- Член од
- 12 септември 2022
- Мислења
- 14
- Поени од реакции
- 172
Малку не си во тек со настаните па да ти ја приближам реалнсота. Прво се вика дека те класифицира како дел или член на Чкембари. Лозари не одат толку екстремно во ривалствата од проста причина и сами знаат на што се. Работат дечките. Очигледно нешто ти се побркани коцките со ова 600.000 жители изгледа не живееме во иста година. Интересот за фудбал и навивање општо кај цела младина е паднат на 10% ни толку не само кај нас туку во цела Македонија има огромна не заинтересираност за било што поврзано со навивање. Ние како ние правиме се што е во наша моќ да има што повеќе луѓе на трибина. Навивачите на Вардар од другите градови се базирани на успесите на двата најголеми спортски колективи под името Вардар РК и ФК факт кој е реален, спортскиот успех привлекува луѓе. Прост пример зошто сите кој ги познаваш навиваат за Милан, Интер, Манчестер, Ливерпул, Баерн Минхен а не за Чезена, Беневенто, Барнли, КПР, итн. Секогаш успешните клубови имале повеќе навивачи. За активности како НГ кој ги имаме направено почнувајќи од спасување на клубот па навака, кога би следел навивање би требало да знаеш не само да тропаш во празно. Имаш профили на Комити отвори види какви се активностите. Од тие мурали со боја за дрво за едно лето направивме повеќе од сите групи вкупно. (лето 2022). Органзиацијата на плукни - залепи вади секоја втора утакмица кореографија, пиро, континуирано вадење реквизити, Истата таа плукни залепи организација остварува бројки во Виница и Радовиш од 200 и 250 луѓе. разгледај како работат Комити ќе ти биде малку појасно. Кореата се шарени и секоја утакмица различни базирани во наш стил, што е спорно ако ја употребиш технологијата во своја корист? Последниве 2 години се извадени 10 нови песни западната трибина никогаш не звучела подобро и по мелодично. Дали имаме кодекс под нула или не тоа ти тежи овде само на форумов, Многу добро знаат сите членови на навивачките групи колку пати сме излегувале во пресрет. Ова со квазипатриотски идеали нема да ти го коментирам. Буџетот од секоја утакмица го трошиме во диско едноставно така ни се може! Пошто покрај сите дела кој ги правиме во текот на неделата и степенот на кој ја подигнавме групата што ни преостанува освен да прославиме. Искрено ме мрзеше да ти ги набројувам сите акции на Комити и работи реализирани во последниве 2 години, да барам слики од секоја активност надвор од стадион. Ќе те оставам сам да истражиш...Со реченицава ти пропаѓа цел реферат во вода. Вардар е второлигаш, па со оглед на тоа дека комплексите кон Чкембари Ви се набиени на максимум, ме класифицираш како навивач од Чкембари, што е далеку од вистина. После тоа, последната утакмица пред 1 година Тиквеш - Вардар беше 1:0, што ти пропаѓа и делот каде што Лозари ги класифицираш како анти-вардар навивачи. Понатаму, град со скоро 600,000 жители и навивачка група со подгрупи од 10 други градови е срамота да се 500 на утакмица, а ретко сте биле и над 70.. Исто, 80% од навивачите ви се поради успехот на РКВ последните години - факт, задоволен си како страствен навивач од ФКВ? Освен тоа, какви активности како НГ на главен град имате направено освен мурали со боја за дрво и метал направени со прожектор? Козарите ви го земаа цело Скопје, тераат мајтап со Вас, а Вие се удирате во гради како тешки националисти. Името што ви е на групата не го заслужувате, не друго. Организацијата ви е плукни - залепи, кортеата ви се повторуваат, мурали со прожектор, пола буџет што го добивате како НГ оди во џеб на поитрите, навивачки кодекс под нула, песни од 98ма истите, треба уште да набројувам? Луѓе со квазипатриотски идеали и набиени комплекси, сега навивачки а за некое време партиски ботови.