Не сум јас

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дали ви се има случено да направите некоја акција за која подоцна се имате прашувано зошто го имате сторено тоа. Мене да, сигурно и на други луѓе. Потоа одење со автопилот до дома, под ова се подразбира со телото да си оди човек до дома, а со мислите да е на Хаваите, и оп се разбудува дома е :). Па следи коментари од типот оти не се поздрави вчера важен се правиш, па одговор не те видов, како не ме виде пред мене поминав :). Или сакате да и пријдете на некоја личност па вежбате во умот што да речите, за да на крајот кога вистински го правите тоа да завршите во голема збунка и рассеаност на вниманието :).
Значи можи да се пишува со вистински примери, јас моите ќе ги напишам подоцна затоа што сега ќе отварам уште две теми и се брзам сакам да тркнам до теретана.
Овие феномени не се нешта за кои човек треба да се срами, и случувајќи му се на човек не значи дека има проблем на ментален план, туку се нормално човечко однесување.
 
Постојана појава кај мене. Може човек да помине пред мене, ама ако сум замаен и занесен, може да не го изрегистрирам.

Многу често ова се користи: ако некој сака да ја истера својата работа, нема ни да гледа дека некој друг нешто му прета пред него и му вели нешто трето... Првиот ќе гледа само насочено напред и никаде на страна. Ако некој мисли дека таквите „се прават важни“, тие всушност имаат мисија на ум и само на неа се фокусирани.

Ако човек сака да им го привлече вниманието, ќе треба некако да ги извади од таа фокусираност. Најчесто тоа се прави со маркетинг, т.е. средства за привлекување внимание (како гласни и дречливи реклами, ќотек, секс, итн.)
 
Се сеќавам на колку погрешни девојки сум им приоѓал, цел збунет, дткав, но сепак храбар, заљубен, занесен, којзнае како сум изгледал од страна, баш ми е гајле што сум испаѓал кловн и што ми се смееле, битно сум се борел за она што во тој момент сум го сакал, туку како да си простам што воопшто не и пријдов на онаа на која требаше?! :toe:
 
Ако човек сака да им го привлече вниманието, ќе треба некако да ги извади од таа фокусираност. Најчесто тоа се прави со маркетинг, т.е. средства за привлекување внимание (како гласни и дречливи реклами, ќотек, секс, итн.)
Ќотек и тоа со летва :).
Тоа со автопилотот се случува најчесто ако човек поминува некоја иста дестинација скоро секоја ден. Пример од дома до училиште, од училиште до дома, од дома до работа, од работа до дома. дестинацијата човек можи да ја користи за одмор од си го пушта умот на пасење, па тера вози не гледа, зомби. Ова посебно е опасно ако човек управува со моторно возило или со некоја тешка машинерија на работа, па така да во недостаток од внимание можи да се случат тешки несреќи, и се случуваат такви несреќи.
 
мене нон-стоп......ама тоа се должи на мојата глупост од основно,имено одбивав да носам наочари и сега -2,5:(:(

а ми викат ејјј важен се правиш..ма дааајј,ниска работа е човек шо го познаваш да го одминеш ама ете:toe:
воглавно поради ова на моменти мислат дека се правам важен


а инаку ми се случува нон-стоп додека се движам да сум на друго место....само хаваите не...туку јапонија:)
 
Темата е од секојдневниот живот(а и по репликите,така е сфатена),со тоа и е преместена во подрачје за таков тип на животни феномени. :)

Инаку,го делам проблемот со RAYTHEON.
Диоптер -x,и се случувало да многумина ми замерат дека продавам помпезност.Оправдувањата дека се работи за не-толку-благ степен на слепило веќе влегоа во дневен ритуал на разговор со некој кој ме видел и не му бил возвратен поздравот.
А,сега и се замислив дека можеби некој дошол до заклучок дека сум отиден со памет во Џибути.Тоа би било алармантно по идниот професионален живот.
"Не оди кај тој бе,адвокат се прави,пред да заврши шеташе по улица како да е турист на земјава."
 
Јас секогаш така се исклучувам, што дури страв ме фаќа...У последно време пример пешки идам накај дома од дружба во парк...А сум во Ново Лисиче...Јас таман сум тргнал, стигнав...Абе ништо од патот не памтам...Или ако ми се поклопат патиштата, како на пример накај италијански или накај школо, може да ги смешам...Јас треба да идам на италијански, нозеве у школо идат...
 
исто и ја.. турам слушалки и буквално трипам.. не перцепирам ништо околу мене... со глаата негде у швицарска со нозете механички накај дома.. многу пати кола ке ме изгазело така.. додуша еднаш и ме удри .. бел мерцедес.. ептен јак филинг :)..
 
Значи, милион пати. Јас сум (особено во последно време) МНОГУ расеана и особено кога одам сама по улица и на отворен простор, ставам слушалки на уши и слушам музика и си размислувам, правам филмови во главата и башка обично гледам во земја и многу често се случува да не приметувам никој околу себе. Се случило најдобри другарки да си ги утнам да не ги видам. И многу луѓе со кои имам навистина супер комуникација, не сум ги приметила, ме викале - не сум ги чула ради слушалките во уши и после кога ќе ми кажат: еј а бе зашто не се поздрави поминав поред тебе, мене многу глупаво ми паѓа затоа што не сакам да мисли некој дека јас не сакам да се поздравам.

Едноставно сум расеана, најчесто замислена и lost in space. Никад не било намерно избегнување.
 
Тоа ли е темата? Се излупав. :) Толку сум расеан да не памтам ни имиња па ни лица на познати луѓе. На крајот на краиштата, познати или не, сите се само луѓе ко луѓе. :)
 
Ќе тргнам накај Бисер, а сум стигнала на автобуска и си чекам бус за у школо:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom