NBA 2024/25

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)

  • Вкупно гласачи
    59
Jokic igra vo strasna forma megutoa SGA vo momentot jas mislam deka e broj 1 vo ligata, iako ne mi e po kef kako igrac mora da priznam deka e strasen igrac i zasega tie 2 ta se cekr ponapred od drugite za MVP.
 
Не може и Јанис да се отпише , игра и он најбоља сезона во кариерата.
 
Doncic ispaga od trka za MVP ke pauzira 17 utakmici, ako ne prevzemi nesto okolu kilazata da pocni da raboti na teloto ke ja zaebi karierata.
Нема да игра 2 месеци како прасе ќе биде кога ќе се врати.
 
Треба да се подзамисли Лука што прави пошо еве прв пат у кариера ќе игра испод 60 утакмици што е негов просек. Офанзивно нема збор дека не може никој да го чува и спремен секогаш да убаци 30+ и да ги разигра сите, али дефанзивно игра по потреба само ептен кога ќе загусти.
Кај ќе му беше крајот да беше фит испод 100 кила , нешто налик неговата руки сезона. Мислам последниве 3 сезони сам се упропастува уште повеќе и приматот face of the league го остава на Јокара.
Сеа еве има и тимиште сегде се покриени , имаат сериозни шанси во плејоф со сите да се носат , мора да стаи прст на глава, ќе заврши на what if муабети...
 
Божиќни натпревари <3

Никси покажаа, по кој знае кој пат, дека офанзивно се машини. Бриџис цел декември дрма, конечно му ја дадоа палката да решава во клучни моменти и офанзивно освен двоецот Брансон - КАТ, сега имаме трето оружје кое може вака да испуца во клучни моменти и за кое практично нема одбрана.
Мека рака, прецизни шутеви, доволно пргав во одбрана и во напад за да не може да го оттарасиш така лесно.

Грешката им е што мислат дека ако го шитнат Мич (пошто има најави и за тоа) ќе си поминат подобро со некој трејд, а уствари и покрај еден куп победи што имаа надвор од Медисон месецов сепак кога ќе дојде до одбрана играње ќе чкрипи работата во ПО ако нема доминантно присуство под кош (тоа КАТ не е, слабост е КАТ таму).

Бостон со Фила... шо знам, Ембиид ми се виде дека премногу се штеди, трча од линија за 3 до линија за 3, не излегува да блокира шутеви, не влегува во рекет многу во дуели, ги испуца 20+ поени со лабавела игра и воопшто не остави впечаток на здрав играч. Доколку здравјето не му е на ниво, на страна оваа повреда на лице и победата против Бостон, тогаш патот во ПО ќе биди ите како тежок.
На Пол Џорџ за жал не можам да сметам во ПО пошто има историја со повреди и сезонава воопшто не е за машала.

Од др страна Бостон покажа дека повторно изгуби натпревар на домашен терен кој во принцип требаше да го добие и дека е ите како ранлив. Ќе биди интересно до ПО како ќе се одвива нивниот пат во кревање на формата.

Класиката меѓу Леброн и Кари. Колку год да не го сакам Лебронтије сепак визијата на терен му е незаменлива и се гледа искуството од 20 сезони зад него, едноставно да не е тој во тимот ќе бида апсолутно последни.
Од др страна и со него во тимот не се тим за титула или ПО ама да останиме на позитивната страна од причата.
Кари, све речи су сувишне. На овие години да вадиш вакви партии... штета шо не ја добија - толку ќе речам, одбраната потфрли во клучните моменти (не смееше Вигинс да дозволи да му избега играч, тоа е). Кари даде невозможна тројка од ќошот, вон баланс шутираше, со една рака... магија, влезе. После тоа скоро од кај логото тројка, едноставно човекот е машина - али Лејкерси заслужено си дојдоа до победа.

Во однос на Лука, го делам мислењето со вас дека прасето си ја упропастува НБА кариерата - али буквално, во секој поглед. Штета за талентот, толку ќе речам.
 
Никси изгледаат многу подобро од лани.
Стварно би сакал една класика со Селтикс во плејоф. Проблем им е само што се тенки со клупа некако, стартериве ќе фураат по 40+ минути.
 
Никси изгледаат многу подобро од лани.
Стварно би сакал една класика со Селтикс во плејоф. Проблем им е само што се тенки со клупа некако, стартериве ќе фураат по 40+ минути.
Токму сношти беше приказ за тоа, Брансон спасуваше во продоженија против факинг Вашингтон.
КАТ јаде банана од ебан руки, а екипата нема втора постава која реално може да носи на грб ПО натпревар.

Селтикси, од др страна, исто се соочуваат засега со проблеми. Губат натпревари кои би требало да ги добијат дома, а за разлика од Њујорк колку толку ја разигруваат и клупата.
Џру е повреден, Порзингас глужд свитка, Тејтум игра топло ладно, сето тоа прилагодување за почеток на сезона е сосема прифатливо.
НО, кога ќе стигнат екипите онаму 2 половина на сезона и пред ПО ќе биди многу значајно кој имаат на клупа и колку првата постава им е истрошена.

Засега сите тимови низ лигата имаат по некој повреден играч и освен Кливленд и ОКЦ кои буквално изгазија, не гледам некоја друга екипа на почеток на сезона шо е спремна и со полна пареа изигрува натпревари во континуитет.

Никси имаат еден куп победи, од кои и такви „тешки“ како оваа сношти на гостински терен (шо покажува карактер на тимот дека не се откажуваат), ама не се на нивото на Кливленд и ОКЦ. Барем според мене уште не се.

Шо мислите до кај ќе стигнат овие 2 екипи? Со то шо во ОКЦ она креместарето е повредено и кога ќе се врати ќе имаат крилен центар шо комотно можи да ти збрца 30 ко од шала, а Кливленд ги имаат двете кули под кош и годинава особено Мобли прави партали.
Како за промена убаво ќе е Кливленд да стигни до финале на исток, а ОКЦ
да излези како победник од западот.

Ќе им биде тешко али досега највеќе покажаа.
 
На исток очигледно на хартија Кавс - Селтикс финале кај шо нема шо да бараат Кавс според мене и макс 6 текми ќе извадат. Али еве и еден болд стејмент од мене , комплетни Бакс можат поштено да ги намачат Кавс и да ги сјебат пред ЕCF.
Колку и да не го сакам Док Риверс, интересно ми изгледаат месецов сите на број, посебно и Јанис е ко бик.
Моја лична желба е Никс да одат до крај на истокот , ама да не се повторуваме...

ОКЦ се стварно безпрекорни и вака личат без Чет ко незапирлива сила на појакиот запад. Исто ко лани се повторува да бидат први и сите да се избрзаат дека ќе се прошетаат. Е сега тука се залажале ,пошо Мавс со сите на број имаат таков ростер што е спремен да се реваншира на Селтикс , а да не збориме за западот. Но САМО ако се сите на број. Дури и мислам Гризлис кога им се врати јадрото во тимот имаат капацитет до мајсторка да играат со ОКЦ.

Веќе се гледаат фаворитите појасно освен Селтикс се разбира. Се друго освен тимовите што ги спомнав би било огромно изненадување. А можеби и не , повреди менуваат преку ноќ многу работи.
 
Интересно ми е како гледаш на Бакси пошто така ги перцепирам и јас. Тренерот им е дупе и не го бива за ПО да го земиш, а од др страна Јанис е во прајм и сакам да го гледам пошто ѕверот кога и да е на терен игра 100% и барем си сигурен дека ќе видиш јако куцање, блокада, залагање на терен и прави максимални напори да му победи тимот.

ОКЦ се доста појаки со Хартештајн под кош, пошто така кремастарето не мора да се бори со снажни центри па ќе може сам да биде офанзивна закана + да има друг под кош шо ќе собира топки, а дополнително тука е Карузо и двајцата тие значат сами по себе многу кога темпото на игра ќе се намали и мечапите ќе бидат главната точка на кршење кој добива натпревар. Пошто ниту Ше, ниту пак Чет може да ги соприш комплетно, можеби ќе ги лимитираат ама тоа нема да влијае многу во крајниот исход. Како колектив се многу појаки од ланскиот состав, затоа мислам дека ќе одат и чекор напред т.е. ќе излезат ко победници од западот.

А за нив не навивам, пре би да го видам Лука во НБА финале или Јокарата или пак Стеф али некако мислам дека оваа година сите 3 пропуштаат.
 
Наводно Бруклин одбиле прв пик од Мемфис за Фини Смит,кој знае Роб Пелинка што прави.
Ова не е лошо за Лејкерс се ослободија од Ди Ло а добија двајца солидни играчи за во ротација,плус Фини Смит е еден од подобрите одбрамбени играчи во лигата и може да чува повеќе позиции во одбрана.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom