Заврши Светското Првенство и сега Брон може повторно да биде во центарот на вниманието и да објави каде ќе игра следната сезона.
Да му ебам тоа принцезата.
Им честитам на навивачите на Лејкерс што конечно им го ослободи клубот од тој голем договор што го имаше и општо од трујачкиот менталитет. Сега можат конечно да се посветат на баскет. Да тимот не е кој знае колку добар, но од друга страна не е ниту значително полош него кога Леброн беше во него. Напредуваат, според мене.
Така да, позитивен чекор во вистинска насока за нивната франшиза.
Башка, не можам да сварам кога некој навивач на лејкерс некаде на нет ќе го прочитам како жали по примадоната. Па во скоро деката донесе само 1 титула... што има да жалиш за него.
Од друга страна, овај човекот тука на видеото зема 5 титули како Лејкер и 200 пати поубав баскет игра од говедото спомнато погоре. Сепак, некој се дрзнува и да не го вброи во муабетот за најдобар лејкер на сите времиња т.е. го ставаат факинг Меџик пред него или пак Карим... Да, со должна почит кон сите огромни имиња кои играле за таа франшиза претходно (а ги имало еден куп), сепак технички најсовршениот играч на сите времиња (и со тоа најкорисен за тимот) бил Коби.
Enjoy the videos and music that you love, upload original content and share it all with friends, family and the world on YouTube.
www.youtube.com
Нит сум бил некогаш негов фан, ниту ми се допаѓало за кој тим игра, но Хаким да ти изјави дека ти како бек шутер имаш подобар футворк на low-post од било кој центар со кој работел (го тренирал) или пак да изјави дека ТИ од сите оние со кои работел со години најдобро и најбрзо си искористил од неговите движења и најдобро си ги имплементирал во игра - навистина значи и тежи нешто, покрај тие 5 титули кои ги имаш во меѓувреме земено.
Друга работа, неповрзана со лејкерси, а тесно поврзана со моите Никси е што Мич мораше да замине од тимот заради тие глупи правила со преплаќање на играчи, ејпрени дрн дрн дрн.
Мич, кој е наше дете, кој остана во клубот толку многу време и кој е значаен дел од титулата. Барем ќе биди платен (не би рекол колку заслужил низ годините затоа што повредите го направија своето инаку статистички уште пострашен би бил), а секако ќе биди и испочитуван кога и да дојде во Медисон, без разлика што веќе нема да е во нашиот дрес.
Мора лигата да најди некој друг модус за ваквите играчи. Си го драфтал, твое дете е и кога треба конечно да си ги земи парите и да го платиш мора да го пуштиш некаде да оди иако си вложил години во негов развој и меѓу другото и тој сака да остани во матичниот си клуб.
Без разлика на ќепот, сепак ваквите играчи кои не се од трејд треба да имаат посебен третман според мене.