... ако немаш миленце врз телевизор.
... ако не ги користиш пижамите како крпа за бришење прашина.
... ако ги познаваш сите роднини на сопствената свадба.
... ако судијата не ти е крив кога игра македонската репрезентација.
... ако недела дена после Нова година не јадеш сарма.
... ако не оставаш упалена сијалица во ходник, кога никој нема дома, за некој да не влезе.
... ако не носиш торба со себе во Тинекс, оти ги наплаќаат ќесите.
... ако домаш немаш ќесе полно со ќесиња.
... ако елката за Нова година ја китиш и од позади.
... ако во кутија за сладолед не чуваш пиперки.