Ме пукна нешто досада,па си реков да направам резиме за Лозари годинава...
2012 година,дефинитивно најсветлата година од постоењето на н.г. Лозари. Одлични навивања,одлични кореографии,одлични бакљади/димнијади,одличен маркетинг,организација на ниво и така. Мислам дека во моментов сме во топ 3 групи во Македонија(пред да почнете да спомнувате имиња и се,само да ви кажам дека сме единствена група во Македонија покрај Комити шо навива и на стадион и у сала годинава).
 
Како што кажав на почетокот,годинава почна одлично. Почнавме прво со утакмици во сала,и првата поозбилна бројка од 150-60 луѓе(што беше премија,со оглед дека на почеток на сезона се собиравме по 30). Се редеа натпреварите на Фени,против Работнички,против Лирија. На секоја утакмица можеше да се забележи поголема бројка на трибина. Дојде со МЗТ утакмицата во март. Прв посериозен испит,кој што сметам дека го положивме успешно. Околу 300-350 навивачи имаше на тој натпревар,со што беше апсолутен рекорд за таа сезона. Потоа се играше купот,и таму отидовме доста масовно околу 200 луѓе. Потоа следеше шлагот на тортата за крај. Против МЗТ во 3 дуел од финалната серија,кога бевме околу 500 луѓе. Една од најкреативните кореографии видена на овие простори беше извадена тогаш.
		
		
	
	
 
Во фудбал беше онака...Продадени утакмици,одење на трибина колку да се прави нешто,нешто вредно за споменување е само гостувањето во Миравци поради дружбата на Лозари.
 
По крајот на сезоната,не дојде летен одмор за Лозари,туку напротив. Се направи собрание на кое беа повикани сите членови на Лозари каде што се решија некој битни работи. Летниот период имаше фестивал во Кавадарци во чест на прерано починатиот брат на Бубо Каров,таму присуствуваме како група и направивме прекрасна бакљада и димијада
(јас сум четврт од лево во долниот ред,најмалце ми гори бакљата 

).
 
Пред почетокот на оваа сезона во фудбал,вечерта пред отварањето на сезоната во Кавадарци имаше кортео низ градските улици.
 
Помина успешно,следна утакмица-гостување кај Лисиче. Осоколени од лесната победа,направивме гостување околу 70-80 души,каде што желките рекоа дека не виделе група како нас и за време на утакмицата немаше ниту еден најмал инцидент и имавме сосем коректен однос со нив. Потоа се редеа утакмици,против 11 Октомври,па нагости кај Корзо Прилеп. Таму идеше еден инцидент,по кој дебелиот крај го кркавме ние. Сето тоа се случи поради неспособноста на полицијата. Позади трибина почнаа да маваат н.г. Мајмуни-Прилеп,по што немаше каде да одиме и моравме да скокнеме во терен за да не настрадаме. Тоа како да го чекаше полицијата,па не нападна веднаш. Имаше малце ќотек со нив,па се вративме дома. Следна утакмица-со МЃП. За жал,не присуствував на оваа утакмица па ќе се воздржам од било каков коментар. Се редеа утакмиците,како по навика почнаа да местат па утакмицата против Миравци ќе ја наречам пресвртница за оваа сезона. ТОгаш во навивачката група се сменија некои работи,се кажа ДОСТА Е од лажните ветувања на управата и решивме да одиме против истата. На трибина пеевме за тимот,но против управата и главниот транс ни беше завртен наопаку. Надвор од трибина беа собрани 1930 потписи кој му беа предадени на градоначалникот кој што вети дека ќе направи се за да ја смени оваа управа. Бројка-околу 300 луѓе на фудбал. Кошарка-незнам што е работата,луѓето кај нас како да сакаат повеќе кошарка од фудбал. Одлично почнавме,првата утакмица против Работнички имавме забрана за публика,но надокнадивме против Струмица. Одработивме гостување во Куманово,дома игравме и со Кожув,Лирија и Пелистер и се покажавме сосема солидни. Бројка на кошарка-400,450 луѓе(на последната утакмица бевме малце,околу 250-60 иначе ќе имавме бројка околу 500 просек на кошарка). Тоа е за навивањето.
 
За изглед на трибина и маркетинг: Со почетокот на летото се направија мајци црни Лозари кој се продадоа за 3 дена. Потоа беа направени приврзоци,па секоја подгрупа си направи свои мајци(Ултра Кру и Ултра Дринкерс поло,додека пак Бригада 12 си направија обични мајчки). Потоа Ултра Дринкерс си направија први свои фантомки,исто како и Бригада 12. Исто така за крај на годинава се направија шалови.
 
 
За крај,кореографии,пиротехника и слично. Неколку нови знамиња пред се,потоа одлични кореографии и ако немавме бакљи на секоја утакмица,тогаш димни имавме со сигурност. Еве неколку слики и на ова поле.
 
 
Тоа е тоа,се извинувам на замарањето....аа да,и за крај 
 
 
Среќна нова година ултраси 
