Не жалам за ниту една мака што ја видов за слободата на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.264
Поени од реакции
12.565
stojan.jpg


Демирхисарско Слепче, прекрасно село сместено во подножјето на планината Бигла, е местото каде што последните денови од животот ги минува осумдесетгодишниот Стојан Попов - еден од последните живи револуционери, кој половина век минал во прогонство за идеите на ВМРО и за македонската кауза. Како поранешен политички затвореник и човек што преживеал еден атентат од некогашна УДБА, тој ни ја раскажа својата животна приказна и жртвите што ги дал за идеите за ВМРО и за независна Македонија. Стариот човек, кој зборува осум јазици и за време на 50-годишниот егзил работел дури и за владата на Данска, нè пречека во семејната куќа во Слепче со зборовите „не жалам за ниту една мака што ја видов за слободата и за независноста на мојата Македонија“.

Неговото досие водено од службите на УДБА и на КОС е на повеќе од 500 страници хартија. Семејството успеало да го земе од МВР, но имињата на кодошите се затемнети и не може да се прочитаат.

Голготите на Попов почнале далечната 1947 година, кога тогашната комунистичка власт го осудила на 3 години робија заради јавно застапување на идеите за ВМРО. Лежел во скопскиот затвор „Идризово“, заедно со Методија Андонов - Ченто, со Борислав Градишки, Бруно Котев и уште многумина македонски борци за идеите на ВМРО.

- Беа тоа мрачни времиња. Таму поминав 3 години. Лежев заедно со Ченто и со уште многумина млади Македонци осудени за идете за ВМРО и Македонија. Но, и таму, во занданите на „Идризово“ ние дишевме само за ВМРО и за Македонија. Шушкавме везден за тоа по ќошиња и по сопчиња оти ако не чуеја чуварите или кодошите, потоа брутално бевме тепани и ставани во самици - се присетува Попов.

Методија Андонов-Ченто во затворот го вагал лебот кога им се давал оброк на затворениците.

- Тој го мереше лебот на вага и еднакво им го делеше на луѓето - се насмевнува Попов.

По излегувањето од затвор во 1950 година Попов заминува за Белград каде остварил контакти со американската амбасада која му помогнала да избега од тогашна Југославија. И покрај тоа што постојано бил следен од агентурите на УДБА, тој успеал во 1950 година да пребегне во Италија.

- Таму поминав повеќе години од мојот живот. Бев во постојан контакт со американското воено аташе во оваа држава. Во тие години постојано се обидувавме да формираме Централен комитет на ВМРО во тогашна комунистичка Македонија. Американците ни помагаа. Сакавме да кренеме револуција во Македонија и да ја отцепиме од тогашна Југославија. Во 1951 година тој обид беше попречен со ликвидацијата на петмина студенти од Струмица со кои заеднички работевме на таа идеја - раскажува Попов.

Револуционерот преживеал и еден атентат.

- Во Данска службите од УДБА ми се доближија преку мој другар од затворот, Бруно Котев. Преку него кај мене дојде млад човек кој требаше да отседне кај мене. Се претстави како доктор од Скопје. Ми стави отров во храната и во пијалакот. Не знам како преживеав. Се сеќавам само на ужасните болки во стомакот и потоа на болничката постела - се присетува тој.

Средбите со бугарофилот Ванчо Михајлов

Стојан Попов неколкупати се сретнал и со Ванчо Михајлов, еден од најголемите ликвидатори на борците за македонската кауза. Се среќавале во Рим по барање на Михајлов, чија цел била од Попов да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО.

- Првпат со Ванчо Михајлов се сретнав 1961 година во Рим. Контактот беше воспоставен преку Санде Перов од Берово. Тој дојде кај мене и ми вели, многу големи луѓе сакаат да се сретнат со тебе. А јас му велам, а кои се тие големи луѓе? Ќе видиш, ми вели тој. Ми ја кажа кафеаната каде што беше закажана средбата. Влегов и седнав на маса. За кратко време влезе човек кој рече дека се вика Асен Аврамов. Се поздрави со мене и ми рече да почекам малку. По десетина минути во кафеаната влезе тој - Ванчо Михајлов - раскажува Стојан Попов.

По меѓусебно запознавање и по краток разговор дошло до жестока расправа меѓу Михајлов и Попов.

- Без срам, онака дрско одеднаш ме праша, а што си ти Македонец или Бугарин? Му велам, јас сум чистокрвен Македонец. А тој на мене со повишен тон и со гневен глас ми вели, е па не си Македонец туку Бугарин. Македонците не постојат, тие се измислица на комунизмот! Збеснав. Тропнав на маса и станав. И му велам, слушај. Јас не сум ниту комунист ниту Бугарин, а сепак ти кажувам дека сум Македонец!...И така. Со него се сретнав уште неколкупати. Се обиде од мене да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО. Тој е најголемиот ликвидатор на македонските револуционери. Од негова рака настрадаа дејци како Јане Сандански, Петар Чауле, Тодор Паница и многу други - раскажува Попов.

Враќањето во родната Македонија

Стојан Попов по цели 44 години егзил првпат стапнува во Македонија во 1994 година. Во неговото Слепче му приредуваат голем пречек на кој присуствувале неколку илјади луѓе, а во селото дошол почест да му оддаде и Љубчо Георгиевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО - ДПМНЕ.

- Чувството по пола век да стапнеш на тлото на земјата што ти е најголемата љубов и на која си и го посветил целиот живот е неописливо. Душата ми беше полна со радост. Ме дочекаа со зурли, тапани и со развиорени бајраци. Си помислив, сега можам да умрам. Да умрам среќен во слободна и независна Македонија - со солзи на очите зборува Попов.

Тој по враќањето влегол во конфликт со Љубчо Георгиевски, на кого отворено му замерил што името на најсветата македонска револуционерна организација го злоупотребил за име на политичка партија.

- ВМРО е најсветото македонско име. Кога тој дојде кај мене, јас го прашав зошто тоа име го дале на политичка партија кога таа нема никаква поврзаност со борбата што ја водеше ВМРО. Ми рече дека не знаел и дека тоа било идеја на Драган Богдановски. Иронично му се насмеав во лице - раскажува Попов.

Тој и 15 години по враќањето во татковината ја носи истата мисла - сега можам да умрам, да умрам среќен во слободна и независна Македонија.

Нова Македонија
 
Е многу се гордеам дека Стојан ми е дедо :)
 
Е многу се гордеам дека Стојан ми е дедо :)
Нормално е да се гордееш дека си во роднинска врска со овој ГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦ!!!
 
А зошто темата е овде? Дај тие неверниците на „Политика и Вести“ нека ја видат. :vozbud:

Инаку поздрав за Македонецот, не е лесно и со УДБА и со Бугари да си имаш работа. :salut:
 
Средбите со бугарофилот Ванчо Михајлов

Стојан Попов неколкупати се сретнал и со Ванчо Михајлов, еден од најголемите ликвидатори на борците за македонската кауза. Се среќавале во Рим по барање на Михајлов, чија цел била од Попов да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО.

- Првпат со Ванчо Михајлов се сретнав 1961 година во Рим. Контактот беше воспоставен преку Санде Перов од Берово. Тој дојде кај мене и ми вели, многу големи луѓе сакаат да се сретнат со тебе. А јас му велам, а кои се тие големи луѓе? Ќе видиш, ми вели тој. Ми ја кажа кафеаната каде што беше закажана средбата. Влегов и седнав на маса. За кратко време влезе човек кој рече дека се вика Асен Аврамов. Се поздрави со мене и ми рече да почекам малку. По десетина минути во кафеаната влезе тој - Ванчо Михајлов - раскажува Стојан Попов.

По меѓусебно запознавање и по краток разговор дошло до жестока расправа меѓу Михајлов и Попов.

- Без срам, онака дрско одеднаш ме праша, а што си ти Македонец или Бугарин? Му велам, јас сум чистокрвен Македонец. А тој на мене со повишен тон и со гневен глас ми вели, е па не си Македонец туку Бугарин. Македонците не постојат, тие се измислица на комунизмот! Збеснав. Тропнав на маса и станав. И му велам, слушај. Јас не сум ниту комунист ниту Бугарин, а сепак ти кажувам дека сум Македонец!...И така. Со него се сретнав уште неколкупати. Се обиде од мене да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО. Тој е најголемиот ликвидатор на македонските револуционери. Од негова рака настрадаа дејци како Јане Сандански, Петар Чауле, Тодор Паница и многу други - раскажува Попов.



А што се тогаш денешниве од вмро дпмне?

И Тодор Александров, а подоцна и Ванчо Михајлов, секогаш се декларирале дека не се Македонци, дека Македонците се Блгари, дека не постои македонски јази, туку дека тој е дијалект на бугарскиот. Точно е тоа дека се бореле за автономна и обединета Македонија - ама таа да биде во прегратките на Блгарија.
 
Зотакис, немој да ја насочуваш во таа насока темава, давајќи и политичка конотација..Човекот лежел во затвори за Македонија за ти да одиш да си го сунчаш грбот на Халкидики и уште ти најде да кажуваш кој е кој :nerv::nerv:.

Темава е да се оддаде почит на Дедо Стојан Попов а не за ВМРО ДПМНЕ...ВМРО ДПМНЕ колку сакаш плукај го, ама на друга тема...

А зошто темата е овде? Дај тие неверниците на „Политика и Вести“ нека ја видат. :vozbud:

Инаку поздрав за Македонецот, не е лесно и со УДБА и со Бугари да си имаш работа. :salut:

А уште повеќе со одродени Македонци...
 
Средбите со бугарофилот Ванчо Михајлов

По меѓусебно запознавање и по краток разговор дошло до жестока расправа меѓу Михајлов и Попов.

- Без срам, онака дрско одеднаш ме праша, а што си ти Македонец или Бугарин? Му велам, јас сум чистокрвен Македонец. А тој на мене со повишен тон и со гневен глас ми вели, е па не си Македонец туку Бугарин. Македонците не постојат, тие се измислица на комунизмот! Збеснав. Тропнав на маса и станав. И му велам, слушај. Јас не сум ниту комунист ниту Бугарин, а сепак ти кажувам дека сум Македонец!...И така. Со него се сретнав уште неколкупати. Се обиде од мене да ги дознае имињата на членовите на Централниот комитет на ВМРО. Тој е најголемиот ликвидатор на македонските револуционери. Од негова рака настрадаа дејци како Јане Сандански, Петар Чауле, Тодор Паница и многу други - раскажува Попов.

Браво дедо Стојане!! Ме одушеви човеков!!

А бе ви викам јас дека сме требале да го ликвидираме тоа татарско ѓубре веднаш по војната, а не сега политичка партија со неговото име да се прави.
 
Тој по враќањето влегол во конфликт со Љубчо Георгиевски, на кого отворено му замерил што името на најсветата македонска револуционерна организација го злоупотребил за име на политичка партија.

- ВМРО е најсветото македонско име. Кога тој дојде кај мене, јас го прашав зошто тоа име го дале на политичка партија кога таа нема никаква поврзаност со борбата што ја водеше ВМРО. Ми рече дека не знаел и дека тоа било идеја на Драган Богдановски. Иронично му се насмеав во лице - раскажува Попов
Nema sto da se dodade za poltronite na gruevski.
Covekot bil golem makedonec i vistinski vmrovec sto ne se prodadel za nekolku ministri i koli.
 
А зошто темата е овде? Дај тие неверниците на „Политика и Вести“ нека ја видат. :vozbud:

Инаку поздрав за Македонецот, не е лесно и со УДБА и со Бугари да си имаш работа. :salut:
Затоа што таму има премногу шупаци како Зоте кои ќе ја упропастат (да не речам усерат) темата без да знаат зошто го прават тоа. Некои едноставно не ги земаат препишаните лекарства на време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom