Неформално образование

  • Креатор на темата Креатор на темата Mozok
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 мај 2013
Мислења
150
Поени од реакции
38
Дечки оваа тема ја отворив да кажете што и како се едуцирате надвор од формалново образование, па може ќе има некои што ќе бидат исто мисленици и практиканти или пак ќе бидете пример за некој друг :D повелеле :D
 
Улицата.

Јас сум дете на улицата.

Некои работи не се учаат во школо. А кучките се бонус.

Не измишљај. Улица е асфалтиран и уреден простор. Кај тебе пред куќа има кал до колена и лепешки.
 
Твојот ограничен школски мозок неможе да ја сфати улицата како концепт и начин на живот, не само како асфалт со име од албански и бугарски револуционери.
Без неформално образование денес си никој.
 
како и обично терате офтопик.

Совети, интернет, ТВ и радио емисии (документарци), весници, книги (не школски лектири)
 
Еве ви разгледајте за себе. Безплатни предмети од некој од најдобрите светски универзитети. Студираш безплатно исто што студираат на факс со тоа што има и опција ако сакаш да земеш сертификат дека си го завршил предметот на крај да доплатиш некој 30-100 долари за да ти ги прегледаат испитите/проектите. Предмети имаш од Станфорд, Пен, Принстон, Џорџ тек, Хонг Конг, Мелбурн, Торонто, Лондон од цел свет... Одлична работа за да се надополниш или нешто да специјализираш/навлезеш без да те кошта пари. На овој начин неможеш да земеш диплома ама е одлично ако те интересира нешто

https://www.coursera.org/

Баш сега гледам еден предмет од Станфорд кој почнува наредниот месец и иде 6 недели потребни се 5-7 саати учење неделно.
 
Ова неформално образование на балканов звучи како добар виц.
Реално некојси сака да им ги собере парите на наивни благонадежни млади души и организира некакви си двонеделни курсеви ветувајќи им брда и долини.
Се знае што е корисно образование. Во таа категорија спаѓаат техничките науки (и природните науки во големи држави). Се останато оди во категорија шах, спорт и рекреација.
А да. Без да го испотиш газот со двоцифрена бројка часови во денот нема знаење!

Али сепак подобро нешто отколку ништо. Од знаење и надградба нема зијан.

Инаку ми се чини есента имаше една работа Ед екс се викаше од овие врвните амерички универзитети некои курсови.
 
Минатата недела ми завршија обавезите на факултетот и од понеделникот влегов на еден курс - Competitive strategies (досадата понекогаш и вака резултира :D). Преги баш го исслушав последното видео предавање и го пробав квизот за првата недела (7-8 предавања од по 10ина мин. беа) и добро беше, лесно тестче - 9/10 одговорив точно. Прочитав дека имаш право секој неделен тест 3 пати да го решаваш и на крај ти се зема во обзир највисокиот резултат.

Задоволен сум инаку ептен од предавањата што беа презентирани, стварно сликовито и едноставно објаснува професорот, со по една дефиниција и 2-3 примери во секое видео за доловување на поентата. Предавањата оваа недела беа за Теоријата на игри од Неш (економиситите ќе ја препознаат), која по 2-3 предмети ја имам учено на факултетот, ама сега за овие 5 дена согледав дека уствари врска сум немал ни јас, а уште помалку и професорите од мојот Уни., според начинот на кој ни го објаснуваа феноменот и принципите врз кои функционира. Како слон и мравка испадна ситуацијата.

ПС - На почетокот кога се пријавував за курсот, штиклирав мислам дека сакам да ми пратат сертификат, ама немаше наведено ништо за доплати и слично ..
 
Тоа добро звучи кога гледам како економист, иначе тие видеа ги има for free ? на јутуб и слично или има некаква си процедура на некој портал :D ?
 
Само ова го има закачено на ЈТ. Тоа е уствари воведното видео мислам од професорот.

Предавањата сумњам да ги најдеш на некоја друга страна, освен на сајтот. Не се плаќа ништо уствари, ни за отварање на акаунт, ни за пријавување на курс. Можеш и само предавањата да си ги слушаш и ништо да не решаваш ако сакаш. Јас го избрав овој пред се' оти ми е поврзано со факсот и ме интересира, иначе имаш курсеви од сите можни природни и општествени науки. Влези на страната и разгледај ..

ПС - Сајтот е https://www.coursera.org/ ако не примети.
 
Мхм, фала сега ќе разгледам што како има ако има за маркетинг, менаџмент :D
 
Улицата.

Јас сум дете на улицата.

Некои работи не се учаат во школо. А кучките се бонус.

Образованието кое што се стекнува од улица не се вика неформално туку информално образование и во право си некои работи не се учат во школо .
 
Минатата недела ми завршија обавезите на факултетот и од понеделникот влегов на еден курс - Competitive strategies (досадата понекогаш и вака резултира :D). Преги баш го исслушав последното видео предавање и го пробав квизот за првата недела (7-8 предавања од по 10ина мин. беа) и добро беше, лесно тестче - 9/10 одговорив точно. Прочитав дека имаш право секој неделен тест 3 пати да го решаваш и на крај ти се зема во обзир највисокиот резултат.

Задоволен сум инаку ептен од предавањата што беа презентирани, стварно сликовито и едноставно објаснува професорот, со по една дефиниција и 2-3 примери во секое видео за доловување на поентата. Предавањата оваа недела беа за Теоријата на игри од Неш (економиситите ќе ја препознаат), која по 2-3 предмети ја имам учено на факултетот, ама сега за овие 5 дена согледав дека уствари врска сум немал ни јас, а уште помалку и професорите од мојот Уни., според начинот на кој ни го објаснуваа феноменот и принципите врз кои функционира. Како слон и мравка испадна ситуацијата.

ПС - На почетокот кога се пријавував за курсот, штиклирав мислам дека сакам да ми пратат сертификат, ама немаше наведено ништо за доплати и слично ..

Ivy League универзитети предавањата мора да се на место. Одлична работа е за да се надополниш, ова е иднината на образованието. За 10тина години се ќе биде вака а и подобро поготово ако стандардите на професорите во МКД се на толку ниско ниво. Има уште неколку сајотови слични на ова ама овој е најдобар
 
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБУКИ ЗА НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
Не знаеш како да се однесуваш на интервју?
Не знаеш кој е вистинскиот одговор на прашањата на итервју?
Не знаеш зошто не ве повикуваат на интервју?

Дојдете и ќе ви покажеме и научиме како да се справите со овие прашалници.

Подетални информации и пријавување на 070 341 699 и 075 266 920 или на startalkbiser@yahoo.com до пополнување на местата.

Пријавување до петок (31.01.2014)
Тренингот ќе биде во просториите на СТАРТАЛК зад ТЦ Бисер.
ТЕРМИНИ:

*САБОТА ОД 12:00 ДО 15:00 ЧАСОТ
*НЕДЕЛА ОД 18:00 ДО 21:00 ЧАСОТ

Цената изнесува: 300 денари
Секој учесник ќе добие сертификат за успешно завршена обука, која ќе му послужи во професионалната кариера.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom