Ти си во право дека Ривс и Лука има шанси да испорачаат, особено што Лука трча по терен ко улав колку за да скини некое кило и шутира ко улав колку за да се наштелова - не им се битни победите дотаму, битно да играат ПО.И полека со Лејкерс и хејтот , знам дека Леброн ни е одвратен многу на двајцата ,но Лука е друга раса на животно во плејоф ,а знам дека и Ривс ќе испорача.
НО, едно големо НО и пак некој ќе речи дека е хајт ама жалам само една обична неутрална опсервација е, Лејкерс (како и сите ПО од бабалот наваму) ќе ги кошта танката клупа и дедото Леброн.
Тоа не е хејт ниту кон франшизата, ниту кон играчот туку неутрална опсервација. За жал на навивачите на Лејкерс е точна опсервација, шо не значи дека не им посакувам успех на тимот, само дека во тој двобој (годинава) Клиперси ги гледам како победник.
Зошто?
Од очигледни причини.
1. Подобар тренерски тандем имаат.
2. Поуигран и подобар состав имаат.
3. Имаат тимска хемија и немаат принцеза во тимот.
Бонус: Ако некој има меморија на рипка (и не зборам тука за тебе туку за тие шо од вчера пратат баскет, а денес се одлучиле да се вклучат и да коментираат) нека свртат по јутуб и нека видат здрав Каваи како, кога и каква одбрана има играно врз здрав Леброн.
Хинт, го кошташе тоа титула Лебронтије ама толку се сеќавате.
Како и да е, на ниту еден тука на темава, особено на некој што си го прати и сака пасионирано клубот не му сум одел клизачи години уназад само и само од инат. Зошто?
Пошто е детски, незрело, не покажува спортски карактер и говори за маубет од пред кооперација, на деца од 13 години (дали и толку).
Секој има право да си навива и да си брани одреден клуб, барем јас тоа го имам најдобро искусено на своја кожа во 30 сезони гледање баскет, но никој нема право да го дупчи другиот пошто нема ништо попаметно со својот живот.
Додека бев на темава гледав да тоа и го нема, дури и на Изимани снајперот кога ќе му се пуштевте клизачи го бранев, пошто и тој (како и сите нас) има право да гледа баскет, да навива за одреден тим, играч, репрезентација. Мада во неговиот случај флуидна е таа работа и се менува од сезона во сезона ама интересен лик е посекако и нормално јади ремет за истото - али кога сте претерале (барем тие што претерале) секогаш сум го бранел, пошто во моите очи ликот е пасиониран следач на лигата и тоа заслужува почит.
После сезонава толку ќе биди од пратењето баскет на одредено време, живот, приватни обврски (некогаш се побитни и од за мене најбитната споредна работа во овој свет - НБА, особено Њујорк) ама ако не ве дружам тука барем ќе се потрудам следната пролет или следната есен да се појавам повторно на темата само колку да ве поздравам со слика во живо од Медисон Сквер Гарден, шо ми е сон од дете и се надевам дека ќе ми се оствари.
Дотогаш, а и понатаму се надевам ќе си оставите тема во која ќе се почитувате еден со друг повеќе отколку што ќе најдите причина да си карате мајки, сестри, да се куросвате или да викате мојот играч е појак од твојот, а ти си немаш врска (без за истото да имате било какви аргументи, особено аргументи кои имаат издржана баскет подлога, не разни статистики, шминкани моменти или пак моментален блесок на некој играч или екипа).
Вистинскиот спортсмен пружа рака кога е поразен и признава, кукавиците вперуваат прст и бараат изговори.
Во животот секогаш има избор дали човек ќе биде карактерна пичка или ќе се одважи да е господин.
Пратете НБА, поштовајте се, бидете господа луѓе. Во преебан систем и општество, друго не ви останува.
Ако ви е толку сјебан животот пцујте се во други теми, нека ви биди издувен вентил, али барем оваа оставете ја читава како мал екосистем кој останал колку толку нечепнат од останетото куроболие кое владее на форумот - се надевам барем јас допринесов и со моето пишење и со односот кон другите да не го нарушам балансот и барем малку да ставам некој тег на тасот од страната на држење до себе, пишење со смисла (како што поимам, знам и умеам и колку што умеам) и пред се' и секогаш почит кон соговорникот и бранење на послабите во налетот на неразумните кон нив.
Доколку да, тогаш ќе ми е мило.
Од друга страна, доколку некое дете прочитало нешто мое и побарало некое видео од Коби, Џордан, таа багра од 2000-ти или од '90-ти, па го засакало баскетот тогаш уште толку ќе ми е помило. Тоа би биле моите вистински два центи од битисувањето по темиве добри 10 години.
Убав спорт е НБА, штета шо во последната декада го урнисаа разно разни на кои не им е место во спротот воопшто. Барем плејофот ќе го изгледам со страст и сласт, за после здравје.
Пиунчиња има во шах, игра која (според некои) ја играм исклучително добро.Брат остај го овој Dark Knight пиунче му е на Генерал,а врска нема...
Тебе освен за јадење бурек по социјални медиуми изгледа за друго не те бива (како што гледаме на темава, па затоа фино те молам не ја упропастувај).
Во меѓувреме, било кога и да сакаш да правиш муабет за баскет со мене, крени два прста.
Мислам дека за истите замерки што му ги упатуваш ти замерува и тој тебе (чисто опсервација од страна).Не го приватизирај форумов пошо кој сака, кога сака и каде сака може да се обраќа. Ама ако има тука некој кој треба да одобри дали смееме да коментираме и колку години треба да следиме кошарка за да имаме право, кажете.
Не си ти лош момак, имаш тим и си навиваш за него, така и треба. Знаеш пречесто да се пуштиш клизачи, ваљда од премногу киснење во фудбалски теми

Даркот е океј, како и секој витез, штета ќе е да се фатите за врат бадијала.
