Неинформираност или чекање на ''готово'' кај македонските студенти

Те препознав тебе „брат“, ако веќе се исмеваш со незнаењето на студентите, потруди се барем твоите постови да се пописмени и правилно напишани. Вака, ти испаѓаш посмешен, сакатиот му се смее на грбавиот!

Никој не им замери на правопис, а како што знам не си должен да не исправаш сите тука. На сите теми вака бараш грешки или има нешто посебно што те привлекува тука, на револт...
 
Никој не им замери на правопис, а како што знам не си должен да не исправаш сите тука. На сите теми вака бараш грешки или има нешто посебно што те привлекува тука, на револт...
Не ги исправам сите, туку само тебе. Во право си кога велиш дека не сум должен некого да исправам, но тоа е мое право, а не обврска, а јас сакам да те исправам, па не ми треба за тоа посебна дозвола. А тоа што посебно ме „привлекува“ тука е тоа што темата самиот си ја сметстил во ОБРАЗОВАНИЕ, па сметам дека некој мора да ги корегира твоите грешки. Едноставно ми смета! Поготово тоа што целта на постот ти е некого да навредиш и омаловажиш.

П.С.
Твојата последна реченица која завршува со „на револт“ нема никаква смисла.
 

Да могуче е, ако не се потпишал он на бабата ќе и дадат стипендија. Отвори уста земјо и голтни ме.
--- надополнето: 18 март 2013 во 01:44 ---
Битно сите им се 10-ки, што е битно другото?

10-ки со бубица да.
 
Има надеж за мене
 
Ништо не ме чуди од денешниве "студенти". Кога гледам какви ликови не само што се запишуваат на факултет, туку и успешно го завршуваат истиот притоа незнаејќи уплатница да пополнат се прашувам до каде не доведе кампањата "Знаењето е сила, знаењето е моќ".
Како што некој пиша претходно, најмногу ги обвинувам родителите, тие создале дебили од своите деца со желба "дечињата да не им се мачат". После ќе прашуваат дали смее баба им да се потпише на испратницата за препорачано писмо :facepalm:
Дали некогаш во својот млад и напатен живот некој од овие ликови отишол во пошта или банка да плати сметка, или уште и во средно кога се запишувал уплатницата за упис излегувала мајка му од работа да ја плати?
Се создаваат генерации на онеспособени луѓе кои ако ги оставиш сами нема да можат тоалет хартија да си купат. Ова е особено изразено кај машките, претпоставувам поради син-на-мајка синдромот. Ним најдобро би им било да седат дома, парите од стипендиите да им ги донесе некој на врата, ама по можност да не ги разбуди од спиење, така, потивко да им ги остави на наткасна, а најубаво би било и да не мора да одат на факултет воопшто, напорно е да се станува отсабајле рано...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom