Нè брка полиција од парк, што со тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата pomarandza
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија без закон за дискриминација

Собрание на Република Македонија

17.07.2009
Зорана Гаџовска
Бројни случаи на дискриминација во Македонија, некои од нив и документирани. Закон за дискриминација сеуште нема. Надлежните велат, сакаат да внесат што повеќе европски норми во предлог законот
Шефот и вели на нововработената млада и кавлификувана девојка, - сега се омажи но ако сакаш да ја задржиш работата не смееш да забремениш во наредните три години. Момчево не смее да влезе во ова кафиле затоа што е хомосексуалец. Вие сте роми не смеете да се
quote_1v2.gif
Ние сме во тек со членовите на ЕК, и со членовите на поткомитетот. Информирани се за работите околу содржината на законот, значи нема никаков проблем. Проблемот е што ние сакаме да инкорпорираме што повеќе одредби и законот ќе биде донесен од страна на владата
quote_2v2.gif

бањате во овој базен, ќе ни ја загадите водата. Ова, велат активистите за човекови права, се само дел од примери за дискриминација на луѓе. На македонските граѓани им е потребна заштита од дискриминација со закон, велат тие. Донесувањето на законот за заштита од дискриминација е еден од условите за влез во Европската Унија. Овој закон повеќе од една година се подготвува:

„Ние сме во тек со членовите на ЕК, и со членовите на поткомитетот. Информирани се за работите околу содржината на законот, значи нема никаков проблем. Проблемот е што ние сакаме да инкорпорираме што повеќе одредби и законот ќе биде донесен од страна на владата,“

вели Државниот советник за еднаквио можности, Елена Гроздановска

Експертите по право и човекови права сметаат дека предлог законот што е сеуште во изработка е лош и штетен за граѓаните.Дупката во законот ја лоцираат во нејасно дефинираните видови на дискриминација, Според Законот дискриминирани луѓе можат да бидат само во јавната администрација.

„Што значи, дека не обезбедува заштита од дискриминација надвор од државни органи. Тоа е посебен проблем, затоа што имавме неколку документирани случаи на хомофобија во кафе барови,“

вели Славчо Димитров од невладината масоо

Правните експертите препорачуваат да се дефинирааат видовите на дискриминација, да се избегнат можностите на фирмите и луѓето да го злоупотребат. Професорот Љубомир Фрчковски вели дека со ваков предлог закон и државата ќе може да го злоупотребува.

Овој закон треба да биде донесен до затворањето на европскиот извештај нза напредок на Македонија. Од министетството за труд и социјалана политика највуваат уште една јавна дебата за содржнините на законот и негово конечно усвојување на крајот на Септември.

Во контекст на ова, приведувањето на дечкото од претходната колумна е ДИСКРИМИНАЦИЈА. Таква слична прават и според облеката, демек ако си црн си наџанкан. За односот им, не праам муабет...
 
Еднаш некој паметен човек ми рече. Малолетните немаат право на протести. Зад нив треба да има некој. Овде ние малолетните сме сами. Протестите ќе бидат џабе а богами и не гледам некој аргумент освен цените на пијачките во кафичите.
Е сега, ако веќе се протестира, не треба да биде тоа за рацијата во парк, туку како што можам да видам за нешто друго што на сите ви смета и за кое и јас се согласувам. Треба да се протестира за несоодветниот однос на полицајците кон граѓаните.
Но ајде, ќе спомнам само дека јас потполно се согласувам со ада освен во делот во кој се спомнува барање права. Драга ада, дали во декларацијата за човекови права стои: Секој (малолетен) човек има право да се пијанчи на тревни површини после 12 часот по полноќ?
Не, не стои. Што значи дека нема ни што да биде прекршено. Овде, поради непрофесионалноста на полицајците се прекршува друго човеково право (поради кое би имале основа наводните протести) , а тоа е правото на слободно движење.
 
Бравос! Типично Македонска работа на супер интелегентен начин и многу едноставно со примена на репресија да се справува со малолетничките девијантни поведенија.
Па да го ебам кој ќе се замара подлабински, поквалитетно, подетално да ги истражува етиолошките фактори кој се последица на ваквите негативни опшествени појави, кога се можеме да решиме со примена на сила, казнување и интимидација.
Малце ми е чудна логиката па зашо западните поразвиени земји секогаш репресијата и казнувањето го применуваат како последна санкција кога другите превентивни мерки потфрлаат, зашо и они на најпаметниот начин не ги решат работите дирекно со примена на СИЛА?!?

На крај краева од две зло нека биде помалото.Они водат деструктивен живот со дргата и алхохолот се уништуваат, па шо ги ебам дај болје ние ќе ги поебеме не за друго бар ќе имаме ќар он нив некој динар.
Родителите се виновни а? Ма како да не.Општеството е виновно ? Друштвото е виновно а?................ но тука се забораат и многу други причини за кој нас не ни е ама баш ич гајле. Родителите пополнуваат само еден дел од кругот кој кога ќе се пополни води кон ваквите малолетни поведенија, и сите останати етиолошки фактори во кој малолетната популација може лесно да се вовлече, треба да се анализираат како една целна за које е потребно да се креира превентивнa програма која ќе делува врз сите овие фактори за нивно поефикасно сузбивање, а не да правиме поделби кој е виновникот и се да решаваме со сила и казнување.

И на овој начин стигаме кон мизерните фрустрирани цајкани, кој своите фрустрации за нивен беден живот ги лечат врз младинава и тоа на доста ефикасен начин, со бруталност и иитимидација.

Што е најапсурдно тука што со ова ништо конкретно нема да се постигне, можеби повеќе нема паркот да биде украсен со шишиња и повраќања толку масовно, ама секогаш постои друго место и поинаков начин и поголема желба...., па зарем тоа што е забрането нее послатко, да го надоврзам и бунтовниот дух на малолетната популација и нивната дирекна омразеност кон општествените норми и репресијата, што добиваме?!? Типичен Контраефект. Само кој да се засекира дека баш оваа младина во парк е тоа што не очекува утре односно тие се иднината на ова општество, какви навики стекнуваат денес, тоа и ќе го применуваат во иднина. Ако продолжиме на ваков супер интелегентен начин да ги решаваме проблемиве со младинава и ги третираме како КРИМИНАЛЦИ! Што мислите има иднина за нашево општество да се принајде во овој збор?
 
Кај мене во населба има уште полош случај! Има еден парк со игралиште, клупи, нишалки и такви ствари и е заграден. Пред некоја вечер кога седевме со друштво внатре, човекот што живееше од спротива дојде со негов катанец и синџир и не заклучи внатре! Знали буквално не заклучи!! Зошто?? Зошто сме му галамеле под прозор! Човекот не е овластен да го заклучува паркот, а го вади обрачот од таблата за играње баскет зошто син му (кој е 5 одд) не го пуштиле да игра во екипа (што е нормално бидејќи таму играат огромни луѓе како горили). Како шлаг на целата ситуација почна да ни се дере дека тој го градел паркот (а нема врска) и дека од утре нема да смееме да влеземе во него! Како и да е, откако тргнавме да јавиме во полиција зошто не заклучил, виде не виде, не отклучи...
 
Добро бе луѓе кога ќе сватите дека, со притисок никад нема да се одучат младите и од седење у парк до сабајле и од алкохол и од сите работи, кои во принцип не се пожелни и здрави да ги прави млад човек.

Точно е дека не чини млад чоек да биде секој ден пијан у парк, ама сте му понудиле нешто друго? Има што да прави? има Алтернатива?

Кај нас секогаш се гледаат само последиците и се казнуваат, а никој не сака да размисли зошто е тоа така, и да креира генерална политика, која тоа ќе го промени, на мудар и разумен начин, а не со примена на сила.
Ама што очекувам од неписмени луѓе кои имаат моќ. За нив природно е да ја контролираш работата со сила, а не со размумна политика.

Прво: никој нема да седи у парк до 4 сабајле и да се пијанчи, ако сабајле има нешто попаменто да прави. Тоа што не им нудите на младите што да прават, тоа е сосема друг проблем......
Второ: Ако има кеш, сигурно нема да седи у парк на трева. Значи треба да се потрудите, да можат млади луѓе да си дозволат (да платат) место каде ќе можат да се опуштат....
Трето: Која друга форма на дружење ја има пружено државата на младите, освен самите да се собираат и да прават работи на своја иницијатива у парк?

Тоа што у Македонија има закони, што никој не ги почитува, тоа е само доказ за катастрофа политика. Кај нас единствената мерка за спроведување на Закон е СИЛА... За жал никаде тоа не е така, и со таков начин нема да се успее да се спроведе ни еден закон, туку само ќе се создаде обратниот ефект - револт.... ( а тоа и се случува кај нас редовно )
Ако сакаш да натераш некој да не прави нешто, не треба да му наредиш да не го прави, туку треба да му објасниш и самиот да стане свесен тека тоа не е за него добро...... Не заборавјте дека она што човекот го движи напред е љубопотството, па затоа не може со едноставни забрани да се креира младинска политика... Ама на кој луѓе што ги греат државните фотељи ќе им го објасниш тоа....
браво!!! самите места и начините што ги најдовме и измислевме за дружење и ТИЕ НИ ГИ ОСПОРУВААТ!!!КАЈ не НУДАТ ништо па и ТОА ШТО ГО СОЗДАДОВМЕ самите ,НИ ГО ОДЗЕМААТ!!!
сега ни е најдобра шанса да се покажеме како младина,пред се како културна,а не како што не плукаат и опишуваат весниците и самата полиција,најдобро е да се направи музички хепенинг како одговор на НЕЧОВЕЧКОТО однесување на полицијата(па дури и за законите кои ги донесоа)....ИМАМ ПРАВО САМ ДА ИЗБЕРАМ КАДЕ ДА СЕДАМ,може да се повикаат мк беднови и диџеии-метал,рок,панк,ска,реге,рап,техно,транс итн и да биде од 12 до 05,,
па луѓе бре така почна еден ЕХIT,кој стана еден од најдборите фестивали во Европа(не викам и ние тоа дека ќе го направиме,но поентата е да се види ДЕКА СЕПАК ПОСТОИ МЛАДИНАТА-од која зависи иднината на нашата држава):helou:
 
hacgor напиша:
Прво: никој нема да седи у парк до 4 сабајле и да се пијанчи, ако сабајле има нешто попаменто да прави. Тоа што не им нудите на младите што да прават, тоа е сосема друг проблем......
Второ: Ако има кеш, сигурно нема да седи у парк на трева. Значи треба да се потрудите, да можат млади луѓе да си дозволат (да платат) место каде ќе можат да се опуштат....
Трето: Која друга форма на дружење ја има пружено државата на младите, освен самите да се собираат и да прават работи на своја иницијатива у парк?

Токму заради ова ја напаѓам владата и велам “куќа градат од кров“. Ако сака да го реши тој проблем навистина, ќе си го испоти гзот државата, и ќе скрати од нивните лакоми џепчиња и гладни стомачиња за да обезбеди развој на економија, развој на сите области во државата, па тогаш од полиција нема ни да има потреба.

Сите деца имаат афинитет за нешто. Ако имаат можност да го спроведат тоа на дело, оние кои афинитет им е деликвенција... ќе ги решаваме со полиција.
Ама и онака констатиравме дека се работи за money raising fund also called operation Summer break. :)
 
Да прашам нешто......Значи седам со друштво у парк и сите се 18+ само 5-6 души сме под 18.Они се пијанчат а ние сме со нив....Ако дојде полиција ќе ми направи нешто т.е. да ме однесе во станица и да доаѓаат родителите да ме зимаат и сл.
 
Не ама може да ти опнат казна за конзумирање алкохол на јавно место :toe: според мене ова е донекаде оправдано но само за малолетниве...знам дека не ви се допаѓа но сите параметри со алкохол,цигари и дрога се поразителни....замислете 20 проценти од пушачите почнале да пушат на 10 години :tapp: па тоа ни во Заир го нема
 
А дали некој нам малолетниците ни овозможил некаква занимација за во слободно време, можност и повисок стандард за да не сме такви какви што сме? Младината расте во правецот на кој ја наведува општеството. Така било, е и ќе биде и на запад и секаде. И како што преќу ноќ не се гради куќа, не се гради ни држава, а не се ни преуредува. Особено кога сакаш да му ставиш катанци на балкански народ со ист таков менталитет. Неможеш да си мангуп и да си над сите во 2 милиона држава која ради своето минато и мачно опстојување е поделена на комунисти, домаќинќи, селани, лудаци, алкохоличари и наркомани. Тука е секој на секого. Иплус.. Со грав и пиперки не се прај фудбалер. А и да.. Со публика - деликвенти што еден по еден се качуваат на власт. Така да и Скопје нема никад да биде Њујорк какви закони и да донесат и колку и да се трудат. Луѓето се други и начинот на живот е друг. Ако сакаш да го промениш градов или државата почни од асфалтот одкако ќе го испразниш истиот простор, а народот учи го на ново кога законите ќе си ги знае кога ќе се вселува. Некој работи ќе ни останат во крв и во традиција - ако некогаш им запалат глупите закони и не баш превентивни мерки за нивно исполнување Македонија веќе нема да има Македонци. Рацијата помина не е проб до рацијата.. Проб е што сакаат да изградат нешто ново и да променат еден народ што опстојал векови но по толку години со сила не бива убавина.
 
За повисок стандард си во право :smir: но занимација незам што да ти најдам :toe: дали пиење алкохол или пушење цигари се занимација :toe:...тешко ќе идат одвиките од ова но тоа е...еве од 1 јануари нема да има место кај ќе се пуши па ќе видиме колку сме робови на навиките и тоа што викаш балканското во нас :helou:
 
A што треба државата да земе кловнови на плоштад за да ги забавува малолетниците???

Треба повисок стандард воопшто и за млади и за стари тоа точно.
Ама треба и сам да си најдеш занимација. Државата не може од дома да те земе и да ти вика ете ти girlll ќе тренираш од денес кошарка. Еве ти баскет!
Никаде тоа го нема. Ти сама треба да посакаш и да потрудиш.

Ама ете има во центар отворено кино (ама сите сепак одат во парк да пијат не да гледаат филм) или имаше проект Слушни музика, види слика добиј книга проект (дали некој од малолетните беше на тоа? Нормално дека не. Сите вечерта си отишле во парк да се пијанчат ма каква книга), има проекти Агенција за млади и спорт колку толку се трудат и да не беше некој на плоштад пред месец дена кога се промовираа спортови и се потикнуваа младите да спортуваат???

Еден малолетник пред се сам треба да посака да биде дел од некој спорт, да биде дел од невладина организација, да помага некаде ... само треба да посака ги има доволно во Македонија такви организации. И во училиштата се презентираат дел од нив, ама кај нас никој не оди на такви активности. Сите бркаат врски за потписи само.

Значи до менталитетот е, ама ако некој сака да се смени ќе се смени. Ако некој сака да спортува ќе спортува. Ако некој сака да црта ќе црта. Ако некој сака да пие во парк а е малолетник ќе пие, и ќе обвинува државата што не му помогнала.

Не дека државата е цвеќе за мирисање. Ама и луѓето се виновни самите.
 
Да, да сака некој да спортува ќе спортува НО.. Дали и за спорт ни се пружени добри прилики? Со оглед на тоа што од едната страна цела фамилија кај мене професионално се бави со кошарка и јас имам 6 години тренирано. Зашто не тренирам више и повеќе сакам пиење во парк? Знаете какви се условите за тренирање овде и знаете какви се релациите во тие спортски кругови? Или можда зошто некој влага во прва петорка а некој не и зошто рецимо Вигор се секогаш најдобри. Се е ебано џабе колку и да покажуваат пред народот дека се трудат да го направат спортот дел од секојдневието на младиот човек уствари тоа не е уопште така.. Мислам ако се види од поблиску како и во се остало и во спортот кај нас - Се се врти околу пари. Тоа е проблемот и тоа е тоа што без разлика што и да прават да не оформат како народ што би бил достоен да се мери со оние на светско ниво ние неможеме да станеме преку ноќ нешто што не сме. А инаку во сите закони кај нас има дупки и тоа големи дупки и пропусти кои ќе направат се освен менување на балканското во нас. Неможеш ти да промениш некој народ кога со начинот на кој ја реализираш таа промена пробудуваш револт и го тераш народот да си ја побара таа своја демократија која ја има само на хартија.
 
Значи нема пари за баскет дај пиво работава :pos: секој спорт е тежок и треба докажувања,сум ги поминал тие трнливи патишта знам како е со тие неправди ама ти го јачаат карактерот,сепак млади сте уште отсега да се откажувате од нешто што го сакате :smir:
 
Абе знаеш несакам да сум во прва петорка ако не заслужувам ниту да не сум а заслужувам. Мислам како што може се во државава да функционира така тогаш и ние малолетниците можеме да си функционираме со пиво у парк - бар ги оставаме на раат да крадат. Или така не им ги оставаме нив парите а другите извори полека им ги секнува нивната голема Европа?
 
Абе знаеш несакам да сум во прва петорка ако не заслужувам ниту да не сум а заслужувам.
Ха, girlll не сум за ова со пивово и малолетнициве, сепак сте малолетници. :helou:

Ама она другото-спортските клубови-ова е доста голем проблем во спортот кај нас. Во клубовите има бааги такви работи за жал. Остај, горлив проблем кој тешко брзо да се реши, а носи негативни последици за оние поталентираните кои во безилез од разни причини се откажуваат од профи или полупрофи спортувањето... да не одам во друга тема, ова ти е многу точна констатација за состојбата. Ама јбг, Мачедонија :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom