Наумче Мојсоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Комита брат, кога го бацувал логото веројатно не му се ни сонило дека друг клуб во МК ќе му даде таква понуда. Играш за клуб, фино ти е, се палиш на атмосфера, бацуваш лого... пак ќе речам, ништо посебно и ништо ненормално. Секогаш ќе се најде некој играч да биде страстен фан, но повеќето си играат да заработат и нема што да паѓаме во несвест околу тоа.

Значи и јас разбирам дека вас ве понесуваат емоциите, но био кого да го ставиш на мета за критика, ако не сакаш да се претвори тоа во најобично плукање, мора да земеш и плусеви и минуси во предвид. Вие го направивте детето од гомно подолу.
Кога веќе спомна Chains ќе кажам и јас арно потсети за во Борис. Тогаш куп чинам игравме или првенство и ако не се лажам 27-21 така нешто тепавме. Наум ја имаше онаа гладијаторска фаца како се лупа во гради дига раце накај Комити и бацува лого, за после неполни 2 месеци да излезе во јавност дека се е договорено и на крај да отидеш во најлутиот ривал. Со нас ќе играше и ЛШ, а се продаде за 2000 евра плус. Тој настап во ЛШ можеби ќе го однесеше во странство, али да не збориме шта би било кад би било. Сакам да кажам дека не е голема разликата и можеше многу попаметно да изигра.

Морам пак да земам некои примери за да малце ти доловам што сакам да кажам. Симиќ кога премина од МЗТ премина за огромна разлика затоа што реално во МЗТ имаше просечна плата. Во Работнички зимаше и во Вардар дупло.

Нас навивачите не не интересира ама баш ништо друго освен тоа играчите да го даваат максимумот. А, тоа дали ќе бидат Комити ко Гроздановски ко Вујо е нивен личен избор. Дај го максимумот го имаш респектот. Кога ќе направиш потег кој е негативен за навивачите(преоѓање во ривалски клуб за пари) го добиваш спротивното од респект, односно тоа што е сега. Глуп пример ама ко Цезар да отиде за 1 милион евра + во Милан. Немој да ме демантираш дека навивачите на Интер ќе го пречекаат со аплауз :icon_lol:

Ете и Бекам и Роналдо и многу играчи преминаа во други клубови но сепак остануваат во добро сеќавање на навивачите. За разлика од други како РВП, Тевез, Симиќ, Мојсо, и ред други да не ги набројувам пошто мислам знаеш што сакаш да ти кажам. Самиот играч дозволи да навлече негативен став на групата кон него. Врв на се беше што се радуваше на головите кога ги даваше против нас во првата сезона, небаре го избркавме ние. А, играчите што знаат како да се постават кон публиката никогаш нема да добијат негативен однос од нас, а и секаде во светот е така. Роналдо, слободен, гол, Јунајтед ти текнува дали се радуваше ? А, колку време помина :D
 
Никој не рече дека треба да биде легенда за вас. Јас ви зборувам дека живеете во филм за некакво ривалство и некаква љубов према клубот на играчите. Тоа што го викате ривалство за Металург ќе заврши за некоја година кога парите ќе секнат, како и секогаш во Македонија. За 10 години никој нема да се сеќава дека имало ривалство меѓу Вардар и Металург, исто како многу примери во многу спортови кај нас. Секој гледа да си заработи од кариерата.

Не ми ни беше тоа поентата, :) се согласувам дека голем број од спортистите гледаат што повеќе да заработат, ама има и такви кои не би избрале друг клуб за нешто поголема сума на пари. Кратко и јасно, сакам да кажам дека има и играчи кои што би останале во клубот бидејќи се осеќаат како дел од него, го подржуваат фановите и не би отишол на друго место, поготово во некој ривалски клуб за поголема сума. :)
 
Да Ио ама на крајот од денот ние сме тие што идеме на утакмиците на репрезентацијата. Се мкневме до Шведска бевме во Шпанија Хрватска Србија... така ? Кажи ми како тоа ние се прикажуваме како некои кои идат против добро на македонизмот ете... Како така ние што му кажуваме (на навивачки начин) дека тоа што го направил нечини дека е теле големо е ние сме направиле лошо за Македонија... за репрезентацијата и за Номче? Неиде нели он направил прекршок скока на српски националистички песни и навива со група која негира постоење на нашава република.

И сега како ние криви Наумче нормален што скокал како мајмун таму. А уште попатетично е што тие другата навивачка група го отпоздравуваа со „Мојсо мајсторе!“, нели неиде?
 
Кога веќе спомна Chains ќе кажам и јас арно потсети за во Борис. Тогаш куп чинам игравме или првенство и ако не се лажам 27-21 така нешто тепавме. Наум ја имаше онаа гладијаторска фаца како се лупа во гради дига раце накај Комити и бацува лого, за после неполни 2 месеци да излезе во јавност дека се е договорено и на крај да отидеш во најлутиот ривал. Со нас ќе играше и ЛШ, а се продаде за 2000 евра плус. Тој настап во ЛШ можеби ќе го однесеше во странство, али да не збориме шта би било кад би било. Сакам да кажам дека не е голема разликата и можеше многу попаметно да изигра.

Морам пак да земам некои примери за да малце ти доловам што сакам да кажам. Симиќ кога премина од МЗТ премина за огромна разлика затоа што реално во МЗТ имаше просечна плата. Во Работнички зимаше и во Вардар дупло.

Нас навивачите не не интересира ама баш ништо друго освен тоа играчите да го даваат максимумот. А, тоа дали ќе бидат Комити ко Гроздановски ко Вујо е нивен личен избор. Дај го максимумот го имаш респектот. Кога ќе направиш потег кој е негативен за навивачите(преоѓање во ривалски клуб за пари) го добиваш спротивното од респект, односно тоа што е сега. Глуп пример ама ко Цезар да отиде за 1 милион евра + во Милан. Немој да ме демантираш дека навивачите на Интер ќе го пречекаат со аплауз :icon_lol:

Ете и Бекам и Роналдо и многу играчи преминаа во други клубови но сепак остануваат во добро сеќавање на навивачите. За разлика од други како РВП, Тевез, Симиќ, Мојсо, и ред други да не ги набројувам пошто мислам знаеш што сакаш да ти кажам. Самиот играч дозволи да навлече негативен став на групата кон него. Врв на се беше што се радуваше на головите кога ги даваше против нас во првата сезона, небаре го избркавме ние. А, играчите што знаат како да се постават кон публиката никогаш нема да добијат негативен однос од нас, а и секаде во светот е така. Роналдо, слободен, гол, Јунајтед ти текнува дали се радуваше ? А, колку време помина :D
Пак сега, кога ќе се префрлиш од македонски ракомет на Тевез и Бекам и Цезар, ме губиш :) Овие вторите можат покомотно да размислуваат за ваков избор, зошто заработуваат ненормална пара. Не дека милионот не им значи, ама тука се и пари од спонзори и работи за кои немаме појма. Кога човек што има тешки милиони ќе се полакоми за милион повеќе, нормално е дека ќе наиде на морална осуда.

Овде се работи за друга ситуација. Пробај да размислиш од аспект на спортист немилионер. Ти имаш активна кариера од околу 10 години (од 25-35) кога можеш да заработиш некоја пара. После тоа те чека долга зима од 30-на години (среќа што почнаа пензии да им даваат). Во таква ситуација ти го цениш секое евро. Разликата што ја спомнуваш од 2000 евра е произволна, зошто не е факт дека ќе земал 9000, исто како што не е факт дека лажирал повреда.

Но на страна тоа, пак да се вратам на моментот дека збруваме за македонски спорт. Ова вклучува огромна претпазливост, зошто кај нас клубови никнуваат и згаснуваат секој месец. Колку Вардар на некој играч му изгледал како стабилен проект на долги стази? Еве се појави Русинот и супер е тоа, а без него можеби Вардар ќе отидеше во пченките. Исто како што и Металург може да отиде, било кој ден, исто како Кометал, ФК Вардар, Слога Југоматнат, борачите од Радовиш, Работнички, РК Пелистер и да не набројувам... значи кај нас кога носиш решение мора да е со ладна глава, мора да следиш што се случува внатрешно во клубот зошто кај нас секој ден може да е последен.

Не ми ни беше тоа поентата, :) се согласувам дека голем број од спортистите гледаат што повеќе да заработат, ама има и такви кои не би избрале друг клуб за нешто поголема сума на пари. Кратко и јасно, сакам да кажам дека има и играчи кои што би останале во клубот бидејќи се осеќаат како дел од него, го подржуваат фановите и не би отишол на друго место, поготово во некој ривалски клуб за поголема сума. :)

Е добро де, има такви ама дали е тоа обврска? Дали има нешто лошо во тоа што сака да си замине? Колку од овие играчи што сега ги има Вардар ќе останат ако им се укаже подобра можност?
 
Јас само се надоврзав на муабетот дека има и такви на кои што им значи клубот, ете се разбравме..:) Нема ништо трагично ако некој замине од клубот, ама ништо трагично не му се случило ни на Наум. Му се пеат, песни, па што ако му се пеат песни? Ниту е нападнат физички, ниту сме му се заканувале, при прослава, при многу прилики Комити имале шанса да го нападнат ако е до толку отидена ситуацијата, па не е ни допрен, значи останало на тие неколку песни што му се пеат. Кога подобро ќе размислиме па што толку е трагично сфатено што не ни е омилен лик кај нас Вардарци? Божем навивачите на Интер и Милан не пеат навредливи песни, како за играчите и за тимовите, нема ништо лошо па ни страшно ако му се испее 2 минути некоја песна во текот на целата утакмица, така се наметнал кај Комити и Вардарци и тоа е тоа, не е некоја трагедија што си заминал од Вардар, ниту пак ако му испееме еднаш дека има големи уши, јака работа..Еве на пример што пееа навивачите во Англија, далеку од ова кај нас, ова кај нас е еден вид на шала, заебанција на негова сметка, кој како си заслужил.. :) Премногу трагично се сфати целата ситуација, која впрочем е и одамна :) ( не зборам конкретно за тебе).

Да Ио ама на крајот од денот ние сме тие што идеме на утакмиците на репрезентацијата. Се мкневме до Шведска бевме во Шпанија Хрватска Србија... така ? Кажи ми како тоа ние се прикажуваме како некои кои идат против добро на македонизмот ете... Како така ние што му кажуваме (на навивачки начин) дека тоа што го направил нечини дека е теле големо е ние сме направиле лошо за Македонија... за репрезентацијата и за Номче? Неиде нели он направил прекршок скока на српски националистички песни и навива со група која негира постоење на нашава република.

И сега како ние криви Наумче нормален што скокал како мајмун таму. А уште попатетично е што тие другата навивачка група го отпоздравуваа со „Мојсо мајсторе!“, нели неиде?
Значи ако за претходните дискусии со Комита и со Незапирлив си имаме аргументи за и против, овој твојов аргумент е причина зошто воопшто не ни сакав да пишувам на темата. Ама ајде, мое лично скромно мислење па вие терајте си ја песната :)

Мојсо на ниеден начин не го повредил „македонизмот“ што год тоа да значи.

Квази аргумент број 1: Мојсо пеел српска националистичка песна.

По промашен „аргумент“ што имам слушнато од овој е само „Македонија е библиска земја“ ама тоа е за друга тема. Значи Мојсо пеел српска песна. А прашање: дали пеел анти-македонска песна? Дали има било што анти-македонско во песната? И да, Обилиќ е школски пример за универзален јунак со два пара мадиња. И од мене има огромна почит. Патем, за 14 век зборуваме, а не за некој четнички војвода. Правете разлика.

Квази аргумент број 2: Мојсо е србоман.

Јас колку што знам, не навиваше за репрезентација на Србија. Навиваше за Партизан. Фино ви објасни (иако не мора) дека таа љубов кај него се родила пред пиздариите во СФРЈ и си останала како таква. Политика не го интересира, си навива за спортки клуб кој му е омилен. Бонус: тоа што изјави дека омилена победа му е против Србија, не важи веќе?

Квази аргумент број 3: Мојсо лажирал повреда.

Демант со 20 сведоци не се важи? Или за потреби на дискусијата, ќе му веруваме на мочан некој портал. Бонус: кога изеде еден тон ќотек во Вараждин и не можеше да го заврши турнирот, тоа лажирање беше?

Она што е валидно и за размислување е дали воопшто треба да навива за клуб кој има публика со анти-македонски ставови. Ете тоа е најблиску што може да се земе како валидно и да се продискутира нешто. Јас лично не би.
 
До негде и во право си за тоа дека кај нас е борба за живот и секое евро дека е битно. Еве да правме споредби на наши играчи за да не ги мешаме странските и нивните суми.

1. Алушевски
Играше за Вардар во одлично време. Тогаш Вардар освојуваше скоро се што се може. Металург се појави 06/07 таа сезона. Пред тоа беа битни во ракометот колку и ФК Зелениково во фудбал. Вардар освојуваше титули значи и беше стабилен клуб со добар спонзор. Премина во Металург кога се издигнаа и заиграа во ЛШ. Кога тој играч бил исвиркуван или навреден од нас?

2. Веле Маркоски
Исто така играч на Вардар кој премина во 2010 ако не се лажам кај металург. Кога овој играч бил исвиркуван или навреден? Познат е сеуште фактот дека таа сезона земаа 2 трофеја и куп и лига. Чист доказ дека преминува за поголем успех и пари.

3. Никола Митревски
Голман претежно 2/3та постава беше но беше доста искусен голман. Отиде во ривалот исто така 2010.

4. Златко
Исто така играч кој премина во Металург.

5. Додер
Играчов да не го спонувам ич...

И ред други кои во моментов не ми текнуваат, а преминале во Металург. И на крај доаѓаме до заклучок дека само Наум е исвиркуван и омаловажуван од веќе објаснети причини.
 
Јас само се надоврзав на муабетот дека има и такви на кои што им значи клубот, ете се разбравме..:) Нема ништо трагично ако некој замине од клубот, ама ништо трагично не му се случило ни на Наум. Му се пеат, песни, па што ако му се пеат песни? Ниту е нападнат физички, ниту сме му се заканувале, при прослава, при многу прилики Комити имале шанса да го нападнат ако е до толку отидена ситуацијата, па не е ни допрен, значи останало на тие неколку песни што му се пеат. Кога подобро ќе размислиме па што толку е трагично сфатено што не ни е омилен лик кај нас Вардарци? Божем навивачите на Интер и Милан не пеат навредливи песни, како за играчите и за тимовите, нема ништо лошо па ни страшно ако му се испее 2 минути некоја песна во текот на целата утакмица, така се наметнал кај Комити и Вардарци и тоа е тоа, не е некоја трагедија што си заминал од Вардар, ниту пак ако му испееме еднаш дека има големи уши, јака работа..Еве на пример што пееа навивачите во Англија, далеку од ова кај нас, ова кај нас е еден вид на шала, заебанција на негова сметка, кој како си заслужил.. :) Премногу трагично се сфати целата ситуација, која впрочем е и одамна :) ( не зборам конкретно за тебе).

Се согласувам, како и секој спортист и него ќе му пеат сешто. Јас воопшто и не зборев за пеењето во сала, туку за „аргументите“ што се ваѓаат на форуми и сајтови. Инаку фала богу, спортист не ни мора да направи нешто за да го мајкошајкосуваат :)
--- надополнето: 1 декември 2013 во 18:08 ---
До негде и во право си за тоа дека кај нас е борба за живот и секое евро дека е битно. Еве да правме споредби на наши играчи за да не ги мешаме странските и нивните суми.

1. Алушевски
Играше за Вардар во одлично време. Тогаш Вардар освојуваше скоро се што се може. Металург се појави 06/07 таа сезона. Пред тоа беа битни во ракометот колку и ФК Зелениково во фудбал. Вардар освојуваше титули значи и беше стабилен клуб со добар спонзор. Премина во Металург кога се издигнаа и заиграа во ЛШ. Кога тој играч бил исвиркуван или навреден од нас?
Добро, ама јас сум малку постар и памтам време кога и РК Вардар беше битен колку ФК Зелениково :). Всушност, Пелистер беше клубот во Македонија, во втора лига се мотаа Вардар, Тутунски, Борец од Велес и едно време Струга пред распадот на СФРЈ. За Металург не знаев дека постои се додека еднаш случајно не ме однесе патот во салата во Автокоманда, во која подот се распаѓаше, пола светла не работеа па се играше во полумрак и во тоа време, имав другари ракометари кои ми велеа дека во Автокоманда не се игра ракомет туку Ултимејт Фајтинг. Но тоа беа други времиња.

А колку за пример, Алушевски дојде од истиот тој силен Пелистер кога во Битола почнаа да секнуваат парите. Сите играчи го напуштија полека иако многу беа „нивни“ деца. Се сеќавам дека една година Боро Шурлевски кој беше легенда премина од Пелистер во Тутунски. И тоа беше огромно ривалство, а денес не е од едноставна причина: нема пари. Во Македонија ти е гола егзистенција. Оваа генерација ракометари треба да е пресреќна што има некој да ги плати, инаку ќе играа во никакви лиги за нешто ситно.
 
Точно и ние имавме толку "битно" време. Порано беа Борец, Пелистер и Струга и кога ќе видиш пола ракометари се со Струшко или Битолско потекло. Песната за Диви ја знаеш? Али се согласуваме дека тоа е сосем нормално. Многу фама се крена за Наум, многу.
 
Сам си е крив. Сам го навлече гневот на Комити и на сите искрени навивачи на Македонија. Комити можеа да преќутат и да го пуштат да му биде ама јеби га не сме такви...:D
 
прост пример, Марио Геце до лани играч на Дортмунд летово прејде во Баерн. Кога играа пред неколку дена, Геце влезе во игра за Баерн во второ полувреме и цел стадион 80илјади станаа го исвиркуваа и пљукаа. Геце е германски репрезентативец, ама за тоа не се крева толку фама и беше очекуван ваков исход а медиумите и луѓето во Германија не пишуваат како така го вреѓаат играчот игра за наша репрезентација. Случајов е скроз ист со Наумче тука, плус што Наумче беше фатен на дело како се пали на српски национални песни. Не знам како не можете да го сфатите пцуењето на Наумче од страна на навивачите на Вардар, стварно неможам
 
така е ... ама тој активно навива со навивачите кои се против Македонската држава

А шо ко да нема навивачи од Македонија кој ја ругаат Србија цело време и се против Српската држава? Опседнати сте со "Србофили", додека на територија цела Македонија на секое можно поле се врши Бугаризација.

А тоа другото има современ назив и се вика: НАЦИОНАЛНА ОМРАЗА, таа на терените не дошла сама - туку е под влијание на политиката. А кој мисли на такви работи очигледно не му е до спорт и иде на терен за да се ку*чи и да му помине време. Не, тоа не се навивачи за мене.
 
А шо ко да нема навивачи од Македонија кој ја ругаат Србија цело време и се против Српската држава? Опседнати сте со "Србофили", додека на територија цела Македонија на секое можно поле се врши Бугаризација.

ама затоа пак нема српски репрезентативец да навива со тие навивачи ...
 
Браво за рекламата на Сител која оди како подршка за Мојсо (y)

Мајтапо на страна, покрај зезањата до сега кои одеа на негова сметка, Мојсо многу ќе ни фали на Европското, на само 20тина дена пред почетокот доби тешка повреда, то е то ќе играме без него и ќе бидиме значително ослабени без Номче :cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom