Некој лапна ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
можеби не е за овде темава,ама ако тргне на сеир на место е значи.
Да прочитаме овде кој што ЛАПНА овие години во Македонија,додека некој нема ни што да апне.
А се лапа на големо-велико што велат браќа од Ниш нагоре.Прво ќе се загради малку со жица и ограда
па така ќе постој некое време да омекне,како еден голем плац на Вардар под манастирот.
А потоа ќе видиш оп некоја зградетина изникнала,или некој хотел или хоспитал.
Има вакви места еден куп во Скопјево,денес ене нешто се спрема да се лапне позади монополот.
---------
Некој ЛАПНА деновиве добар дел од парк шумата Гази Баба а вие си молчите.
Некој самоиницијативно или со благосов на горниот или со поклон од владата си Лапнал 1хектар.
И тоа не било каде и било што туку дел од белите дробови на градот,и ги кине,ги сече,ги суши.
Порано беше тоа амбуланта на Железара,а потоа Некој ја ЛАПНА и бидна некоја Медика.
Е сега тој некој од таа МЕДИКА - породлино-хирушко што ли е, чиво ли је, со ЛАПНА парк-шума.
Кроце-полека си ја загради денес со голема ограда и внатре ја сече шумата како е да има тапија
од дедо му, а до кај ќе оди натаму тој си знае,нагоре е густа ниска шума,плаче за санаториум. Picture 2367.jpg ..Picture 2368.jpg ..Picture 2369.jpg
има ли уште некој пример ваков во Македонија, кој што ЛАПНАЛ од нејзината земјичка троа.
 
Се заебал. Требал едно ѕидче од пет шес метра да стаи, па глеајте у ѕид. Има луѓе кои знаат како се праи тоа, коа ќе лапнеш вака. Пред некое време баш беше објавено аудио упатсво од врвни мајстори.
 
Абе гнаса народ сме, тоа е тоа. Сите гледат нешто без пари да земат.
Ене го комшијата мој стави жива ограда на место на кое не е негово и на кое се паркираат коли. За некое време ќе стави и трева и клупа и оп автоматски своја градина ќе си направи на државно место.
Сите си ќутат и ништо не превземат, а во позадина сите зборат за тоа. Нејќам да изигравам сељак да се расправам, ама па мора некој да му свика, оти на ваквите ако не им свикаш ќе си продолжат до бескрај.

Може да ги мразиме американциве, ама за некои работи се најдобри. Како може кај нив ниедна куќа да нема ограда, никој да не се замара дали некој му гледал во куќа или не? Како никој не пробува да украде дел од земјиштето на комшијата или од улицата?
А кај нас ова веќе стана секојдневие, да ставиш двометарска ограда и да пробаш да лапнеш нечие земјиште.
 
Си можел, си лапнал. Што, вас криво да не ви е што вие не може да лапните?
 
Си можел, си лапнал. Што, вас криво да не ви е што вие не може да лапните?

Тоа е финтата. Треба да НЕ си може ...а со вакво размислуење ко твоево, једино ќе се освестиш коа ќе лапне некој нешто твое или ти ќе губиш....
 
Тоа е финтата. Треба да НЕ си може ...а со вакво размислуење ко твоево, једино ќе се освестиш коа ќе лапне некој нешто твое или ти ќе губиш....
а кој ќе го спречи? Никој. Затоа си видел човекот шанса и си ја искористил.
 
Се работи за Ремедика. На истото место се Ремедика и Јавна Здравствена Установа Железара. Ремедика од лани почна да се шири.
 
Тоа е финтата. Треба да НЕ си може ...а со вакво размислуење ко твоево, једино ќе се освестиш коа ќе лапне некој нешто твое или ти ќе губиш....
Државно земјиште го лапнал за едно евро квадрат а тоа го може секој
 
Државно земјиште го лапнал за едно евро квадрат а тоа го може секој
Може ама во Мариово, а овој земал колку сака во центар на градот,+ парк-шума. И.....
и не е секој туку НЕКОЈ, и добро се знае кој е тој некој. М ....
 
Може ама во Мариово, а овој земал колку сака во центар на градот,+ парк-шума. И.....
и не е секој туку НЕКОЈ, и добро се знае кој е тој некој. М ....
Какво Мариово бре Анчо?
Па во Скопје државно земјиште се продаваше по 1 евро м2.
Кој лапна лапна а кој не ќе си лапа прсти!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom