Ретко пишувам тука, воглавно едни исти муабети се вртат, ретко да има некој да отвори здрава дискусија освен 2-3 членови на форумов. Егото е поголемо кај повеќето членови, никој не коментира за лошите страни во својата група или добрите страни на противничката група.

Лично бев присутен од второ полувреме(јбг работа) па ке пишам збор два вака гледано од неутрална страна.
Чкембари уба бројка до некаде и очекувано , ако во копот имаше 300-400 навивачи, неутрална трибина полна со фанови од Битола, огромен број стари и млади битолчани дојдени да си го гледаат својот клуб , све на све фанови сипматизери навивачи преку 800 души можда и повеќе. Битола е ракометен град тука нема дискусија. Според мене ракометот ви е на прво место , буквално секој битолчанец живее за РК, додека на фудбал изгледа дека се оди ради реда. Исто и навивањето ви беше класично ко за ракомет, на противнички напад свирите(класика), кога ке заводевте со гол разлика ја кревавте цела битолска публика на нозе. Немаше некоја константност во навивањето, ама од друга страна на ракомет можеби и вака е подобро. Последните минути со добар резултат буквално грмевте.
Комити доста послаба бројка од Чкембари, како што пишав предходно до некаде и очекувано, никаде ги немаше фановите од други градови, нели Велес, Неготино , Радовиш итн се за Вардар ?...
Каква таква бројка, имаше константно навивање кај Комити, мене лично ми се свијаше што буквално песната не престануваше од копот, без разлика на резултатот тие 100 тина души не престанаа со пеење, буквално не ги интересираше ни резултат ни ништо туку забава на трибина и заедничко навивање и тоа е тоа. Во копот сите навивачи не видов семкари што е за почит.
Според мене фудбалот треба да ви е приоритет како до сега и таму да си продолжите како што тргнавте.
Поздрав.