Без разговор и обостран труд тешко дека нешто ќе се смени. Голема е веројатноста дека дечкото воопшто и не насетува дека нешто не е во ред. Доколку тој ужива во сексот, најверојатно е сигурен дека и тебе ти е убаво. И ќе продолжи да мисли така додека ти не му кажеш што се случува.
Бидејќи врската ви е премногу свежа за да навлегуваш во детали, и за да не го навредиш/повредиш, можеш да почнеш така што ќе му кажеш дека ти е многу убаво со него и дека сакаш да бидете интимни, но дека си во период во кој сексуалната желба ти е многу намалена. Битно е да потенцираш дека не мислиш дека проблемот е во него, за да не изгледа како да го напаѓаш и да не почувствува потреба да се брани. Можеш (а и не мораш) да спомнеш дека вакво нешто ти се случило и порано, НО во никој случај не ја прави споредбата со бившиот партнер во стилот:
или
Со самото тоа што ќе знае дека постои проблем, тој ќе настојува истиот да се реши (пошто како што велиш, не е од оној тип на „фраери“ кои мислат само на сопственото уживање). Многу е веројатно дека ќе почне повеќе да се труди за време на сексот, ќе пробува различни начини да те возбуди и да те задоволи. Исто така многу е веројатно дека со некој од тие начини ќе успее во тоа.
Велиш дека првите два односи биле океј. Сега не знам кое е за тебе значењето на океј, ама доколку си уживала во тоа, и уште повеќе, доколку успеал да те донесе до оргазам, значи дека не станува збор за некомпатибилност на партнерите или нивните полови органи, како што предочија некои членови. Според мене, најверојатно се работи за фактот дека (речиси) секогаш, во првите односи со нов партнер се вложува најмногу труд. Секако, треба да се остави впечаток, да се постави некаков си стандард. Но, за жал во голем број на случаи, партнерите со тек на време забораваат и дека истиот тој стандард треба да се одржува. И кога зборувам за трудот кој се вложува при првиот однос, не мислам само на машкиот партнер. Секако дека првиот пат и ти си се потрудила добро да се покажеш (пошто нели, не копнеат само машките да бидат the best sex of her life), но не треба да очекуваш партнерот да ја врши целата работа . И ти како рамноправен партнер во тој однос треба истовремено и да даваш и да добиваш. Со самото тоа што ќе види дека се трудиш да го задоволиш, и тој ќе добие поголема желба да ти возврати.
Сепак, ти најдобро знаеш каква ви е врската и колку отворена можеш да бидеш. Битното е дека за да се подобри ситуацијата, колку и да е непријатно, МОРА да се разговара. А ти самата размисли и одбери го најдобриот начин.