Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
И во тие години, пак имавме поголема бројка од нив на дерби натпревари или европски во фудбал :D

Навивањето во Македонија имаше слободен пад, нормално е дека сега нема да има ист број на навивачи како тогаш, кога цели генерации се изгубени, плус целосно е сменет начинот на живот.

Инаку, Легија ни доаѓа во Скопје (или Струмица), се паднаа со Академија Пандев.
ЕДИТ: Сега гледам дека биле од Гдањск, не од Варшава :D
Неспорно. Комити во најдобрите денови се многу над ФА, за другите групи нема што да се дискутира. Коментирав на споредбата комити сега со фа во најдобрите денови. Како и да е, следната сезона ќе експлодираме. Сезонава ги постави основите за експлозија следната сезона.
 
Е претера сега и ти. Имаа неколку одлични сезони ФА. Да, во однос на корео и активности надвор од трибина, веројатно сме на тоа, па и над тоа ниво. Сепак, главен проблем на комити во моментов е мобилизаторскиот потенцијал. Мислам дека плафонот во однос на бројка ни е многу низок, далеку понизок од тој во периодот 2010-2015, или во однос на ФА и ЦПБ во нивните добри денови. Со ова темпо на работа би требало значајно да се подигне просечната и максималната бројка следната сезона, ама се уште сме далеку.
Бројката за втора лига е одлична со противници како Вошка,Кораб,Беса меса и остали каква бројка очекуваш? Мзт играше со Партизан,Ѕвезда,Будучност,Олимпија и останати балкански екипи затоа ете имале поголема бројка.Тоа ти е како Вардар кога играше Лига Европа па види ги бројките на трибина
 
Ти рече дека изданијата на комити сезонава се подобри од било која сезона на ФА. Тоа не е точно. Противниците настрана.
 
Дебилу, не знам колку е разумно да ти реплицирам, али нејсе.
Групата секогаш се самоорганизирала и само финансирала. И сега и тогаш, се надевам и во иднина. Никогаш нас КАКО ГРУПА не не собирале по штабови и не не терале да чистиме прљав партиски веш.
ФА е единствената група која самоиницијативно со цел да му помогне на клубот одлучи да плаќа карти у време у кое навијачките групи добиваа буџет од богатите сопственици за свое организирање. У време у кое групи бојкотираа затоа што не добиле гратиси од управата.
ФА е првата група која го унифицираше изгледот на трибина у време коа на трибина луѓе се појавуваа со дресови од странски клубови. све ова благодарени на маркетингот во тој период, маици, дуксери, шалови. токму и од таму се црпеа најголемиот дол на финансии. Значи секој самоволно од свој џеб си купуваше, никој нас не ни ги купувал реквизитите и да ни ги дели како поклон за некаква си послушност.
ФА е првата група која во целост го исфрли ју-влијанието и направи песни со свои оригинални ритмови и текстови.
Во периодот пред бојкотот и притисоците кои се десија со многу наши членови, најпрво со инцидентот против Партизан во Јане за кој тврдам дека бевме наместени. Мораше да се уапсат десетина членови, да ги малтретираат по судови со години, да им одземаат пасоши како поука за сите останати. Има луѓе кои лежеа робија затоа што некому бодеа очи од трибина. ФА беше величина и у време коа не поврзуваа со тогаш владејачка партија, влеговме у војна со истата.
И вон сезона, додека другите групи мацаа муда у мохито на халкидики, ФА правеа по два-три графити дневно.
ФА има напраено акции колку што вие квазинавивачки групи што се активирате само кога во клубот има кеш нема да напраите уше 45 години.
Аеродромското заедништво и на и вон трибината е тешко објаснив феномен, и ти полноглавецу чие место во општеството е се уште непронајдено никогаш нема да сфатиш.

Тек ФА ќе им бодат очи, мотовација за многу групи во МК. ;)
 
ФА ти се ала Таурунум Бојс, Земун/Аеродром најјаки на свет. Не е страшно што трескаат глупости некогаш ко сеа споредбиве, страшно е што се убедени во тоа :D
 
Реално тешко е да се направи конкретна споредба помеѓу Комити и ФА бидејки никогаш немале навивачки дуел, а функционираа во тотално различни услови. Штета можеби што навиваа во различни спортови, затоа што, како функционираа тој период и двете групи, евентуални меѓусебни дуели ќе беа врвот :D

Инаку, барем јас секогаш пробувам да бидам објективен и да тргнам на страна пристрасност, Комити и ФА во секој поглед во тој период беа движечка сила на тифо-сцената кај нас и дефинитивно групи кои најдобро функционирале и оставиле најголем белег, и кај нас и во регионот. Чкембари, може да се лутат колку сакаат, имаат бројност, имаат екипа за респект, ама во секој друг поглед беа далеку зад овие две, истото важи и за ЦПБ иако и тие имаа доста добри изданија во подемот, ама ако за некоја група бев апсолутно сигурен дека ќе доживее таков тежок пад и ресет, дефинитивно беа они, познавајки ги голем број од членовите тогаш убеден бев дека брзо ќе пројде таа фаза и шема и дека при првите потешкотии ќе го снема поголемиот дел од членството. Штета што Кумани ги снема целосно од сценава, не знам во каква состојба им е кошаркарскиот клуб, а и никад искрено не сум ја прател кошарката од спортски аспект :D, беа респектабилна група и они. Добро е што конечно живна годинава сценава, иако ривали, мило ми е и за напредокот кај Чкембари и пред се Лозари, а огромна штета е што во Прилеп не се најдоа некои поедуцирани дечки да превземат и да ги издигнат Мајмуни, градот има огромен интерес ама од навивачки аспект од секогаш биле дно-дна, а баш ми е криво и што не се разви некое ривалство низ годиниве меѓу нив и Чкембари туку функционираа „пријателски“ ради анти-Скопје ставот, ќе беше тоа интересно пелагониско дерби :)

За крај само би додал, после секој дуел без разлика на кои две групи, улетуваат индијанци и 70% од вас пишувате „толку од мене на форумот“, обидете се да ги игнорирате истите затоа што на сите ни бодат очи, без разлика од која група се, и држете се до квалитетната и објективна дискусија. Прифатете или обидете се да одбраните издржана и образложена критика, игнорирајте ја ако е неиздржана, провокативна и не води кон квалитетна дискусија, постирајте квалитетен материјал, пријавувајте ги мислењата кои не се за темава па модераторите кога ќе имаат време ќе чистат, полесно е да се подзачисти темава ако има по некое индијанско мислење, многу потешко е да се одржи ред ако сите рипнете ко млади мајмуни на првиот таков пост. За жал, форумов е единствено место во моментов каде може да се тера ваква дискусија, од нас зависи дали сакаме да го одржиме како таков или да го отераме и ова во *****.
 
Чкембари, може да се лутат колку сакаат
Нема што да се лутиме, ете лично јас признавам дека во одреден момент, не само Фа него и други групи биле подобри од нас. Момент, клубот бил јак, генерација итн... можи некои работи да се поклопат и групата да доживее бум. Но како и Фа така и Кумани и уште еден куп други групи биле со блиц (некоја сезона) успеси, па ги немало години, па пак ќе се појават. Вака така нашата сцена е ете речиси 40 години, па можеме да напрајме пресек кои групи се инстант а кои постојани. Според мене, веќе на толку долг период можеме како најбитна категорија да го ставиме континуитетот на самата група како нешто по кое би можеле да ја оценеме. Лесно е да се достигне врвот, тешко е да се задржи.
На неколку пати е дискутирано за чкембари-мајмуни, ќе ставам 2 слики од Чкембари фанзинот, каде во 5-от број имаше одлична статија за пријателствата на Чкембари со групите од Македонија, од кога и до кога постоеле итн. Ете конкретно за со мајмуни ќе ставам слики па кој сака нека чита
IMG_20220614_180010.jpgIMG_20220614_175940.jpg
 
На форумот секој си ја тера водата на своја страна изразено е највеќе кај Комити во многу наврати не издржано но тоа си е нивна работа. Кај многу членови на форумот се гледа непознавање на приликите и состојбите кај другите групи , па се тргнува со етикетирање или коментирање од некои стереотипи. Голем дел гледам не сте запознаени воопшто со навивањето и состојбите низ годините во Битола и Чкемабри тоа е во ред сепак сте од Скопје.

За ФА имав прилика баш тие години на подемот да живеам Скопје и од блиску да следам што се случува , нескромно можам да кажам дека нивниот арт тим во тоа време ја издигнаа групата на ранг на најголемите навивчки групи во ЕВРОПА. Пример влегувањето во Јадранска го направија на многу мангупски начин со графитот со пликото “Поздрав од Јадранот” адресирано за нивните ривали од Центар исто пропратено со песна многу штосно. И еден куп такви ситници кој беа задоволство да се следат. Сепак тие дечки се едни во сто и секој во група би посакал такви креатори и умови. Врвот мислам им беше со Партизан 2013 во Борис , присутвував и баш ми беше мерак ко го дрпнаја знамето Гробари Битола. Баш тој ден Пелистер играше Пелистер со Еуромилк на Маџари па имаше бус од Битола плус ние Скопје шо живеевме. На бегање бусот замина за Битола а нас на автопат пешадија не пречекаја Чентовци па имаше близок конткакт летна по некој шамар пробаја да паднат шал , мајца ама неуспешно.

Една работа заборавате ФА имаја рок на траење , сите знаевме кога ќе се смени власта или кога ќе дојдат во судир , ќе паднат.Се на се ФА траеја 4-5 години носени на криљата на успесите и маалскиот живот во Аеродром. Предходно беа на ниво на Војводи ( не во лоша смисла) . Па јас се сеќавам
2007/08 мислам беше со кошаркарите во Лименка гостувавме без полиција никаква напетост немаше. Кај ФА нема континуитет 4-5 години и тоа е то. Во Битола непрекинато генерации веќе се навива и секогаш сме биле при врвот. Единствено шо ни е потребно е малце да не угрее и нас сонце и да имаме некаков спортски Успех. Баш во тие години 2012 мислам беше Чкембари го обработубаат најголемото гостување во Македонија некогаш 800+ на градски со пиротехника коореграфија , покривно итн. Убај времиња беа мислам дека и поубај времиња идат за мак тифо.
 
дали може да пишеш околку паднатото знаме на гробари, како успеаја да го изведат тоа?
 
дали може да пишеш околку паднатото знаме на гробари, како успеаја да го изведат тоа?
Колку шо се сеќавам немаше екипа од БГ воглавно беа Гробари ваљево , Кумановци , Скопјани и неколку од Битола ,околу 250 , прва четвртина уште одма падна се искористи гужвата напетоста и го дрпнаја одма од ограда.
 
2015 - 2016 беа присутни БГ во Јане.
Беше интересно пред и после утакмица.
 
Најдбар репер дали некоја група е успешна кога некоја друга група ќе позајми (украде) од неа песна, кореографија и слично. Словаци, руси, гробари, ѓаволи, маринци имаат препеано песни од ФА. Торцида има ископирнао цела кореографија. Тоа е најголема потврда за тоа колку си успешен, а не дали некои ќе те пофали на кајгана форум... 3 месеци одлични и одма почнавте со хејтање, топ само продолжете, а ФА ќе си гази како секад. :)
Автоматски споено мислење:
 
Последно уредено:
Сулудо е да се споредуваат Комити и ФА. Изданија на групи и сите пропратни работи може да се измерат кога две групи имаат директни средби ФА и ЦПБ, и Комити со Чкембари. За членот кој пишал дека се навивало на српски, Аеродром бил шкртан бла бла. Другари во тоа време започнуваше навивачкото движење во Ск, пратење и навивање за Екс-Ју тимови имаше од сите делови на СК, некои од ударните ликови на тифо движењето беа почитувани и на трибините надвор од Мк. Најголеми бази на навивачи во 90 беа Аеродром и Карпош првенствено, втор ешалон на населби К. Вода, па ѓорчевци и центарци, добро познато е спојувањето по потреба кога играл Вардар, и било кој скопски тим надвор. Едноставно таа генерација навивачи беше преголем проблем да остане заедно, и тогашното МВР не расцепка на повеќе делови.
Секоја група имала свои моменти на успон и пад, али по мене исправна одлука беше позиционирањето и екипирањето на младите околу 2008, и конечно во најголем дел да се стави крај на турлитавата.
- Комити убедливо најдобрите изданија ги имаа 90 до поделбата 99, 20не вреди да се трошат зборови, а од 2011 навака респектабилна екипа на секое поле.
- ЦПБ ја имаше златната ера во времето на Гокси, и секако за издвојување 2011-2013, само што кај нив никогаш немало тврдо јадро и секогаш имало задни интереси.
- ФА времето во ФА го делам пред 2007 и после. Од 96-01 освен улица секој друг дел беа ЦПБ у предност, модерното ФА ги имаше сите елементи од А до Ш навијачки, дека имало соработка со управа сите имале, дека во одреден дел работи се вршеле со самофинансирање и тоа држи, групата имаше кохезија како никоја од скопските потпишувам.
 
Најдбар репер дали некоја група е успешна кога некоја друга група ќе позајми (украде) од неа песна, кореографија и слично. Словаци, руси, гробари, ѓаволи, маринци имаат препеано песни од ФА. Торцида има ископирнао цела кореографија. Тоа е најголема потврда за тоа колку си успешен, а не дали некои ќе те пофали на кајгана форум... 3 месеци одлични и одма почнавте со хејтање, топ само продолжете, а ФА ќе си гази како секад. :)
Автоматски споено мислење:
Со самава порака предизвикуваш хејт , значи без комплекси ке те молам ...
На форумов имало само пофалби за ФА и нормално добронамерни критики ( кои се секогаш добродојдени за сите ) , пофалби и посакување што поскоро да се вратат ФА на старите добри патеки кај пто и припаѓаат , немој да генерализираш поединечни пишувања на морони .
Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom