека е во коруптивни врски со владите на СДСМ, говори повеќе од модните пораки.
На ланската годишнина на СДСМ Шекеринска се реши на демагошки, популистички потег кога отиде меѓу стечајците што штрајкуваа во Жена парк, карши Собрание, давајќи им поддршка. Дури и нејзините партиски колеги дента и забележаа дека е крајно невкусно таков настап да се направи со чевли од четрсто евра, и костум од иљада евра нагоре. Сума сумарум, меу стечајците Шекеринска се појави со гардероба која на лице место кошта повеќе од годишна плата на просечен Македонец.
Но, некои така ја сфаќаат Социјалдемократијата. Пред да стане министерка за евроинтеграции Шекеринска возеше Шкода Фелиција. Оттогаш екстремно скапата облека и е слабост и пасија. Сега ја возат, а една комбинација на нејзината облека, плус часовникот, не кошта помалку од четири до пет иљади евра секоја, не сметајќи го тука накитот.
Таков неконтролиран нагон кон скапа облека имаше само уште една жена: Снешка Георгиевска. Но, за разлика од Радмила таа не агитира на избори, и не држеше демагогии за сиромашниот народ за кој ете, таа е решение.
И нешто друго. Снешка Гергиевска имаше скапа облека како и Радмила но, имаше и петља. Никогаш не тужеше редакции, па дури ни новинари.
Штета што во времето на Марија Антоанета немало весници, и новинари. Не можеме да видиме какао кон нив таа би се однесувала.