Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
288521133_5213409522046624_504482410178547939_n.jpg
 
Почнува да се покажува тоа што го зборевме цела сезона. Во другите градови се повеќе и повеќе млади се вртат кон Комити. Следна сезона Вардар ќе гостува низ цел исток, одлична прилика за Комити да направат мобилизација во повеќе македонски градови кои немаат навивачки групи. Историски тие средини навивале за Вардар, многу лесно може да се возобнови тоа. Не е голема бројка ама по десетина млади од секое место да доаѓаат повремено на домашните утакмици и редовно на гостинските утакмици во тој регион бу било премија за групата. Секако паралелно треба да се работи во скопските маала, ама тие два процеси на мобилизација во и вон Скопје не се исклучиви. После работното лето со графитите мислам дека конечно ќе ја разбудиме таа генерација 2002 - 2010 од која треба да се гради идното јадро на групата.
 
Многу пати и Рк Пелистер се наоѓал во ситуација како сега вардар , не поради суспензија туку најчесто ради беспарица. Па сме се потпирале на домашни, битолски ракометари(Зарков, Поповски, Николовски...) и сме имале и како група добри изданија, па и моментален некогаш блесок со резултат. Сега додуша оваа ситуација на вардар е далеку подобра од апатија во која бевме ние, али... Добива романтизам во приказната рк Вардар
Мислам и комити можеби и ќе добијат плус со ова, нешто слично ко со фк што направија. Мислам дека пак ќе имаме добро ракометно дерби и оваа сезона
 
Новитед на една од подгрпите на Комити (Клуб), направени шорцеви.


 
Кој од кој подобар, браво за арт тимот на Комити :aplauz:
 
22.06.2022
ФК КАРАОРМАН - ФК Вардар Неготино
Бараж за влез во втора лига.
Неколку слики и извештај од утакмицата:

Незнам од кај да почнам па ке кажам вака, за Скопје тргнавме 2 автобуси кој беа наполнати со навивачи кои одиме цела сезона на утакмици на ракомет, некаде околу 80 души плус 20тина симпатизери. Исто така за Скопје заминаа преку 20 коли, голем дел луѓе од старата екипа на Паткари кој се поддржувачи на групата но не се редовни и активни како порано.
Вкупно бројка бевме близу 200 луѓе, изработен беше нов транспарент и нови црвени маици со логото од Караорман и натпис Карчовци.
Со таа бројка и таков дрес код греота шо не направивме добар коп.
Голем дел од луѓето односно старата екипа мислет дека уште сме во 90тите години па се обесија одма по оградата наместо да формираме коп. Навивањето катастрофало незнам зошто но се изгуби атмосферата, претпоставувам поради тоа што не беше формиран добар коп и поради тоа што пола луѓе висеа на оградата.
На крај на натпреварот беа запалени неколку бакљи и неколку стробови, се прослави заедно со играчите во терен и назат за Струга, во Струга беа повторно пречекани играчите со бакљада и прославата продолжи во локален кафич.

Околу Винари, воопшто не ме зачуди бројката, ја очекував таа бројка, како навивачи не беа ништо повеќе од 120-150 души но застанати беа заедно со сите Неготинци, многу подобро навивање од нас секоја чест, мизерна парола на ограда, во второ полувреме не прозиваа со довикување Јавете се Стружани на што одговоривме со аплауз и заедно ја испеавме Македонија на Македонците, на крај од натпреварот односно после пеналите дојде до рчкање меѓу играчите, по што нашите се пуштија во терен ама играчот од Неготино беше удрен од наш играч ( имат снимка )
Маицата е земена кај нив на трибина.

Толку незнам што да кажам друго ова е во кратки црти, кој како сакат нека мислит и нека викат, ние си поминавме прејако башка и си влеговме во втора лига, се гледаме од август.
 

Attachments

  • IMG-1d57e9ef76d244949d32b2ff0a7dc0d8-V.jpg
    IMG-1d57e9ef76d244949d32b2ff0a7dc0d8-V.jpg
    223,9 KB · Прегледи: 65
  • Screenshot_20220628-211034.png
    Screenshot_20220628-211034.png
    1,3 MB · Прегледи: 65
  • Screenshot_20220628-211042.png
    Screenshot_20220628-211042.png
    1,1 MB · Прегледи: 64
  • Screenshot_20220628-211023.png
    Screenshot_20220628-211023.png
    1,2 MB · Прегледи: 58
  • Screenshot_20220628-211052.png
    Screenshot_20220628-211052.png
    913,5 KB · Прегледи: 54
  • IMG-1d57e9ef76d244949d32b2ff0a7dc0d8-V.jpg
    IMG-1d57e9ef76d244949d32b2ff0a7dc0d8-V.jpg
    223,9 KB · Прегледи: 47

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom