Ефектот е постигнат, се крена џева, се промовираше настанот по разни медиуми.
Сите групи се во добивка, ние како маркетиншки трик, другите за наш инает.
Инаку, пароли беа оставени во многу градови, не само во објавените. Нормално дека ќе ги објавиме оние што се попровоцирачки, затоа што токму тоа е нивната намена.
Во паролите нема навреди никаде, а ете со нивна помош ми се јавија за карти едни прилепчани кои од време на време доаѓаат на утакмици, а ако не ја виделе објавата од Мајмуни, немало да знаат. Не се Комити, ниту некои закоравени фанови на Вардар, едноставно сакаат да гледаат фудбал, па ќе си дојдат на јужна.
Од друга страна, паролите го потврдија она што ви го зборувавме многу пати досега. Колку пати ни се смеевте дека бугарите поставиле парола на влез на Скопје, Шверцери се сликнале навечер на Градски, поминале 5 минути со коли низ Центар, ПАОК биле 5 минути на Рекорд итн, а немало реакција.
Значи за нас во толкав град, каде што од една до друга точка ти требаат минимум 20 минути да стигнеш и тоа ако си спремен на готовс, во град каде што живеат луѓе од сите краишта и каде што реално 90% од луѓето кои ќе ги затекнеш на овие места немаат поим што се навивачки групи, нема ни како да дознаеш дека се случило нешто ако не си се погодил таму, било срамота што не сме реагирале, а сега кога истото се случува во ваш град, не било баш така
Шансата да те види некој во помал град и да се јави одма на навивачката група е мноооогу поголема, па бар секој втор битолчанец знае кои се Комити и Вардар, луѓето во градот се 99% од Битола и околината, немаш доселеници од други градови, немаш странци итн. Да не коментираме за колку побрзо време можеш да стигнеш од едно на друго место. Дечките влегле на стадион, оставиле парола на реклама која е на крајот од Широк сокак, кај тоа саат кулата ако не се лажам. Тоа е потег што е многу покомплексен отколку во Скопје да го направиш тоа. За во Скопје, споредба може да се прави само ако тоа го направиш во населби како Аеродром, Ново Лисиче или Чаир, каде што уште имаш поголем број луѓе кои се разбираат од навивање на мало место. Не е херојски потег, ниту нешто за фалење, ама браво за потрошеното време и маркетиншки одличниот потег.
Да беше обратно уште сега ви ги гледам коментарите. Да не треба да ве потсетувам што коментиравте?
- далеку е зелениково и драчево сат време му треба да се стигнат хехе
Реакцијата од Чкембари и Мајмуни е каква што се очекуваше, на рамниште на нивните можности. Да имаа поинаков ментален склоп, немаше да бидат тиња како што се во моментов. Багра која може да собере бројка на дерби и толку.
Земале се сликале со мачети, Гокица земал 650 постови пишал, ќе тепал, ќе ова, ќе она.
Абе бациња, како секогаш ВИЕ ЧЕКАТЕ ДА ВЕ НАПАДНЕ НЕКОЈ??? Значи ние доаѓаме инкогнито на гостување (ракомет 2014, муабет што стално го скокате), ние ве напаѓаме сто пати на гостување во Скопје, па се смееја зошто во Велес не сме ги нападнале, пази молимте, ЗОШТО ВО БИТОЛА не останале 5 луѓе за да се тепаат. Па што не наминавте вие после Велес? Што не дојдете вие 5 души и да не чекате да се тепаме со цела група во наш град? Што не се појавите изненадно на некое гостување?
Детски муабети, немате што да кажете, па одма броеви ќе оставале, вака ќе правеле, онака ќе правеле.
Па ќе тепале вардарци ко ќе виделе низ Битола.
Па да сакавме до сега, сите што живеат во Скопје ќе ви ги тепавме. Не знаеме дека пола од вас студираа овде, некои и живеат? Тоа се педерски работи, да му се силиш на еден човек или помала група.
Земете издејствувајте да нема забрана за гпстување вп декември и кулирајте си.
Ама толку ви се можностите, ќе акнете забрана, ќе се соберете и шуто и рогато дента, ќе спамате после 5 години со сликите од таа утакмица, ќе пишувате како сте најјаки и ние сме се исплашиле и не сте дошле. И после и нашиот клуб ќе ви враќа со забрани и ќе си останеме 50 души на трибина, во утакмици без драж, без противник.