Ќе ве цитирам и двајцата.
Да, сите очекувавме дека ќе паѓаат реквизити Лозари, на 3000 луѓе, нормално е да паднат кога само 16 автобуси тргнаа организирано со придружба, а сите други луѓе доаѓаа таму во текот на денот со коли, што од Скопје, што од другите градови.
И никому ништо нема да биде, да НЕ ГО ПРЕТСТАВУВАТЕ ТОА КАКО ТРИУМФ НАД КОМИТИ. Човек на ОФИЦИЈАЛЕН ПРОФИЛ се пофалија, се испосраа во гаќи. Ги пратиле сликите на хулигански страни. По втор пат се извртува вистината, еднаш со знамето ВАРДАР што го земаа од обичен фан во Струга кое нема врска со Комити, а сега со овие реквизити. И во двата случаи се слави како титула ЛШ да се освоила.
Само лудак може да мисли дека овие овде (слика од дерби од претходен ден)
Прегледај го приврзокот 379370
можат да земат 20 реквизити од овие на долната слика
Прегледај го приврзокот 379371
Тоа што го правел БЛ во 1993 е оддлик на тоа време. Во поново време ниту некој бил испровоциран, ниту нападнат. А со вашите потези треба да биде така.
Луѓето на сликата од кои сте ги зеле реквизитите се луѓе кои веќе внуци чекаат (некои веќе и имаат). Допирна точка немаат со навивање, обични фанови си се кои уживаат на секој натпревар на гости.
Значи има разлика кога земаш од некого реквизит и ШТО СЕ СМЕТА ЗА ТРОФЕЈ.
Не сакав да ја спомнам случката лани од суперкупот во Охрид.
Ете оставам ваши членови да кажат на каков човек (дечко од Мислешево кој нема допирна точка со Комити) сте му зеле дрес и сте го удриле. И тоа како трофеј го прикажавте. Дечкото тужеше, па после беа плачки.
Константно се удира по обични фанови на Вардар, затоа што како клуб имаме највеќе реквизити во опптек, можеби колку сите други групи/клубови заедно. Плус ради успесите на Вардар, имаме фанови низ цела држава.
Кај сакаш отиди низ Македонија ќе видиш дресови Вардар, маици Комити. Повеќето групи тоа го користат и тепаат недолжни луѓе. И згора на тоа го прикажуваат како „тепавме Комити“.
И ќе пукне некој ден тоа, затоа што и тие луѓе што биле нападнати утре ќе осетат омраза и ќе вратат на кого стигнат. А во Скопје има прилика да се врати. Се носат дресови Пелистер по термини за фудбал, се оди со дресови во теретана, трчање на кеј. Се искача на студентскиве журки со навивачки реквизити. Се доаѓа на репрезентација со клубски обележја итн.