NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Леброн може да отиде и во Мајами. Затоа Бош и Вејд потпишаа побрзо од него.

Најпаметно нешто направи Дурант. Потпиша 5 годишен договор со Оклахома за некаде околу 80 милиони. Без телевизии, без јавувања од некаде, и без посебно закажување на едночасовна прес-конференција на национална програма.

Секоја чест Дурант, му покажа како се прави.

--- надополнето ---

P.S
 
Точно е или само шпекулација? Карлос Бузер потпишал 5-годишен договор со Булси вреден 80 милиони.
 
Точно е или само шпекулација? Карлос Бузер потпишал 5-годишен договор со Булси вреден 80 милиони.

До четврток не смеат да се потпишуваат договори !
А за сега сигурен е само Амаре Стадемаер у Њу јорк, и сега овие двајца. За Бузер ништо не сум прочитал!
 
Точно е или само шпекулација? Карлос Бузер потпишал 5-годишен договор со Булси вреден 80 милиони.

Точно е... Официјално втора бомба ... Карлос Бузер е нов член на Чикаго Булс

После овој потпис јас лично сум 70 % сигурен дека утре ЛеБрон ќе каже ... Чикаго

Ако до лани бевме во дилема сега е сигурно дека Истокот ќе биде подобар од Западот
 
Точно е... Официјално втора бомба ... Карлос Бузер е нов член на Чикаго Булс

После овој потпис јас лично сум 70 % сигурен дека утре ЛеБрон ќе каже ... Чикаго

Ако до лани бевме во дилема сега е сигурно дека Истокот ќе биде подобар од Западот
И сега не му останува ништо друго на леброн освен Њу Јорк или Чикаго ако сака да освои некој прстен!!
 
Крис Бош и Двејн Вејд заедно во Мајами - речиси 100% сигурно. Очекувале и Леброн Џејмс да им се приклучел. Ако по некоја случајност се оствари такво нешто (ништо чудно) Мајами ќе ми биде најодвратен тим.
 
Не верувам дека Леброн ќе си иде у Мајами, премногу ризичен потег би било тоа за него а и за Мајами. Дури ни овие тројца не гарантираат титула во НБА. А доколку не би успеале да дојдат до титулата тоа би било рамно на катастрофа, критики еден куп, цела година под енормен притисок. Може да влијае деструктивно на сите тројца.
А и еден аналитичар од НБА рече "Кога би играле сите тројца во еден тим, нема да им се бројат титулите што ги освоиле, туку титулите што НЕ ги освоиле"
А и трета работа, Леброн нема да прифати да иде у тимот на Вејд ;)
 
Што знам баш таков тим му треба на ЛеБрон.Да ја освои првата титула да добие дополнителен стимул.Таков тим гарантира титула.Впрочем кажете ми еден тим што освоил титула а немал двајца или тројца бомба играчи... Отиде ЛеБрон во таквото финале и беше искинат од Сан Антонио.Тој играше во прва петорка со Павловиќ,Хјуз,Гуден и Илгаускас а од другата страна Паркер,Данкан и Џинобили...
Лејкерс ... Коби и Шекил па Коби,Гасол и Бајнам
Детроит ... Билапс ,Хамилтон, Принс
Мајами ... Шек и Вејд
Затоа е толку клучна оваа одлука за ЛеБрон.Ако избере грешен потег како што рече еден форумџија од инзвонреден потенцијал може да излезе од друштвото на Коби и Мајкл и да влезе во друштво на играчи како Картер или Мегреди

Моја огромна желба е Кливленд но очигледно е дека Кливленд неможе да привлече ѕвезда.ЛеБрон долго го убедувал Бош да дојде во Кливленд но на овој не му бил атрактивен за живеење градот и очигледно се реши за Мајами.Стадемаер отиде во Њујорк а Бузер еве во Чикаго... Ако остане во Кливленд ќе има уште една загубена сезона... Кругот се стеснува Кливленд од главен фаворит полека излегува од конкуренција
 
Пред малку на вестите на Алфа слушав околу Леброн дека според извори блиски до ESPN Леброн ке потпишел со Мајами па сега што ке биде ке видиме!
 
вечер ќе има емисија во живо во 3 по наше на ЕСПН и ЛеБрон таму ќе каже каде ќе продолжи..да не има некој стрим случајно за глеање??
 
http://atdhe.net/20441/watch-lebron-james

Оди уште сега програма.Најава за РЕШЕНИЕТО како што го нарекуваат.Се разгледуваат сите опции за ЛеБрон...
Според многумина вакво нешто се нема случено.ВОлку прашина околу едно потпишување.Но тоа е кралот


Амаре Стадемаер
"Дојдов овде (Њујорк) за да играм со ЛеБрон"
Двен Вејд
"Лажам ако речам дека не го сакам ЛеБрон во тимот"
Крис Бош
"Се надевам ЛеБрон ќе ни се придружи"

Пред Медисон има неколку стотина навивачи на Никс кој чекаат прослава...
Се чека ЛеБрон
 
И Чикаго добра опција е за него, посебно после преселбата на Бузер во булси. Во случај да потпиши и Леброн, Чикаго би имале супер тим конкурентен за титула. Мислам дека веќе сигурно Кливленд и Њу Џерси отпаднаа од трката, остануваат Мајами, Њујорк и Чикаго. Не сум во можност да гледам, па пишете ако има нешто интересно ..
 
Фаворит според стучњаците во студиото е Мајами ...


Не би сакал да заврши во Њујорк.И покрај Стадемаер не ми идат како организиран тим покриен на сите позиции...
Јас лично најмногу сакам останување во Кливленд или евентуално Чикаго или Мајами
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom