NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    38
Хјустон-Лејкерс тек ќе ја даваат во 02.30.
И видов на програма, Фили-Бостон и Оклахома-Феникс утре.
Изгледа толку имаат во пакетот.
 
Дајте некој добар стрим за Денвер - Минесота

Инаку така тоа оди ... знаев дека ќе го бараме Спорт Клуб ама ај ... :)
 
Дајте некој добар стрим за Денвер - Минесота

Инаку така тоа оди ... знаев дека ќе го бараме Спорт Клуб ама ај ... :)
Истото ќе беше и ако постоеше српската верзија на спорт клуб, еве и на хрватската верзија ќе даваат само утакмици што ги нема откупено прајм, прајм се навлезени скроз, можно е и финалната серија да не оде во живо..
 
Amazon prime gi otkupil site prava za NBA, izgleda ni edna televizija nema da ima prenos

Не се само на Амазон, НБЦ/Пеакок, АБЦ и ЕСПН имаат права, е сеа според овој Авдич пред да му дадат отказ од Арена Спорт има кажано дека Амазон не ги нуди или дава нивните права/пошо се претплата затоа не даваат би изгубиле потенцијални клиенти.

АБЦ имаат права на Финалната серија.
 
Кое говедо е Гобер. Се добро што направи, го поништи со оној смешен пас кога сакаше да глуми Јокиќ и потоа играта на обрач.
Мајсторе, те плаќаат тешки милиони да играш одбрана, држи се до тоа.

Како и да е ова ќе биде одлична серија како и што се очекуваше.
Мислам дека Минесота ќе успее да брејкне една.
Денвер следната ако повторно ја започне очајно како оваа, нема да успее да ја сврти повторно, иако годинава има солидна клупа што се виде денес. Баш тоа што им фалеше претходните сезони.
 
Сан Антонио вс Портланд ќе виде јака серија , штета голема што Дем нема да може да помогне.За наредна сезона со негово искуство очекувам Портланд да бидат во топ 5 екипи на западот.
 
Сан Антонио вс Портланд ќе виде јака серија , штета голема што Дем нема да може да помогне.За наредна сезона со негово искуство очекувам Портланд да бидат во топ 5 екипи на западот.
Не верувам дека следниве две сезони Портланд може да направи некаков голем исчекор.
Џереми Гранд, Холидеј и Лилард се веќе ветерани и нивната форма ќе опаѓа.
Високиот пик Скут Хендерсон три сезони во НБА нема напредок.
Авдија и Шарп им се главни ѕверки и се ќе зависи од нивниот развиток.
 
Мари, наместо само да шутира лесни и тешки полудистанци и тројки, зема да влегуе почесто у рекет од вообичаено, па го фаулираа почесто.
Од слободни беше 16/16.
 
Back
На врв Bottom