Нè брка полиција од парк, што со тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата pomarandza
  • Време на започнување Време на започнување
За да споредиш две земји, треба да имаш заеднички карактеристики во поглед на политичко уредување. Ти текнуе? Е, овде нема никакви. Ние сме демократско, тие се комунистичко општество.За да ги споредуваш Македонија со Иран, треба да си подготвен на апсолутистичка власт и диктаторски режим, што ќе вклучува и не-коментирање на форум, затоа што може да ти го скинат вратчето. Е јас пошто сум малку пофутуристички настроена, не толерирам таква работа.Твојата споредба е нешто слично на:,,Си биле две деца, едното се викало Марко, а другото имало зелени патики". Во Иран, немаат право на бунт и револт, ние имаме.
Доста си се фатила за тој Иран, што ако имаат такво политичко уредување, ти ја кажав мојата поента на претходниот пост. И не ме терај да вадам разни закони од западноевропските земји, па да видиш какви се пак нивните казни за вакви работи. Кај нив сигурно нема пијанчење и шкртање по споменици во строг центар на Мадрид, Париз, Минхен....
Епа гледаш? Биди среќна и тоа што го имаат новинарите и останатите луѓе во Македонија, затоа што некој ова го нема...
 
Муабетов ич вода не ти држи. Сите пијат и пушат трева у парк. И металци и скинери и панкери и емовци и рокери и фејк металци и фејк панкер и фејк емовци и фејк рокери. И што ти мислиш дека во парк ги приведуваат тие што не седат како ЛУЃе?

Ако сите пијат и пушат трева у парк, кој остана да седи нормално како човек? Само на темава многу луѓе кажавте дека пиете или сте пиеле таму. Кажавте и дека сакате да одите таму за да пиете, да се дрогирате и незнам кој друг к**. Од уста не го вадите, па не можам да запамтам за што се` го споменавте.:)

Па, златни мали деца, зошто воопшто одите со алкохол и дрога на едно место наречено Парк? Не можете да го замислите за некоја друга рекреација или навистина сте толку паднати без трошка живот во вас, па мора така да се крените малку?
Ми текнува на една пролет пред неколку години како често одев таму со друштво и фризбито под рака. Не можевме да се наситиме од играње, па тоа го правевме дури и за викенди, кога можеше да излезиме или и тука да пиеме. Тоа беше некој добар период, бидејќи се` на што се сеќавам се разиграните друштва, поединци на точаци или ролерки, парови на трева и слични најнормални слики за едно такво место. Мило ми е што го паметам Паркот како таков и ќе се потрудам да не си створам нова слика од ова што го читам тука.
Од муабетов логично е нели дека ја поддржувам полицијата која се труди да воведе ред, иако не сум и за тоа да се изживуваат на сите присутни поради некоја грешка или лично нивно задоволство. Знаеме дека секаде постојат такви непрофесионални полицајци, па подобро грешките да се нивни, отколку навистина паркот да врие од пијаници и наркомани.
И уште не можам да ја сфатам потребата од пијанчење на отворено. Покрај тоа што пијам два пати годишно, не можам да се замислам истото да не го правам со разиграно и весело друштво во некој кафич или дискотека. Во парк бе ... :nesvest::)
 
Парк е место отворено, створено за дружења и забава. Во градот али не пречи на никого. А за ѓубрето е смешно. Затоа има комуналци за да чистат. Некој ке фрли шише од вино али утредента ке помине мајка со дете и ке фрли шише сок. Тоа е до културата а не до кој како излага.
Па вас никој не ве тера да не се дружите таму и забавувате, проблемот е во тоа што се пијанчете, а и дрогирате таму (значи не сите) и во пијана состојба правете глупости, шкртате каде ќе ви текне, ја уништувате средината, кршите споменици, канти...
Комуналците имаат функција да го земат ѓубрето во канта и да го носат во Дрисла, а не да ви го собираат вашето ѓубре фрлено по тревата и патот поради вашата некултура. Значи, ти ќе си го фрлиш ѓубрето каде ќе ти текне, па ако дојдат комуналци, нека го земат, а?:tapp:
Ќе фрли мајката сок по пат или на трева, ама и она ќе биде казнета....
 
Полна со луѓе кои седат саат време максимум и шмркаат едно макијато. На сопствениците им треба популација која троши пари за цела вечер а тоа го нема. Си имаат ритуал некои првин да идат до кафич па после во парк да окапаат. Тоа им пречи. Парк е место отворено, створено за дружења и забава. Во градот али не пречи на никого. А за ѓубрето е смешно. Затоа има комуналци за да чистат. Некој ке фрли шише од вино али утредента ке помине мајка со дете и ке фрли шише сок. Тоа е до културата а не до кој како излага.

Гладиус колку и да се пробува да се дистанцира од аголот на економија и слично пак не може да се побие фактот дека има голем број на луѓе што седат во парк зашто не им се даваат пари во скапи локали и сакаат на раат да си прават муабет.
Муабетов е греота. Ајде ако не по базениве или на плажите ние ќе се давиме меѓу себе. Има спасувачи да спасуваат, така да не е битно што некој може да се повреди.
Океј е да се спомне фактот дека можеби (а не е поради тоа) се оди во парк затоа што цените се астрономски по кафулињата. Но не да се прават споредби на комплетна економија на поедини држави.
За мене, било, е и секогаш ќе биде грев паркот да биде така уништуван.
 
Епа да сте паметни и покултурни, немаше да се пијанчете и да правете глупости во парк и полицијата немаше да ве казнува, закон си е закон.
А као вие се собирате во парк поради незадоволството од тешкиот македонски живот??:pos2::pos2:
А што ви направија на вас вчера, ви дојдоа со Хермерини, тенкови, ви вперуваа калаши во глава за да си одите???
Ти сигурно не си бил во Иран, за вакви работи таму нема прекршочни пријави и такви работи, таму веднаш се ставаат таквите во затвор. За таквите размазани деца само Иран му е мајката.
Англичаните ќе седнат по кафичите и таму ќе пијат пиво и ќе се забавуваат. Сигурно нема да седат во парк, да се пијанчат, да фрлаат отпадоци каде што ќе им текне, а знаеш зошто? Затоа што доаѓаат од друга земја и нема да им биде свеедно ако фрлат некој отпадок во парк како вас. Сигурно и ти кога ќе отидеш во друга земја ќе се плашиш да не направиш некоја грешка, па после да идеш по полиции и да плаќаш дебели казни.
Ако не ти се допаѓа паркот како локација , не присуствувај.А инаку , сите сме паметни и културни.Изгледа ги замислуваш сите кои доаѓаат во парк како група зависници кои немаат попаметна работа.Жалам , но грешиш!!!

Pravis so toa sto imas 16 godini (vlakna pod miski use nemas) ....i pies alkohol.....e toa problemot .....
i nie koj sto sakame da uzivame vo parkot .....imame horoor filmovi .....namesto da se relaksirame ,morame vas da ve slusame ....i policija da gledame zaradi vas ....
JASNO....!!!
Тотално точно.Ние треба да трпиме се и сешто заради неизживеана младост.Мама и тато дале 200 денари и ајде вино ќе пијат.Апсурдно.Убаво е законот да се забрани алкохол на малолетници , а не да бидат казнувани и полнолетните кои не се глупраат како малите и недозреаните.

И со вас и без вас, кафулињата се повторно полни. Тоа е факт.
Па тогаш зашто ви боде очи самиот факт што го сакаме повеќе паркот , каде нема шмизли кои треба да ги слушам како не и чинат шишките , каде си купила штикли ... Неможам да ги поднесам тие разговори.
Во парк ги нема, затоа е најрелаксирано место.Соочете се со тој факт!!!
 
Малку ви е. Сиот тој хипички шљам треба експресно од парк во рудник или на поле да се пренесе, да жалите и вртите муабет за егзистенцијализам и неправди после.
Полош џган од тој собран во парк нема.
 
Малку ви е. Сиот тој хипички шљам треба експресно од парк во рудник или на поле да се пренесе, да жалите и вртите муабет за егзистенцијализам и неправди после.
Полош џган од тој собран во парк нема.

Себе не се сметам за таква особено затоа што се сложувам со Дијаманте.Паркот е убаво место , луѓето се дружат.Да се истреби онаа младина која е алкохолизирана и да си останат нормалните луѓе кои сакаат да си поминат релаксирана вечер таму , ќе биде прекрасно.
А хипичкиот „шљам“ се најмирољубиви.Не пијат и не пушат трева.
Доколку не си запознаен , не се дава алкохол на малолетниците.
Значи ни трева.Тоа е поврзано.
Но , да се забрани само седење во парк , а некој прави најобичен муабет , или си со некого (пар) тоа е веќе апсурдно и тешка глупост од страна на полицијата.
 
Па вас никој не ве тера да не се дружите таму и забавувате, проблемот е во тоа што се пијанчете, а и дрогирате таму (значи не сите) и во пијана состојба правете глупости, шкртате каде ќе ви текне, ја уништувате средината, кршите споменици, канти...

Ќе фрли мајката сок по пат или на трева, ама и она ќе биде казнета....

Казнета али не превентивно однесена во станица или пак избркана од парк. Стереотип владее во полицијата. Па и кај вас што не идете во парк. Наркомани, пијаници my ass. Да ме видиш мене и моето друштво ке помислиш дека сме од библиотека излезени па и така се однесуваме во парк. А тоа со кршење на работите околу паркот се средуваат по дејствувањето а не превентивно зашто смешно е мене да ме уапсат полицијаци со кола зашто сум можел да поминам на црвено (а не сум пијан исто како што ги апсеа и некои во парк)

Муабетов е греота. Ајде ако не по базениве или на плажите ние ќе се давиме меѓу себе. Има спасувачи да спасуваат, така да не е битно што некој може да се повреди.
Океј е да се спомне фактот дека можеби (а не е поради тоа) се оди во парк затоа што цените се астрономски по кафулињата. Но не да се прават споредби на комплетна економија на поедини држави.
За мене, било, е и секогаш ќе биде грев паркот да биде така уништуван.

Паркот е направен за сите и сите си имаат поинаков поглед кон него. Треба да се чува али главна треба да биде совеста која ке го решава тоа а не превентивно тепање од полиција зашто тоа само дава одбивност а не навика на почитување на законите зашто ако еднаш наебеш а не си згрешил нема причина зашто повеќе да не кршиш закони.
 
Ако не ти се допаѓа паркот како локација , не присуствувај.А инаку , сите сме паметни и културни.Изгледа ги замислуваш сите кои доаѓаат во парк како група зависници кои немаат попаметна работа.Жалам , но грешиш!!!

Па тогаш зашто ви боде очи самиот факт што го сакаме повеќе паркот , каде нема шмизли кои треба да ги слушам како не и чинат шишките , каде си купила штикли ... Неможам да ги поднесам тие разговори.
Во парк ги нема, затоа е најрелаксирано место.Соочете се со тој факт!!!
Да бевте паметни и културни немаше да кршите канти и да шкртате споменици.:tapp:

И аман, по кој пат ќе кажам дека никој не ви брани вие да седите во парк после полноќ, но да не се пијанчете, а камоли да се дрогирате. Земете барем едно шише пиво, колку да ви дојде на душата и правете си муабет и смејте се.
Полицајците сигурно нема да го казнат тој што има Кока-Кола во рака, туку оној кој што има алкохол и дрога кај него и што го ремети јавниот ред и мир.
Тоа е едно од најголемите дувла на наркомани и пијаници во Скопје за летото и тогаш има зголемена опасност за уништување на паркот и други работи на кои не му доликуваат на едно такво место, каде што се шетаат луѓе од 7 до 77 години...
 
Себе не се сметам за таква особено затоа што се сложувам со Дијаманте.Паркот е убаво место , луѓето се дружат.Да се истреби онаа младина која е алкохолизирана и да си останат нормалните луѓе кои сакаат да си поминат релаксирана вечер таму , ќе биде прекрасно.
А хипичкиот „шљам“ се најмирољубиви.Не пијат и не пушат трева.
Доколку не си запознаен , не се дава алкохол на малолетниците.
Значи ни трева.Тоа е поврзано.
Но , да се забрани само седење во парк , а некој прави најобичен муабет , или си со некого (пар) тоа е веќе апсурдно и тешка глупост од страна на полицијата.

Мислам дека има закон, а ако нема да се донесе, после 21.00 часот да е забрането движење на луѓе низ паркот.
Законот со алкохолот е дека никој не смее на отворен простор да консумира алкохол, т.е. никој не смее да конзумира алкохол на места кои не се предвидени за тоа. Независно дали е малолетен или полнолетен.
А хипиците се најлошиот дел од секое општество и за истите никој работлив човек нема милост.
 
Причина? Овој евентуален закон е поприкладен за просторот позади Македонската телевизија.:pipi:
 
Причина? Овој евентуален закон е поприкладен за просторот позади Македонската телевизија.:pipi:

Па да се почне од некаде и за некоја година да има декларативна забрана за движење во ниедно време насекаде. Нешто како што е низ цела Европа по нивните главни градови Едноставно да се промени менталитетот за доцни излегувања. Повеќе да се дружат луѓето преку ден, а вечерите да бидат за одмарање.
 
Причина? Овој евентуален закон е поприкладен за просторот позади Македонската телевизија.:pipi:

Стварно е смешно тоа. Тоа преку ден сум глеал како се кршат корпи во парк и се фрла ѓубре а нема полиција никаде. Како демек после 9 само се крши. Смешно.
 
Да бевте паметни и културни немаше да кршите канти и да шкртате споменици.:tapp:

И аман, по кој пат ќе кажам дека никој не ви брани вие да седите во парк после полноќ, но да не се пијанчете, а камоли да се дрогирате. Земете барем едно шише пиво, колку да ви дојде на душата и правете си муабет и смејте се.
Полицајците сигурно нема да го казнат тој што има Кока-Кола во рака, туку оној кој што има алкохол и дрога кај него и што го ремети јавниот ред и мир.
Тоа е едно од најголемите дувла на наркомани и пијаници во Скопје за летото и тогаш има зголемена опасност за уништување на паркот и други работи на кои не му доликуваат на едно такво место, каде што се шетаат луѓе од 7 до 77 години...
Зборувај во еднина , јас не шкртам по туѓ труд.
Вчера да бевте ќе се смеевте како јас.Сите седеа и го гледаа Борат.
Никој немаше на сепарињата.Гледаа како мали деца филм и ЌУТЕА.
Глас не им се слушаше.А наркоманите треба да се затвораат , и јас сум за тоа.Не сакам да ги гледам нивните речиси мртви лица низ парк.

Мислам дека има закон, а ако нема да се донесе, после 21.00 часот да е забрането движење на луѓе низ паркот.
Законот со алкохолот е дека никој не смее на отворен простор да консумира алкохол, т.е. никој не смее да конзумира алкохол на места кои не се предвидени за тоа. Независно дали е малолетен или полнолетен.
А хипиците се најлошиот дел од секое општество и за истите никој работлив човек нема милост.
После полноќ.Тотална глупост.И што ако седам со дечкото во парк после полноќ?Треба да ме собере полиција , а ние едноставно седиме и гледаме во небо?! Ај те молам.
Истото што ти го мислиш за хипиците , јас го мислам за раперите.И што сега треба да ги избркам од парк , само затоа што не ги поднесуваме? Не баш ... Сепак ова ми изгледа на тешка глупост.
Нека забранат алкохол , дување , нека ги затвораат и казнуваат оние кои го прават тоа , но нас кои на правиме ништо , едноставно нека не остават да уживаме во тој прекрасен парк , особено затоа што сега е реновиран и никогаш поубав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom