(Не)постоењето на свест за морална одговорност

  • Креатор на темата Креатор на темата Брчков
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 октомври 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
Морав да отварам тема за една многу непријатна ситуација на која бев случаен сведок и се одвиваше на автобуската постојка пред мојата зграда.

Ова се случи пред неполн час. Случајно отидов до балкон и што да видам, на автобуската пред зграда лежи човек, а околу него 10-15 возрасни лица, работници што чекаат автобус. Сите тие само немо го посматраа човекот кој не знам што мака имаше и колку време лежел неподвижен на бетонот! Искрено во тој момент се збунив и веројатно згрешив што не се симнав веднаш да видам што се случува. За среќа во тој момент помина еден младич(овој е херојот во приказната), кој застана и му помогна на човекот, го потпра за дрвото покрај кое тој лежеше и повика амбулантно возило кое дојде по некое време и го однесе човекот(очигледно беше сериозен проблемот). И мене прашањето ми е, што е со свеста на тие луге што само го гледаа човекот. Сфаќам, им се брзаше да стигнат дома на топло, ама немаше да им смени многу ако само повикаа брза помош. Па јас колку што знам во најмала рака секој граганин има законска обврска да му помогне на друг во невоља? Дали и на некој друг му се случило да се најде во ваква ситуација, дали општо народов е таков(јас мислам да, секоја чест на поединци кои ги има)?
 
Мислам дека (ама не сум сигурен) ако човекот почине а до него имало некоја личност што не му прижила било каква помош, како во овој случај, набљудувале (а во автобус тоа пензионерите се тепаат за да седнат) таа личност може да одговара за кривично дело, не пружање на помош или нешто слично гласи обвинението.
Така да ако седи некој ладно а до него некој умира, овој ладниов може да лежи затвор неколку години.
 
Можеби не знаеле што да прават.
Не сум сигурен дека 50-55 годишни луѓе, работници од локалната фабрика што чекаат автобус да си одат дома не знаеле што да прават ;) што прават со своите животи тогаш..
 
Овие наши граѓани одамна го изгубија моралот и сите етички кодекси,секоја чест на исклучоци како дечкото.
 
морал и свест се три различни работи
 
Се чудеа на тоа видеото со кинеското девојче, а кај нас бетер е ситуацијата.
 
Искрено не ни сакам да верувам дека се случило такво нешто. Неколку пати се имам соочено со слични ситуации и секогаш имало луѓе кој давале прва помош. Не сме ние таков народ да гледаш дека на некој му е лошо, а ти да си заминеш. Да не имало нешто друго што претходело на ситуацијата?
 
Можеби не знаеле што да прават.

Како може возрасни личности да не знаат што прават,рачунај секој кој полагал за било какво моторно возило полага исто и прва помош.

Кај нас навистина порано имало морал но тешката транзиција(феудална) предизвика стрес и сега наместо граѓани имаме потресени селаци(овци) кои имаат притисок и се хранат со алкохол.
 
Очигледно нешто фали во приказнава.

Искрено не ни сакам да верувам дека се случило такво нешто. Неколку пати се имам соочено со слични ситуации и секогаш имало луѓе кој давале прва помош. Не сме ние таков народ да гледаш дека на некој му е лошо, а ти да си заминеш. Да не имало нешто друго што претходело на ситуацијата?
Што и да се случувало претходно можеле да викнат полиција и таа да си среди, човекот беше во лоша состојба, не можеше да стане, едвај го кренаа и го внесоа во брзата помош. Иначе местово каде се случи ова е многу фрекфентно.
 
Па добро не ме изненадува тоа одамна се случува но сепак имало некој да помогне и ќе има надежта и Мелита од АБ канал последни умираат:)

Тоа со Мелита се мисли на кучињата.
 
Јас мислам дека тука станува збор за психологијата кај човекот. Имам гледано една емисија со која сфатив зошто некогаш луѓето не помагаат во вакви случаи... Значи дали би се случило вакво нешто ако првиот што го видел како лежи му помогне? Станува збор за свеста, ние гледаме што се случува околу нас и кога сфатиме дека никој не се „осмелува“ да му помогне на тој човекот и ние по некоја инерција го правиме истото.
За жал најголемата мана кај повеќето луѓе е „Зошто баш јас?“!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom