http://www.maksportnet.com/
НБА драфт
Како по обичај, најпознатата арена на светот, Медисон Сквер Гарден ги угости најталентираните кошаркари од целиот свет. Вечерта најубаво ќе ја памети Австралијанецот Ендрју Богут кого Милвоки го избраа како прв пик. Драфтот во голема мера се одвиваше како што и предвидуваа аналитичарите, така да не беше некое изненадување и кога Атланта како втор пик го избра Марвин Вилијамс од Северна Каролина. За напомена е дека годинава работите се вратија во нормала и не владееше голем интерес за играчи кои доаѓаат од средно школо, ниту пак за оние кои не биле дел од НЦАА лигата. Така, единствени Европјани избрани во првата рунда оваа година беа Шпанецот Фран Васкез (11 пик на Орландо), Французите Јохан Петро (25 пик на Сиетл) и Јан Махинми (28 пик на Сан Антонио), и Литванецот Линас Клеижа (27 пик во Портланд).
1. Ендрју Богут, центар, 215 см. Милвоки се одлучи да оди на сигурно и да го избере Богут кој веднаш ќе влета во првата петорка и кого многумина го споредуваат со Владе Дивац и Арвидас Сабонис.
2. Марвин Вилијамс, ниско крило, 206 см. Атланта кои се очајни во потрагата по плејмејкер, неможеа да си дозволат да го пропуштат можеби најголемиот талент на овој драфт. Од Вилијамс се очекуваат големи работи во НБА.
3. Дерон Вилијамс, плејмејкер, 191 см. Јута толку многу го посакуваше Дерон, поради што одлучи да се трампа со Портланд на кои за возврат им ги даде 6-тиот и 27-от пик. Сега останува на Вилијамс да покаже дали е спремен да стане наследник на Џон Стоктон.
4. Крис Пол, плејмејкер, 184 см. Њу Орлеанс сметаат дека екстра брзиот Пол ќе ги натера нивните навивачи да го заборават Бајрон Дејвис. Според многумина, Пол е многу подобар плејмејкер од Дерон Вилијамс.
5. Рејмонд Фелтон, плејмејкер, 181 см. Шарлот исто така се решија за плејмејкер, трет по ред на драфтот и втор член на шампионскиот тим на С. Каролина. Фелтон би требал да го одмара Бревин Најт и одлиќно да се снајде во младиот тим на Бобкетс.
6. Мартел Вебстер, бек/крило, 203 см. Со пикот кој го добија од Јута, Портланд го избра средношколецот Вебстер кого многумина го споредуваат со екс НБА играчот Дејл Елис.
7. Чарли Вилануева, високо крило, 209 см. Прво изненадување, бидејќи иако Чарли е талентиран тој игра на истата позиција со веќе првата ѕвезда на Торонто, Крис Бош.
8. Кенинг Фрај, центар, 211 см. Цели 17 години по изборот на Патрик Јуинг, Никси повторно бираат центар. Во Њу Јорк ќе бидат пресреќни ако Фрај барем малку заигра како легендата.
9. Ајк Диогу, високо крило, 211 см. Голден Стејт изненадувачки го избраа Диогу, но сепак разбирлив избор ако се земе во предвид дека Воините лани беа еден од најлошите скокачки тимови во НБА.
10. Ендрју Бајнам, центар, 213 см. За чудо Фил Џексон и Мич Хупчак од Лејкерси се одлучија за средношколец и го рипнаа Шон Меј од С. Каролина. На Бајнам му се предвидува солидна кариера, но најпрво ќе треба напорно да работи на својата физичка спремност.