NBA Аll-StАr 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Сапун
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Останав цела вечер буден, вредеше.
Стварно спектакл, одлично шоу. Малце го тупеа со рекламите али сепак ќе речам пак... вредеше. Прикажувањето на техничките способности на НБА ѕвездите беше едно од поинтересните натпреварувања, сепак мислам дека и самиот Дерон беше свесен дека треба да му даде шанса на Крис Пол, миленикот на публиката да се докаже.

Тројките, не беше нешто посебно. Се гледаше тремата и неконцентрираноста кај натпреварувачите. Единствено делеше Џејсон, рутинирано како и ланска година со мирен шут, со мирна рака влезе во серија и заслужено титулата остана во неговите раце. Потфрли Стојакович иако очекував повеќе од него.

Забивањата, одлични. Бев скептичен поради неинвентивноста на натпреварувачите, но сепак испадна дека не бев во право. Грешев и тоа грешев многу. Според најавите и јутјуб клиповите мислев дека не очекува уште еден досаден натпревар во забивања но тогаш на сцена стапи Хаурд, кој ги освои срцата на љубителите на НБА уште лани. И оваа година како да чувствуваа грижа на совест сите оние кои беа против него па и тоа што не го заслужи го доби. Да не бидам сфатен погрешно, Двајт е мој омилен лик. Во Двајт гледам достоен заменик на Шек, вистински спортист со срце и вистински шоумен. Едно големо браво за креативноста(уште ако успееше да го изведе правилно супермен забивањето, ќе немаше како него). Арогантниот Грин си го доби како што заслужи, стварно претера со тој негов став и со монотоното подпозе-картерможамијастака забивање. За крај, едно големо браво за сите натпреварувачи. НБА олстарот се враќа во препознатливо светло.

NBA where It's a bird, It's a plane... no, it's DW happens. :)
 
јаап. Картер енд ТМек ар риборн.

п.с. криво ми е скилсот шо не го гледав :toe:
 
Браво за Howard. Човекот го врати она за кое што и треба да биде All Star - забава и големо шоу. Не жалам ич што седев до 4.30 да гледам. Рака на срце и Green нешто се обиде со тоа колачот ама ја мислев ќе го гризне дур куца :) Moon имаше потенцијал ама направи грешка што обележа од кај ќе забива. Се на се одлична вечер и да не забораам на крај - Капоно ѕвееер!!
 
Главниов настан нели е вечер у 2 саатот?
Ке го даваат ли тоа на МТВ,или да си ебам матер оти ваму неам кабловска?
 
Море тој синоќа беше поспан на МТВ ама кажа дека ќе даваат па да му веруваме. Плус ја даваа саботната вечер така да мора и вечер да даваат
 
Во Slam Dunk натпреварот ќе се натпреваруваат:

Rudy Gаy (Memphis)

Jаmаrio Moon (Toronto)

Dwight Howаrd (Orlаndo)

и Шампионот од 2007 Gerаld Green (Minnesotа)

ne bev zadovolen od Slam Dunk'ov ovaa godina....Mislev deka ke ima nesto poveke ama se razocarav. No 3 Point Shoot out bese mn interesno.
 
Ах си го читам постот и си се смеам, колку само грешки сум направил. Како дете од второ одделение да го пишувало постот. Јебига. Тоа е последица на две непреспани ноќи, сепак ме радува тоа што сте ме разбрале што сакам да кажам.

Вечер следи уште поголема забава, поубави потези, позвучни имиња и повисоко ниво на адреналин. Пренос ќе има, ама реклами, најави на играчи, химни, паузи, тајмаути, измени... планирајте некаде околу 120-150 минути да трае целиот настан. Типувам дека ќе победи Истокот, па да видиме што ќе се случи.
 
Ајде и овде ќе се контраме со Јове :)
ЈАс сум за Западот. Инаку да ова пред 5 саатот сабајле не завршва :)
 
вчера гледав ама многу ми е криво што не фатив од почеток туку од тројките. браво за капоно. забивањата беа ок, браво за иновативноста. коментаторот - кретен. типувам на ист.
 
ne bev zadovolen od Slam Dunk'ov ovaa godina....Mislev deka ke ima nesto poveke ama se razocarav. No 3 Point Shoot out bese mn interesno.
Седи бе Ѕверски беше слем данкот шо ти е тебе?
пробај да ја изгасиш свеќата како грин па зборуј или скокни како Хауард.
сепак најдобро беше оноа на Хауард кога ја одби топката од табла па ја заби!
 
Па вчера траеше до 5...натпреваров ке иде до 5:30. Официално шоуто ке почне во 2, а натпреварот очекувам во 3.
 
Единствено што ме изнервира беше коментаторот:). Едно време дури и помислив да свртам на друга програма кај што даваја на монголо-казакстански јазик.
Еден негов бисер(при промашувањата на Билапс): - Вечерва и не е негов ден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom