Морав да отварам тема за една многу непријатна ситуација на која бев случаен сведок и се одвиваше на автобуската постојка пред мојата зграда.
Ова се случи пред неполн час. Случајно отидов до балкон и што да видам, на автобуската пред зграда лежи човек, а околу него 10-15 возрасни лица, работници што чекаат автобус. Сите тие само немо го посматраа човекот кој не знам што мака имаше и колку време лежел неподвижен на бетонот! Искрено во тој момент се збунив и веројатно згрешив што не се симнав веднаш да видам што се случува. За среќа во тој момент помина еден младич(овој е херојот во приказната), кој застана и му помогна на човекот, го потпра за дрвото покрај кое тој лежеше и повика амбулантно возило кое дојде по некое време и го однесе човекот(очигледно беше сериозен проблемот). И мене прашањето ми е, што е со свеста на тие луге што само го гледаа човекот. Сфаќам, им се брзаше да стигнат дома на топло, ама немаше да им смени многу ако само повикаа брза помош. Па јас колку што знам во најмала рака секој граганин има законска обврска да му помогне на друг во невоља? Дали и на некој друг му се случило да се најде во ваква ситуација, дали општо народов е таков(јас мислам да, секоја чест на поединци кои ги има)?