Не стигнав да пишам заради обврски, честитки на Лала ленд пошто беше овогодишен победник во Фантази лигата.
Вие ваљда се знаете повеќе помеѓу себе (дури и лично), јас играм само 2 сезони (лани и годинава) па нема да ве именувам по име туку по јузери.
Лалаленд беше константен цела сезона и тоа му донесе победа, капа долу.
I dropped the ball последните кола, кога јокич беше повреден со лактот па не го менував и исто не го ставив Ше во тимот, а имав веќе замена за искористување али не секогаш ќе стигнеш на време.
Убавото е што беше мртва трка скоро цела сезона помеѓу лала, мене и лисиче аеродром (тој исто лани беше ептен добар).
Штета шо Наскез од пола сезона натаму го снема инаку ќе се испоколевме четворица наместо тројца, а ко и лани исто Тончи имаше јак фотофиниш и во 2 дел од сезоната направи партали. Интересен лик, одмерен и сигурно и приватно е таков, на крај тоа му носи добар пласман.
Другите фала шо учествувавте во поголем број од лани, но вервам сите заради обврски имавте не толку голем удел секојдневно. Башка оваа година малку потешко беше да се дојди до поени пошто укинаа заменик капетан, укинаа капетан секој ден т.е. имаше само 1 неделно и буквално беше сезоната направи прва постава која ќе е константна додека не искрснат играчи по тимовите кои ќе добијат на минутажа и ќе може да ги користиш како втора постава и замени, да ти влечат поени.
До вгодина ако играте фантази, мислам дека Тончи ми го има емаилот можи да ме додадете, ако најдам луфта ќе ве дружам таму пошто на темава нема да можам.
Во однос на плејофот.
Она Стив Кер да си го јади курот да си го јади.
Клиперси заслужено си тепаа против ГСВ ама покрај промашувањето од под кош на Дрејмод, покрај промашувањата на Џими - тие имаа некои акции во офанзива кои ги исперија и ајде ќе речиш опростено му е.
На тренер со искуство ко Кер, кој да му прости. Се коцкаше на крај, а коцката не секогаш се исплаќа.
Ако сите очекуваат последен шут да земи Стеф и ќе го удвојат, ако очекуваат можеби Џими да биди... дај му на Подиземски или како и да се презива ликот мака ми е такви ликови да ги памтам и воопшто да се трудам да ги памтам презимињата - нека шутира тој.
Наместо него, земаш го ставаш Бади Хилд незагреан да шутира, уште кога го видов тајмаутот и како си ја потрфлаше топката во вис знаев дека преку него ќе одат.
Хилд е шутер и кога ќе му тргне прави партали - ама кога ќе му тргне. Шо значи треба да е во игра и треба да е загреан. Го имаш Подиземски кој одигра добар натпревар за него, не го есапиш, го ставаш Хилд од на клупа да ти решава последен шут.
Шо знам, дискутабилно...
Истовремено Стеф ти е повреден, значи гледаш да му заштедиш на време, не да му накалемиш повреди. Ене го игра со невероватни болки во зглобот, бандажиран палец и тоа на раката шо шутира и пак решава утакмици - тој ги потопи Мемфис, прво Џими прво полувреме после Стеф.
Како и да е им посакувам луда среќа против Хјустон затоа што ќе им треба:
1. Ова не е Хјустон на Харден, млади кучиња се, гладни за успех со супер тренерски состав.
2. Ова не е ГСВ од времето на Стеф и Клеј, млади, шутери, дефанзивци, ѕверки.
Класата секогаш ќе остани класа, Стеф реши натпревар, некни и Клеј за Далас беше херојот ама тренерите треба да се свесни дека друго е да си 37, друго е да си 29-30.
Тоа на страна, вака го гледам плејофот.
Тандар со победникот од Мемфис - Далас серијата можеби би имале „мака“ али до 1 или макс 2 изгубени натпревари, дали и толку.
Денвер со Клиперс, предност му давам на Денвер само и само ради Јокич инаку во овој момент поквалитетен, поуигран и тим со поголема хемија се Клиперси.
Минесота има еден човек шо се вика Џулиус, а се презива Рендал. Доколку по некоја магична случајност се одлучи да шутира за 3 во решавачки моменти од натпревар (тоа го направи пред неполни 10 дена), фала Богу шо не е во Њујорк и шо нема на тој начин да губиме натпревари. Нека си го чуваат, со здравје да си го носат. Ќе ги кошта.
Против Лука и Леброн може само да бираат после колку натпревари ќе отпаднат, едина олеснителна околност е шо Леброн пак ги истегна препоните и може ќе го нема првиот натпревар или и вториот - кој да му знае.
Хјустон со Вориорс. Младост против искуство (и повреди, секако).
Плејоф Џими е плејоф Џими, само да не ги витка тоа зглобчињата оти ќе ми оди ко манекенка по теренот. Некни Канџата му лупна колено, не знаеше кај се наоѓа.
Тежок мечап, очекувам 7 утакмици и стварно не знам кој ќе помине. Со цело срце навивам на Стеф, слабост ми е.
Истокот, ах тој исток.
Орландо ќе покажи карактер против Селтикси, дали ќе е доста да ги вознемири? Не вервам.
Зошто? Затоа што двата главни играчи се вратија после победа ама не се во натпреварувачки ритам. Она црнчето јако ја почна сезоната па цела ја пропушти со повредата, сега е премалку време вратен на терените за да влези во бист моуд, а Германецот беше повреден, порано се врати ама не би се кладел дека во 7 утакмици ќе може да се носи против еднорогот од Бостон.
Детроит, за кој лани зборав само со пофални зборови - против моите Никси.
Брансон.
Го вратија, како и Мич, лажејќи дека е добар. Ниту е добар, ниту бутур.
Одбраната е мисловна именка со КАТ под кош ама па среќа Пистонси немаат некое плејоф искуство и иако тимот е млад и полетен мислам дека ќе паднат во кошаркарската Мека. Канингам исто се враќа после повреда па ќе биде интересно да се гледаат хед то хед споредбите со Брансон.
Очекувам победа на Никси 4-2 во оваа серија.
Милвоки дали може да го јаде немиен од Индијана и тоа во прв круг елиминации? - Одговорот е, да.
Тоа ќе зависи од 2 фактори, колку Халибуртон ќе проработи во шутот за три поени (да му ебам тоа рачињата чопави да му ги ебам) и дали ќе го враќаат Лилјакот во тимот (мада мислам дека тоа ќе го кошта кариера на крај).
Кливленд со кој и да дојди на ред да игра од плејинот Мајами или Атланта, очекувам да ги прегази ко брз воз и да биде 4-0.
Живи били па видели, не очекува интересен плејоф.
Сабота почнува Индијана со Милвоки во 7 вечер, а продолжува Денвер со Клиперс од 9 и пол.
Претпразнична уживанција.
