Не кажуваат доволно информации, во оваа форма немаат логика случувањата.
Новиот колективен договор го регулира односот богати-сиромашни клубови (или поголеми спрема помали пазари) преку многуструко зголемените такси/даноци кога се прекорачува кап лимитот. Внатре во рамките на тој договор, кој и како и со кој прави размена на играчи... тоа треба да е слободно.
Посебно во оваа размена никој не губи.
Најмногу добива клубот од мал пазар, Њу Орлеанс. (под пазар се подразбира помал град со послаба економија и помалку спонзори, итн). Хорнетс за играч што секако си оди во следниот Јуни, добива два други добри и млади бекови, Одом ветеран форвард со шампионско педигре (плус Скола) и пик во првата рунда на драфтот следнава година.
Хјустон го добива Гасол, квалитетен виско играч, нешто што посакува уште од губењето на Јао Минг.
Лејкерси за Крис Пол се откажуваат од два добри играчи, По Гасол и Ламар Одом, без кои двете титули во прошливе 3 години немаше да бидат можни.
Не гледам каде е официјалната причина за неодобрување на трампата.
Зарем имаат правила кои велат дека не може неколку топ10 играчи да играат во ист тим? Овакво правило нема во колективниот договор, ниту некој направи проблем кога Бостон ги донесе Реј Ален и Гарнет да играат со Пирс, ниту кога Њујорк ги донесе Антони и Садемајер, ниту кога Мајами во еден потез ги донесе Вејд, ЛеКвин и Бош.
Впрочем, зошто сепак го одобрија тогаш sign&trade правилото во новиот колективен договор?
Мислам дека ова не е готово.