Тоа што Кавс и Тандер почнаа да губат покажува колку доминантни сили беа Булс и Вориорс со 72 и 73 победи. Очекувам овој плејоф да биде кланица, еден од повозбудливите.
Она шо го напрај ГСВ со тие 73 победи и надминувањето на рекордот на Булс беше перфекција.
Колку год и да назадува лигата во квалитет и тоа да создава можност подобро воиграни тимови да бркаат ваков рекорд мислам дека никогаш нема да биди надминат - во блиска иднина особено.
Буквално беа гладни и наапани ГСВ таа сезона, немаше посериозни повреди, Клеј го тепа Стеф во натпреварот за тројки ... кој ѕвер беше Клеј чоече тогаш.
Испокинаа и во ПО, имаа најповеќе победи во историјата во текот на сезоната 73 и комбинирано најповеќе во сезона и ПО, први во историјата на НБА.
Сигурно испокинаа уште многу рекорди (особено за тројки) на кои не се сеќавам и на крај им се деси ДРЕЈМОНД.
Зарди техничките негови изгубија натпревар, па потоа суспендиран, изгубен уште еден натпревар и изгубена предност од 3-1 во финалето против Леброн и КАЈРИ.
Историја пред нашите очи, на шо бевме сведоци ни сами не сме свесни. Ден денес ми иди како флешбек блокадата на Лебронтије над Иги и последната тројка на Кајри.
Се надевам дека годиниве пред нас ќе видиме некое финале кое малку од малку ќе наликува на ова, а не да заврши 4-1 или 4-0.