Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 30.444
- Поени од реакции
- 40.942
Сосема точно, но сепак го занемаруваш фактот дека ѕвездите се тие кои ги носат титулите. Кој тим освоил титула без ѕвезди, освен тој на Детроит од пред десетина години? А и тоа беше една титула, најмногу затоа што беа неверојатно добар мечап со ЛА и предебелиот Шек (кој по тој пораз беше разменет во Мајами, ослаби 20 кила и освои уште една титула -доказ дека ѕвездите носат титулиВо принцип тоа не е мана само за ЛАЛ туку генерално за цела НБА како целина. Доколку убаво се погледнат статистичките категории на еден натпревар убаво се гледа дека најголемите ѕвезди во тимовите ви принцип го имаат и најслабиот шут од поле гледано процентуално. Затоа често се случува тимовите да ги губат натпреварите само поради тој факт.
).Сите играчи имаат свои агенди. За некој е тоа набивање на статистиките заради потпишување подобар следен договор. Други како Коби, имаат желба за слава и рушење на рекорди.
Едно од побарувањата за победнички тим е тренер кој може да ги заузди егоата на ѕвездите. Сите се до различен степен разгалени, ама за поголемиот дел од нив титулите сепак се најважниот статистички податок.
Има одредени измени, или барем така изгледа. Во врска со тоа што болдирав, и од тоа што до сега гледам, најголема разлика прави кој и како иницира контакт.Е сега и еден момент кој го забележувам во последно време во НБА. При влез на противникот во рекет и при директен контакт со одбранбениот играч судиите не судат ништо. За истиот чин во европа напаѓачот добива лична во напад без да им терпне на судиите. Знам дека имаат свои некои "правила" на игра но кога ги гледам изгледаат смешно. Плус судат технички грешки и за најмал комнентар од играчите према нив.
Исто една од разликите во судење што ја приметив е и забраната за употреба на рака за да го поместиш или заградиш директниот чувар. Ако ги гледаше Лејкерси со Денвер на Нене му досудија барем една таква лична која и мене ми изгледаше смешна. Разлика прави ако ја имаш топката во двете раце кога ја правиш ротацијата (и заградувањето на чуварот) како што тоа повеќе пати го правеше Бајнам.
Инако за промената што ја напиша, за несудењето лични секогаш при влез на противникот во рекет и при директен контакт со одбранбениот играч. Главната причина е да се намали глумењето или таканареченото „флопирање„. Ако не знаеш за што зборам погледај ги гифовите доле.

Еве што се дешава кога двајца мајстори за паѓање ќе се сретнат (Раџа Бел и Ману Џинобили). Дупли флоп!
вчера до трета четвртина имаа 11/13 за тројка! 

