Нема споредба меѓу начинот на игра тогаш и начинот на игра сега, тоа е главниот проблем.
Онил го пратев откако влезе во лигата до неговиот крај, заради него сакам центри воопшто и ги фаворизирам секогаш пред било кој друг во тимот.
Тоа што за вашите генерации беше и е еден Коби, за мене беше Шек.
Муабетот околу тоа фаулирај го и ќе шутка слободни, во денешна ера би изгледало 2+1 во секоја можна ситуација пошто реално и нема кој да го фаулира, едино МОЖЕБИ Ембиид заради физикусот би се носел со него во одбрана ама и тоа се сомневам.
Шекил, заедно со Чемберлејн, заради физичките предиспозиции се најдоминантните офанзивни центри што заиграле баскет, Ембиид, Јокич и остали се втора рака. Едноставно е така, бадијала дебата.
Тоа е исто како да кажеш дека на позиција 2 имало подобри играчи офанзивно од Џордан и Коби, едноставно немало и како факт е така, нема ни да се промени во догледна иднина.
Како што Меџик и Стеф Кари се цареви на плејмекерска позиција.
Еден куп добри на позиција 4 и позиција 3... итн., итн., итн., the list goes on.
Се спомна Пени.
Пени и Грант Хил се играчи кои да немаа повреди кои им ја завршија кариерата ќе беа долго време доминантни и меѓу топ 3 на својата позиција додека играат баскет, а all time на листата сигурно многу повисоко одошто се сега. Повредите им ги ебаа кариерите.
Истото беше и со Трејси Мекгрејди.
Ако ништо друго, изгледајте некое видео од Коби, ги има мал милион и ќе знаете за Шек 2 работи:
1. Да не јадеше ко стока и да тренираше барем упола од тоа што тренираше Коби немаше да остани на 4 титули, ќе ги имаше најмалку 5-6 (пред и и после коби + тие 3 со него).
2. Коби дојде на 18 години и играше со прајм Шек, а не обратно. Слушајте интервјуа на Фил Џексон, каде експлицитно дава изјави како го замолил Шек да го остава Коби како руки и потоа да шутира повеќе и да ја има топката во раце бидејќи мора да играат тимски, па Шек да му го дозволи тоа.
Звучи смешно? Изгледајте интервју на Фил, а богами и на Коби - кој никогаш го нема тоа демантирано. Ниту пак Шек.
Така да, такви величини во оваа ера од НБА нема ни приближно и нема врска шо сега е променета играта, едноставно тие играчи имаа друг менталитет, далеку поголем талент од сегашните, а далеку полоши услови за игра - каде буквално на терен можеше да ти искинат аркада, да ти фали некој заб или во најмала рака да ти напукаат некое ребро - нешто шо во денешно време ни е на сите незамисливо.
Од денешна НБА, според физикус, Ембиид и Леброн би се носеле во тоа време. Според карактер... Морант и нему слични самоуверени пичлемиња. Комбинација од двете? Таков играч нема во денешна НБА, за жал.