Тука е цел проблем со денешниот систем во НБА. Сакаш да правиш супер тимови, не можи. Прв ејпрн, втор ејпрн или како и да ги викаат, па такси големи итн итн итн.
НО што со ваквите играчи?
Иста е приказната и со Мич од Њујорк шо го дадовме, наше дете, иста сега и со Ватсон и сите други слични.
Ако преплатиш ѕвезда од типот на Мареј, Јокич, Јанис и остали тимот трпи затоа што човек како Ватсон кој си го добил како драфт пик и твојот клуб му е матичен клуб, кога ќе дојде кариерно каде што треба да биди - напреднал човекот, си го развил во играч, си вложил години во него ем мора да го продадеш, ем парите кои ги заслужува ќе ги бара од друга екипа наместо од матичната и на еден вид растураш и тимска хемија и хемија со навивачи.
Таквиот тип на играчи се од навивачите доста почитувани, некој кој од руки до над просек тип на играч се развил пред очите на домашната публика има посебно место кај нив. Мич кога и да дојде да игра во Медисон ќе добие стандинг овејшн, никогаш нема да биде омразен. Истото претходно беше и за Квикли, за Оби Топин итн.
Мора лигата да си најди модус операнди за ваквиот вид на играчи. Да, сосема во ред е да се против финансиско аздисување и правање на супер тимови, но од др страна финансиите кои треба да ги издвоиш за поголем догоовр за некој кој си го драфтувал и израснал во играч не треба да бидат земени во предвид при ваквите ејпрн срања.
Според мене, се губи идентитетот на клубовите така и самите играчи се осеќаат некорисни повеќе. Едноставно како клубот да не ги сака повеќе, а приморани се уствари да ги продадат за да ослободат селери кап и да закрпат каков таков состав.
Истата приказна и со Каминга и со ред други такви играчи.
п.с. на истокот Кливленд и Бостон (особено вторите) паѓаат годинава и неќи нови клинци ќе имаат предност. Мислам дека конечно е сезона кога овој тим на Орландо треба да се види дали има потенцијал или треба скроз од корен да го сменат, а и Атланта направи интересен состав.