Да, и јас имам забележано дека многу често луѓето викаат дека не се замараат... Некои од нив не ги познавам многу добро, па не би можела да кажам колку навистина не се замараат. Но ако не се, значи дека се многу површни штом можат за битни работи што им се дешаваат, едноставно да не мислат на нив... Мене кога ми се случуваат работи, некогаш и небитни, скоро секогаш размислувам за нив, ги анализирам, се обидувам подобро да ги сфатам ситуациите, од туѓи аспекти да гледам на нив, ако има некој проблем како да го решам, го разгледувам од сите страни и се обидувам да продуцирам што е можно повеќе решенија за да го извлечам најдоброто од ситуацијата... Не се замарам можам да кажам единствено кога се работи за ситуација во која јас ништо не можам да променам во моментот ако размислувам за тоа. Кога се е јасно, и нема што да се направи. И тогаш се обидувам да не мислам на тоа, ако знам дека не можам да го променам тогаш, туку знам кога ќе треба да направам нешто, едноставно да го направам, и тоа е тоа.