Натпреварот мзт-Фени беше повод за гостување во Борис Трајковски. Целата енергија на групата беше насочена ова дерби да биде во полн сјај како што доликува на последните два шампиони на Македонија. И наместо да има двбој на трибините исто како на теренот, денес сме соочени со дерби во кое барем една навивачка трибина ќе биде празна. Ние како навивачка група иако целосно посветени на ова дерби не успеавме да издејствуваме ниту превоз, ниту сигурен влез во салата. На неколку наврати бевме ЛАЖЕНИ од сопствената управа во чија помош се стави и локалната полиција со неколкуте "градски шерифи". Килавите ликови од сопствената ни управа не се агилни, ниту решени да го доведат тимот до титула и нивниот сон воопшто не се поистоветува со нашиот - полни трибини.
За поздравување е потегот на ривалската навивачка група кои до последен момент се обидуваа да го задржат сјајот на вистинското дерби, со две навивачки групи.
После ова останува прашањето: На кого му смета единствената организирана групација во градот, која е Аполитички настроена и "група која не седи во ничиј скут"???
Ги известуаме сите членови на навивачката група Лозари дека денес нема да се присуствува организирано на натпреварот помеѓу мзт и Фени. Целата енергија ја насочуваме кон натпреварот со куманово, наредната среда.