Со баражите прошлиот викенд и денес заврши фудбалската навивачка сезона па така можеме сите да кажеме збор два за сите кои беа активни оваа сезона ..
1. Комити од почеток до крај секаде со ФК Вардар , бројка одлична за втора лига плус играње во Сабота .
Кулминација беше баражот во Кавадарци и рекордна бројка во Македонија за едно такво гостување , 13-14 автобуси и 100 + коли сликите кажаа полна трибина 3,000 луѓе од Скопје ..
За издвојување е дуелот во Охрид со Воска каде и покрај забраната отидовме 150 луѓе со коли и навиваме надвор од стадионот..
Колку се големи Комити кажува ова , одиш 200 км на забрана за стадион 150 луѓе а другите групи дома се мачат да соберат волку луѓе , за гости не праам муабет ..


Од другите групи
Чкембари добри беа дома на фудбал против Вардар и рскометот гостувањето исто против Вардар , а еве денес против Мзт иако правеа голема најава за финалево , плус недела неработен ден доаѓаат 40-50 души што значи само против Вардар се палат , другите утакмици исто по 50-100 души на трибина
Лозари се гледа пад во бројка оваа сезона , и они 50-100 на трибина од тоа што гледав слики ...
Рибари добри и оваа сезона , се појавуваа скоро секаде дома гости , гостувањето во Струга со бродовите супер идеја и одлично одработено ..
Фаланга исто добра сезона , дома гости секаде одат , по бројка се послаби од Лозари и Рибари , чудно Штип како град неможе да привлечат повеќе луѓе на трибина , тие 20-30 луѓе редовни одат само ..
Војводи оваа сезона добри бројки извадија дома и гости , со денешниот бараж и останувањето на Тетекс веројатно ке останат на истиот пат ..
Паткари добри ама како што гледам само дома навиваат , на гостувања не одат незнам од кои причини ..
FA и CPB , во CPB гледам мало зголемување на бројка колку толку мрднаа од мртва точка , ке видиме дали ке успеат следна сезона да се кренат повеќе или ке останат до тука ..