Одличен изглед на трибина и секоја чест за дечките што работат за трудот и посветеноста, се осеќа одлична атмосфера во групата и се стои цврсто зад договореното, без внатрешни поделби и расправии. Бројката е таа, веројатно може и подобро и би рекол не беше најзадоволителна, ама страв ми е дека слабите резултати и се поизвесното останување во втора лига ќе ја убијат желбата кај многумина и преполоват бројката. Навивањето беше супер од 30-та до 70-та минута, почна со кореографијата пропратена со димни, бакљи и стробови, во тие моменти пристигнаа и Рибари, продолжи со песна и супер атмосфера во второ полувреме со поделено пеење помеѓу двете коцки, ама беше непотребно умртвено со прозивките кон играчите и нервозата која се створи. Заслужија „поздрав“ за играта што ја прикажаа дефинитивно, ама според мене, кога веќе имаше супер атмосфера на трибина, требаше да се продолжи со исто темпо па да се префрли на играчите на крајот од натпреварот. И исто така, многу чест случај, како и вчера, речиси цели 30 минути се потрошија во поставување на изгледот на трибината, и за кореографијата и за копот, молење сите да влезат во коцките и слично, и навивањето паѓа во втор план. Треба да се работи на ова поле, да се влегува на трибина со време и кога ќе почне натпреварот веќе се да биде спремно.
Рибари дојдоа мала бројка и реално само беа присутни, немаа ништо спремено, а на стадион речиси и да не се слушнаа од наша перспектива. Катастрофа е Градски за вакви утакмици, многу подобра атмосфера ќе имаше во Маџари или некој помал стадион, двете групи ќе беа многу поблиску и ќе беше поголема желбата за надвикување и докажување, вака на моменти и заборавав дека има противничка група на стадион. И за крај, сум го кажал и претходно ова, ќе го кажам и пак, зошто делува како сите навивачки групи да се океј и помирени со ваквото спроведување на натпреварите и нема никакви реакции ниту обиди тоа да се промени, некој тепа 3 саати пат за да гледа очаен фудбал во втора македонска лига и полицијата решава истото тоа патешествие да му го скрати за речиси пола натпревар, да ги внесе во 30-та минута и да ги примора да напуштат во 80-та минута и да го пропуштат крајот на натпреварот и во случајот вчера голот. Само ради овие причини ми се одмилени гостувања, поготово на резултатски важни натпревари, утакмицата во Битола ракомет беше од огромно значење за двете екипи и замисли да утепаш цел ден, и тоа во работен ден, за на крај неспособната полиција да ти го скрати задоволството да го догледаш крајот и пеналот на Дибиров и штамата во сала во последна секунда. За кого се играат натпреварите?
Мислам дека не вреди да ти одговорам, затоа што ниту ќе сфатиш ниту ќе се обидеш да сфатиш и ќе продолжите да си терате по свое, ама ајде. Никој, апсолутно никој не го спори моментот дека сте начекале 3-ца членови на противничка група, нивно големо невнимание поготово кога знаат каде играат, целиот муабет почна од користење на ножеви во ситуација кога сте бројчано надмоќни. Да се надополнам на ова, не разбирам која е сатисфакцијата да чекаш во заседа во значително поголема бројка за да начекаш дете и да му се закануваш на истото со ножеви со цел да украдеш реквизит. Не зборуваме за транспарент, за обичен шал збориме, пола од тие можеш во продавница да ги начекаш и купиш. Да шета некој во Чаир или Битола со маица или шал Комити, или низ центар на Скопје со реквизит на Чкембари (ја сфаќаш ваљда поентата), разбирливо е дека заслужува истиот да му биден одземен и да добие една-две воспитни, затоа што треба да знае на која територија се наоѓа, ама да пробуваш да начекаш дете на „Рекорд“ или низ парк со шал или маичка за да ја земеш и после се фалиш и тотално ретардирано.
И ми се допаѓа како рандом албанци станаа шверцери, ама не било фер да бидат нападнати, иако дошле до собир на противничка група со цел и обид да се направат паметни и испровоцираат. Си заслужиле воспитни и треба да се среќни ако избегнале од истите. Стигнав во парк во моментот кога настана гужвата така да не ни видов што се случува, ама тука апсолутно никој не се обиде да оправда напаѓање рандом поминувачи или чекање во заседа поединци, како според тебе требаше да се изреагира кога некој од противничка група доаѓа на твоја територија, на твој собир во обид да се направи паметен, самиот провоцира и си бара ќотек, реагирајте си кај дечињата а не кај нас за ваков настан.