Need for speed - World

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Се работи за новатa верзија на NFS наречена World.

Уште едно продолжение кое нема да ве остави рамнодушни.

World - Името е добиено од фактот што се работи за online игра на која има играчи од целиот свет.
Ова е официјалната страна на играта.
Овде можете да регистрирате акаунт, со кој ќе се логирате во играта.
А можете бесплатно да ја симнете од тука

Графиката е повеќе од солидна, не бара јака конфигурација.

Еве како изгледа:

 
Бета верзија на NFS World??? Ја ко што знам има веќе 5-6 месеца од како е излезена. Да не си грешка нешто?
 
Да, грешка е. NFS World Official. Длабоко се извинувам. :)
 
Ја има некој играно играва?
Да каже искуства и инфо од прва рака? :)
 
Јас ја имам, и ќе ти кажам дека ако си љубител на NFS верзиите, нема да згрешиш со оваа.
Едино е маана тоа што мораш да играш со една кола до 12 level. (1 level = 2 саати играње)
 
Почекајте уште малце, излага Need For Speed Hot Pursuit 2010. Нешто како продолжение на Hot Pursuit 2.
 
Ја има некој играно играва?
Да каже искуства и инфо од прва рака? :)

Грда е и глупава.Имаш 4-5 патеки за возење и толку.Само се врткаш низ град не е интересна воопшто.
Не дека има малце патеки, со тек на време и со дигање на левели се отвараат нови и нови, меѓутоа досадна е ептен играва, со ништо посебно не може да се пофали, само се тркаш со рандом типци од ширум светот и чат пат те бркаат џандари доколку ги поткачиш дур возиш низ градот и тоа е тоа. Графиката е добра, гејмплејот е исто така ок, меѓутоа нешто недостасува во играва. Некој ќе рече имаш Powerups (стратегиски елементи од играта што ти помагаат да победиш во трка: мамки, забрзувања, штитови итн), што е новитет, меѓутоа според мене освен магнетот, сите други се тотална утка. Нитрото е преслабо и прекратко, што го прави далеку од ефикасно, штитот е речиси бескорисен итн...

Плус како што кажа некој погоре, ќе си заглавиш со првата кола до којзнае кој левел од причина што повеќе ти се исплаќа да го надоградуваш првиот автомобил што си го имал одколку да даваш пари за нов не толку појак од првиот. А и за да стигнеш до оние вистинските машинерии (Ламбовците, Ле Манот, Корветата...) ти требаат недели и недели играње, па сега ти размисли дали ќе ги потрошиш. :)

Така да, заклучок Командос, доколку сакаш да се пробаш онлајн со рандом дечки, спушти ја и види што како, ама ти гарантирам дека после некое време ќе ти стане досадна и монотона играва, и ќе ја баталиш. Меѓутоа како што кажав, ради онлајнот, вреди да се проба.
 
Абе што е работата со серверите ?
Кај сите се паднати ?
гледам кога влегувам да се логирам ми пишува дека серверите се паднати, а на веб страната пишува дека не се. Ај некој што ја има нека провери кај него
благодарам
 
Не се паднати. Пробај да се логираш со друг акаунт (e-mail)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom