Нема бесплатен превоз за средношколците

  • Креатор на темата Креатор на темата coachFFM
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
ВЕТУВАМЕ - ОСТВАРУВАМЕ - ЛАЖЕМЕ: ВЛАДТА ВЕТИ, А НЕ ГО СМЕНИ ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Во предизборната кампања Владата најави дека ќе им плаќа слободни билети или ќе организира заеднички превоз за учениците кои од училиштето живеат подалеку од 2,5 километри, но до вчера измените на Законот со кои ќе се воведат новините не беа донесени.
 
И јас сум ВМРО-вец, но оваа влада е бетер од претходните влади. Да го е**м Груевски а.к.а. Чарли Чаплин.
 
Нео, како можиш да си ВМРО-вец или СДС-овец, кога си малолетен?
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Нема бесплатен превоз за средношколците[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во предизборната кампања Владата најави дека ќе им плаќа слободни билети или ќе организира заеднички превоз за учениците кои од училиштето живеат подалеку од 2,5 километри, но до вчера измените на Законот со кои ќе се воведат новините не беа доне[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Иако почна учебната година, се уште не е организиран бесплатниот превоз на учениците во средното образование кое од годинава е задолжително. Средношколците вчера од свој џеб ги платија автобуските билети до школите. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во предизборната кампања Владата најави дека ќе им плаќа слободни билети или ќе организира заеднички превоз на учениците кои од училиштето живеат подалеку од 2,5 километри. Во Министерството за образование тогаш рекоа дека бесплатниот превоз ќе биде само за учениците од прва година, зашто тие ќе бидат првата генерација на задолжително средно образование.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Вест на 16 мај објави изјава од Министерството за образование: [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Ако струката што ученикот ја избрал ја нема во неговата околина, тогаш ќе му следува бесплатен превоз. На пример, ако некој ученик од скопската населба Драчево запише гимназија во Центар, нема да му следува бесплатен превоз зашто гимназија има и во неговата населба. Но доколку запише струка што ја нема во неговата околина, на пример, економска струка или медицина, тогаш ученикот ќе добие бесплатен билет", изјави тогаш Љупчо Спасов, раководител за основно и за средно образование во Министерството за образование.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Тогаш од Министерството рекоа дека се прават измени на Законот за средното образование со кои попрецизно ќе се регулира бесплатниот превоз. Но школската година почна, а најавените измени се уште не се поминати во Собрание. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]За бесплатниот превоз на средношколците вчера не знаеја ниту директорите на средните училишта.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Не сме добиле никакво известување од Министерството за образование. Ние можеме, според податоците за местото на живење, да одредиме на кој ученик му следува надоместок, но не можеме да го направиме тоа зашто немаме добиено никаков акт од Министерството", вели Небојша Живковиќ, директор на "Васил Антевски - Дрен".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Истото ни го потврдија и други директори на средни училишта во Скопје.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во Министерството за образование вчера изјавија дека "деновиве ќе се одлучи како ќе тече постапката за бесплатниот превоз на средношколците и оти не се потребни измени на Законот". [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Самиот министер за образование Перо Стојановски, пак, со контра изјава.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Директорите веќе имаат добиено известување како да постапат. Училиштата треба да им издадат потврда со која ученикот ќе може да извади годишен билет од ЈСП. Тие пак преку фактура ќе си ги наплатат парите од нас. Постапката нема да оди преку локалната самоуправа туку директно преку Министерството за образование", тврди министерот. Министерот се чудеше како директорите на училиштата не знаат за процедурата, но не прецизира кога се испратени известувањата до школите. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Сите директори се интелектуалци. Зар треба да ги викам еден по еден и на сите да им кажувам", рече министерот Стојановски. (Р.Ф.)[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]***[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ни Градот Скопје не знае[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во Градот Скопје, под чија надлежност се средните училишта, вчера не беа информирани како би се организирал бесплатниот превоз за средношколците.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Немаме никакви информации", кусо ни одговори Тања Балаќ, раководител на секторот за јавни дејности. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]***[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ЈСП:Нема годишни билети за ученици[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Од ЈСП "Скопје" велат дека од Министерството за образование досега не добиле ниту барање ниту, пак, некакво известување дека треба да издаваат бесплатни билети за учениците. Александар Бошковиќ, в.д. директор на ЈСП, вели дека во тарифникот нема предвидено годишен претплатен билет за средношколци туку само месечен билет. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Годишен билет за ученици нема. Има годишен билет само за професорите и тој билет чини 18.500 денари. Од Министерството за образование не сме добиле никакво барање за бесплатни годишни билети за ученици. Ако дојде такво барање со дотации за покривање на трошоците, секако ќе одговориме позитивно, бидејќи секој приход ни е добредојден", вели Бошковиќ. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]***[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Конфузија во Охрид[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Над 80 отсто од учениците средношколци од прва година во Охрид се здобиваат со правото за обезбедување на бесплатен превоз од местото каде што живеат до средното училиште каде што се запишани. Ова за основното образование се однесува на оние ученици што живеат над 2 километра од својата школа, додека за средното образование не постои законско решение. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Сега владее тотална конфузија, реагираат родителите на учениците од прва година во средните училишта, а ние не можеме да им ветиме дека ќе им обезбедиме бесплатен превоз на овие ученици. Средствата треба да ги обезбеди Министерството за образование и наука, кое дотацијата треба да ја префрли во локалната самоуправа. Досега за оваа намена немаме добиено ниту денар, а во буџетот на локалната власт не е предвиден ваков вид на дотација", вели раководителот на секторот за јавни дејности при локалната самоуправа во Охрид [/FONT]
 
Ajde sega site srednoskolci so istrazuvacki duh i buntovna priroda, trk vo skolo i vo JSP da izvadite bileti i da go dokazete ednoto ili drugoto tvrdenje, t.e da ja najdete vistinata.
 
И компјутериве се во водата - дупка.

А сега па најавуваат тестови по сите предмети на крај на годината, демек да се проверат оцени. Ветер во МАГЛА!
 
Абе најавија и нов унивирзитет за информатика...па ништо:toe:
 
Абе сакат да направат нешто, ама не им оде, а тоа со казните ако не се запишеш во средно е жива глупост. Има луѓе кој едвај го преживуваат месецот, а не пак и да плаќаат превоз, храна, книги за тоа дете. Ај и превозот да го тргнеме, пак останјуваат оние трошкови, храна, книги, партиципација, а ако е и во стручно школо тогаш е поскапо посебно ако треба некој опреми да плаќа.
 
Мислам дека има бесплатен превоз само за тие што запишуваат прва година сега. Нас останатите `не не фаќал` законот. Владава сака да го модернизира школово, а уствари се повеќе го уништија.
Донесоа компјутери кои не работата и не се знае кога ќе проработат. Пола од професорите се камења и само го имаат слушнато поимот компјутер а незнаат за што служи. Плаќаме партиципација зголемена за 100% (беше 1500 сега е 3000), плуш на крај година ќе плаќаме и трошоци за користење ан комјутерите и некои дефекти кај истите што не се случиле. Ни трупаат учебници нивни учебници кои стигаат и до 1000 (математика) и плус - ќе имало тестови по секој предмет пратени од министерство на полугодие и на крај година.
Знаењето е сила, знаењето е моќ - запиши се во средно иначе татко ти ќе го боли џебот
 
Мене блиску ми е школото, али на државава плукам!
Уствари "плукам" е малце, повраќам, цревата си ги истурам!
Бруки живи:tapp:
 
Све можи да се тврди ама ништо вистинито да се направи :tapp:
 
Ajde sega site srednoskolci so istrazuvacki duh i buntovna priroda, trk vo skolo i vo JSP da izvadite bileti i da go dokazete ednoto ili drugoto tvrdenje, t.e da ja najdete vistinata.


МОН: Средношколците ослободени од партиципација, бесплатен градски превоз за учениците од прва година


Министерството за образование и наука известува дека сите ученици кои се запишани во прва година средно образование можат да го користат бесплатно автобускиот градски превоз, како и дека од оваа учебна 2008-2009 година родителите на децата кои се школуваат во јавните средни училишта не треба да плаќаат партиципација на училиштата.
Како што се вели во соопштението на учениците од прва година средно ќе им биде потребна потврда од јавните средни училишта каде се запишани како редовни ученици за користење на бесплатен автобускиот градски превоз, како и тоа дека доколку продолжувањето на школувањето на учениците биде условено со плаќање на партиципација, родителите можат да го пријават случајот во Државниот просветен инспекторат при министерството за образование и наука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom