NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    42
Не знам зашто некој би го зел кога е на година дена пред истек на договорот плус е многу склон на повреди. Искрено добар играч во два правци, ама по мене не е вреден за некој трејд за пикови, посебно во Сан Антонио кој е во подем.
Знам. И јас имам слично мислење. Излегоа денеска дека би прифатил трејд во овие две екипи за да потпише продолжување. Не верувам дека ќе го земат пошто Клиперс би барале плус некој од Харпер/Кастл а децава се идни лидери на франчизава. Освен Фокс ако не им го турнат па така.
 
Гледам се шпекулира Каваи сакал во Торонто или Спарси.

Што знам што би дале Спарси за него освен пикот од 2029 втора рунда да им го дадат назад на Клипс, и тој на Бостон 2028 прва рунда. Плус Корнет?


Мислам дека во Торонто ќе заврши. Што и не е така лошо.
Автоматски споено мислење:

Спарси зеде одлични пикови во прва рунда. Големи 4 и 5ки. Е сега малце коцка е со Џејден бидејќи имал скинат менискус и веројатно нема да игра првава сезона, ама со Риид имаат топ млад играч. Од втората рунда не ги видов кои ги драфтувале.
Каваи сака да се врати но прашањето е дали Спарси сакаат да го вратат, не верувам.


Џејден има 18 години и да не го мачеше коленото се претпоставува дека би бил топ 10 пик на драфтов, тој е high risk high reward играч и ќе паузира следнава сезона додека да му го средат коленото а за понатаму се планира да игра центар да му помогне на Вемби за да може Вемби да игра 4-ка и да го рашири пархетот.
Другите тројца Тарис Рид, Џакоби Гилеспи и Малик Браун се играчи по 22-23 години кои веќе играле 4 сезони на колеџ и ќе можат веднаш да им помогнат на Сан Антонио од клупата.
На Шампени ќе му понудат нов договор бидејќи заслужи и само ќе треба да потпишат некоја 4-ка слободен играч на mid level exception , се спомнуваат Хачимура или Џон Колинс и Спари ќе пробаат повторно да стигнат до врвот.
 
Хачимура е доста лош во одбрана и на скок. А за нив тоа им и треба. ПЏ Вашингтон им е идеален од Далас
 
Хачимура е доста лош во одбрана и на скок. А за нив тоа им и треба. ПЏ Вашингтон им е идеален од Далас
Вашингтон има активен договор 4 години 90 милиони ќе треба со трејд да го донесат.
Проблемот со скок и одбрана ќе го решат со Тарис Рид и Малик Браун кои беа најдобри дефанзивци на колеџ затоа и нив ги драфтуваа но се слаби шутери.
Само Васел и Шампени ги имаат за шутирање тројки, Хачимура сезонава беше одличен за три и во моментов повеќе им треба таков играч.
 


Останува да се види што ќе биде со Дорт, и ростеров е готов К Вилијамс најверојано на вет минимум или го пуштаат.

Околу драфтот изненаден од овој 16 пик али разбирливо се губат 2 играчи у ротација од клупа, околу Мара не толку шошо кажав дека ми се допаѓа само мора доста да работи на шутот а среќа Оклахома го има Чип Енгланд најдобриот тренер кога се работи за шутеви, штом направија од Дорт солиден шутер ќе направат и од овој.

Се чека летнава лига штета Топич и Сорбер се аут.

Ме интересира дали сеа ќе му понудат договор на Валас или на крај на 2026/27 со чекање само ќе се зголемува цената.

Патем Дурен лани бараше 30м по сезона сеа бара 40+ што ти значи рег сезона кај што ретко кој игра цврста одбрана.
 


Се знае ли што ќе биде со Брон, ќе се пензионира, ќе потпише помал договор со Лејкерс или ќе оти во друг тим?
 
Back
На врв Bottom