Неи Пори

  • Креатор на темата Креатор на темата angelangel9410
  • Време на започнување Време на започнување
Dali nekoj bil vo Nei Pori i iskustva od mestoto
Абе мене Неи Пори ми е миљон пути боље од другите гратчиња у Егејска.
Работата е што другиве се села, кои станале туристички места и набутано е све, неплански, нема место кај да прднеш (Пефкохори и слични).

Е ова да ти било америчка база шо е напуштена и претворена у туристичко место, и затоа е такво плански градено. Прави широки улици, што се сечат под прав агол, еднакви блокови, како лист од тетратка по коцки личи планот на неи пори од воздух.
Многу боље од останатите егејски претрпани селца охридска ривиера-стајл.

Исто така, и плажата е копакабана-лајк, а не два метра широка со миљарда луѓе тука.

Плус, не е на Халкидики и нема до толку многу србенди и македончиња, што значи, за нијанса, по културна одморска околина.

има и брз и релативно евтин воз до Солун (прилично ОК е, нов е, од олимпијадата)
 
Зависи за што сакаш,во Неи Пори се оди за вистински одмор,да се одмориш,а во Паралиа е поживо,пред сезона не знам каков е ноќниот живот,ама во сезона функционираат неколку добри дискотеки...не е лошо...инаку плажата и водата во Паралиа не се лоши,ама мене лично повеке ми се свиѓа делот накај Олимпик Бич.:)
 
Плус, не е на Халкидики и нема до толку многу србенди и македончиња, што значи, за нијанса, по културна одморска околина.
No offence, ама ако таму нема наши и Срби не знам кај да ги барам во поголем број...:)

Факт - Неи Пори е убаво за семејства со мали дечиња, приуштиво е за нашиот стандард(мислам на агенциските аранжмани кои се многу, многу ефтини за тој реон под Олимп...па во секој кутлук што се нарекува агенција има аранжмани типот 7 дена за 70 евра во јуни за Неи Пори...). Плажата е песочна, водата ок...Јас бев пред доста години кога не беше толку експлоатирано од наши туристи. Во Платамона пак имам како мал летувано со моите и имам супер спомени. Бев пред 2 години кога се враќав од Крит/Атина, на ручек и капење пауза и се осеќав како да паркирав кај мене во улица. Цените на храната и пијачките исти како во поголемиот дел од Грција...
Ама кога ќе видам дека за некое евро повеќе истите тие агенции нудат за Крф или Закинтос...не би припарил Неи Пори.
 
Де бре ќе си помислам дека 60 години сте начукале Неи Пори па Неи Пори.
Ок нек ви буде.

Плажа и вода
Песочна, долга неколку километри и широка. Кога влегуваш во море, одиш едно 5 километри и водата ти стига до колена, одиш уште 5 и веќе ти е до колковите, и така натаму до Турција. Не сум баш сигурен ама како во магла ми е дека плажата има добиено плаво знаме http://en.wikipedia.org/wiki/Blue_Flag_beach#Table_of_Blue_Flags_in_force_2009
идеална е за деца, камења нема, единствена штета прави Хомус Балканикус и неговата култура. Среќа проаѓа едно возило секое сабајле налик комбањ па на еден интересен начин ја раскопува и рамни земјата прибирајќи ги пикавците. Водата е чиста, треви многу ретко има, медузи има колку еден статистички просек. Првите 5 километра нема многу медузи. Оценка 7/10. 3 бода се скинати поради плиткоста заради која не можеш да се испливаш раат и катангата што се ствара кога е ек на сезона кога е се начикано а култура-јок.

Сместување

Принципот на сместување функционира вака. Има 3-4 хотела во местото кои се релативно скапички. Се останато е врз база на апартманчиња во приватни куќи а цените за сместување варираат од зависност во кој ред сте. Значи урбанистички првиот ред е одма до плажата-паралелно. Таму и цените се најскапи. Позади првиот ред има улица, после тоа е вториот ред, па улица па третиот ред и мислам дека толку беше евентуално плус еден ред ако имаше. Најефтино е во последниот ред каде што пак максималната раздалеченост од било која куќа во градот до плажата не е повеќе од 400-тини метри односно 5 минути пешки. Освен од редот цените знаат да бидат поефтини ако сте на краевите од градот наместо во центарот и ако сте во повисоките катови наместо пониските. Во глобала газдите се услужливи и пријатни во секој случај подобри од Охриѓани. Некои посебни луксузии нема, добиваш брачен или два оделни кревета, башка ве це и некоја ситна кујничка од 2 елементчиња со садопер и електрично шпоретче со една рерна од оние пери-носи-кувај и минифрижидер за две пива и пола лубеница. Тераса има скоро во секое апартманче. Во случај на одење на сопствена режија внимателно да се избегне одење во петок, сабота, недела и деновите пред или по Голема Богородица по грегоријански календар затоа што и кај грчишчнана како и кај Скопјанишчана важи викендашкиот синдром и ќе ви биде тешко да најдете место. Оценка за сместување 8/10 со напомена дека одиш во градче каде што нема Хилтон хотели.

Цени

Грубо 2 пати поскапо од Скопје, упола од Монте Карло и тродупло поефтино од Охрид. За безбедносна варијанта во правењето математика, ќе удрите 2.5 пати поскапо и сте раат. Пијачките знаат да одат и пута 3, храната во супер маркетите е пута 2. Во секој случај е поефтино од Касандра на Халкидики. Ситониа не е толку скапа. Поволност на цени 6/10 односно за некоја нијанса поскапо она што се вика солидна цена за тоа што го добиваш.

Сајтсиинг и Ноќен живот

Од клабинг нешто посебно нема. Има 2-3 интересни кафиќ локали блиску центарот да акнеш некој егзотика коктел кој ќе ти го нашминкаат со жижици, чадорчиња, цевчиња у тисучу боја, интересно е ипак да се види трештат некои моментални миксови на познати песни Адељ у хаус верзија и слично. Ноќни клубови имаше два, исто така скромни и ништо посебно. Имаше една дискотека-Кастра која беше градена како тврдина. Ако не ја израспиале интересно беше таму и во ноќниот клуб Џингис Кан ако уште постои. Ако не ве мрзи на 40 километри северно ви се Катерини, Паралиа и Олимпик Бич, каде што можете да кршите задници и глави по тамошните прочуени клубови. Ако терате пензинско една до две вечери може да се оди во Платамона и да се јадат морски специјалитети во Такис на сама обала, каде што краби и ракови ви се качуваат буквално до местото каде што јадете така да ќе мора да ги пошутирате малце со нога ама ипак доживљај е. MUST TRY во Платамона е пицата во пицерија Ностос без конкуренција најдобрата пица што некогаш сум ја јадел, ја печат на дрва, ти ја носат расечена и не ти даваат прибор за јадење (за да јадеш со раце) а кечап е мисловна именка, ама би го тепал патот од Скопје до Платамона само за таа пица. Во Лептокарија може 2-3 вечери ради шопинг и занимација, ако одите со жена трошаџика строго непрепорачливо. Тврдината во непосредна близина каде што се претпоставува дека била Македонско-Грчката граница, и дефинитивно црквата Света Петка-Агиа Параскева каде што се верува дека има коска од светицата и целото место и природа наоколу е прекрасно за очи од сумљивиот висечки мост до околните дрва до изворот под црквата до кое се стига преку пребродена клаустрофобија до сувенир шоповите до се. Треба да тргнете накај Лариса на околу 10тиа километри од Неи Пори. Оценка 2/10. Ако сте по бувљаци и (квази)антикварници не е лошо да го посетите мини пазарот кај Неа Скотинас кај железницата и камповите.

Таргет групи

Хомобалканикус. Има доста Македонци, Грци и секако неизбежни се жителите од Средноевроповието Чешка, Словачка, Маџарска, Полска итн... Фамилијарни луѓе од средна класа со нагласени пензионерки склоносоти. Млади од 18-30 јок или многу ретко. Оценка 1/10

Комарци

Имаше колку што јас памтам и тоа беше најголемата посериозна заебанција со Неи Пори. Обавезно апаратчиња оние со ампула во штекер и Алтан иначе ќе изгледате како под дејство на овчи сипаници. Оценка 1/10

Се на се

Предосадно за мој вкус, ама вистинско место за фамилијарни луѓе со деца кои сакаат да си легнат во 10 навечер за плажа да фатат уште во 7 сабајле кога изгрева сонцето. Препорачлво е одење со сопствено возило за да се види нешто и од околијата. Задолжителна посета на Платамона и пицерија Ностос Света Петка манастирот и Лептокарија. Ако и Неи Пори ви е гужва на 10 километри има едно место каде што гарантирано не снима ни сателит-Неа СКотинас. Се на се 1 хотел, 1 камп, и 10-тина куќи на кат со апартмани. Ако не умрете од пребавна работа на срце во отсуство на адреналин ќе се осеќате како гуштер на карпа.

Дисклејмер-Последен пат кога бев таму се лудуваше на оваа песна


ама па затоа секоја година некој што го знам оди таму па сакал јас или не ме апејтира со информации.
 
Нешто налик Неа Врасна, со тоа што најверојатно во Неа Пори е побистра водата.
 
Не знам што кажувате вакви работи по форуми (особено ми се допадна она со водата) :(
Башка ривју ко она на Сусаро немам читано со години, браво друже.
 
Сусаро браво, го опиша тамн на место.

Баш ми се оди летово пак таму.
 
Дали некој случајно одел таму со приватно сместување и ако одел колку изнесува без агенција сместувањето
 
Дали некој случајно одел таму со приватно сместување и ако одел колку изнесува без агенција сместувањето

Ние одевме, и не најдовме баш добро сместување, додуша беше 25 еур во топ сезона.

Инаку еден пријател си запиша кога беше првиот пат телефон од туристичка агенција од Неа Пори и лани се јави таму и му најдоа супер сместување за 25 еур кај 1ви август.

И јас сум во недоумица дали да пробувам да се јавувам или да си земам аранжман, оти сепак одам со мали деца.
 
a pretezno vo koj red se smestuvate bidejki prvite se najskapi, a za posledniot red neznam dali e dobar da ne e epten "zapusten"
 
Грубо 2 пати поскапо од Скопје, упола од Монте Карло и тродупло поефтино од Охрид.

Колку ме нервираат вакви слески муабет, море :mad: Скопје е 3 пати поскапо од Охрид :tapp:.

За разлика од 9 евра пица таму, кај нас има и за 2,5 евра голема пица :facepalm:, а да и кафето не е 5 евра туку е 1 евро.
 
Типично фамилијарно, мирно место за релаксација од цела година напорна работа и обврски.
За млади не го препорачувам, нема дискотеки, и такви места, има скромен центар и продавнички, и огромна патека за шетање поред плажа, и тоа е за целото место.
Најубав дел на Неа Пори е плажата и водата, за разлика од Паралиа и другите погоре, водата е екстремно чиста, ко стакло е, и во 45 метри длабочина можеш да броиш камчиња долу.
Баш така
 
Дали некој знае каде се наога Вила Клеопатра во Неи Пори, адреса или местоположба за да ја најдам на гугл
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom