Ништо не ме чуди од денешниве "студенти". Кога гледам какви ликови не само што се запишуваат на факултет, туку и успешно го завршуваат истиот притоа незнаејќи уплатница да пополнат се прашувам до каде не доведе кампањата "Знаењето е сила, знаењето е моќ".
Како што некој пиша претходно, најмногу ги обвинувам родителите, тие создале дебили од своите деца со желба "дечињата да не им се мачат". После ќе прашуваат дали смее баба им да се потпише на испратницата за препорачано писмо
Дали некогаш во својот млад и напатен живот некој од овие ликови отишол во пошта или банка да плати сметка, или уште и во средно кога се запишувал уплатницата за упис излегувала мајка му од работа да ја плати?
Се создаваат генерации на онеспособени луѓе кои ако ги оставиш сами нема да можат тоалет хартија да си купат. Ова е особено изразено кај машките, претпоставувам поради син-на-мајка синдромот. Ним најдобро би им било да седат дома, парите од стипендиите да им ги донесе некој на врата, ама по можност да не ги разбуди од спиење, така, потивко да им ги остави на наткасна, а најубаво би било и да не мора да одат на факултет воопшто, напорно е да се станува отсабајле рано...