Неприфаќање од страна на родителите
Не видов ваква тема, ако има знаете кај да ја сместите оваа.
Во врска сте со човек кој ви се чини совршен за вас.
По многу пропали безделничари/ки, тој/таа се чини како да е вистинскиот/та.
Се грижи за вас, конечно најдовте некој кој има време за вас, ви се посветува себе и своето внимание во целост. Совршенство за вас, однадвор и одвнатре.
Стекнувате меѓусебна доверба, искреност, буквално ви се симнати ѕвездите, постоите само вие и тој/таа.
Поминува некое време, врската навлегува во степен на поголема сериозност и посветеност. Часот отчукува за запознавање со родителите и поблиското семејство (не зборам за венчавка, туку општо, запознавање кое е последица на врска во добар развој).
Го најавувате дома, планираното се одвива. Тој/таа се запознава со вашите родители. По заминувањето ги очекувате коментарите од првите впечатоци.
Веднаш или по неколку посети дознавате дека всушност родителите гледаат поинаку отколку вие. Не го прифаќаат вашиот партнер поради одредена причина. Ве `тешат` дека сте млади и заслепени, бараат да ги разберете, но вие не гледате со што заслуживте таков коментар.
Веднаш се јавуваат оние :
Типични `Ќе те затрудни поради парите`, `Тој е џаболебар`,
патетични : `Преубав/а си за него/неа`,`Премногу е низок/висок/слаб/дебел за тебе`, па дури и оние
болните `Не сте еден за друг, не си личите заедно` или пак, `Никогаш нема да го прифатам` и слично.
Сте искусиле ли вакво нешто? Го критикувале ли некогаш погрешно вашиот партнер? Кој е вашиот став за таквото мислење на родителите?
Дали се застарени, со старомодни сфаќања или навистина гледаат појасно отколку лично самите ние?
Зошто не оставаат да го запознаат одбраниот партнер подобро, па да донесат заклучно изјаснување?
Сепак тие ни го посакуваат најдоброто.