1. Мајами никогаш немаше некоја којзнае каква одбрана. Јаки беа заради нападот кој им беше најдобар во лигата.
2. Кливленд дека ќе има проблеми во одбраната се очекуваше. Ама нападот има потенцијал да биде еден од најдобрите во историјата. Е затоа сите се попалија по екипата. И неочекуваните проблеми се во нападот, одбраната е во рамки на очекувањата.
Премногу круто ја сфаќаш дефиницијата за плеј. Леброн играл со Вејд. Како што ти кажав и погоре, Ирвинг и Вејд не се суштински многу различни играчи (им треба топката за да бидат ефективни и како прва опција одат на влез, а како втора на скок шут). Ирвинг ја има предноста што е многу многу подобар шутер од Вејд и со тоа полесно ќе може да се вклопи со Леброн. Кога го имаш Леброн во тим секако ефективно Леброн во добар дел од натпреварот ќе има улога слична на плејмејкер. И со Вејд додека се уиграа им требаше време, ама се уиграа некако. Заборавивте колку беше хаос Мајами првата година, особено првите 20-30 натпревари.
Проблемот со Ирвинг и Вејтерс сега е што се научени да бидат себични и да трошат непотребно многу топки. Ако не сфатат дека мора малку да ја изменат својата улога (како што на пример, Вејд, Бош и еден куп други со текот на времето научија во Мајами), тогаш ќе летаат во трејд (за Вејтерс и онака е прашање само на време). Вината не е во тоа што Леброн не играл со такви играчи туку што овие уште не знаат што значи победничка кошарка туку знаат само да солираат засега.
Едноставно е. Треба време, ќе се средат.