Nature vs. nurture

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Ја мислам дека е комбинација од двете, со тоа што сите карактеристики кои ги опиша не би стаил ист акцент, пример интелигенција, таленти, меморија и нивните потенцијали се генетски детерминирани но сепак е важно дали ќе се третираат и развиваат во иднина, на што секако влијание има околината, карактер, сексуалност, стравови, фетиши и слично не би стаил толкав акцент на генетиката, туку повеќе на влијанието на околината, посебно првите години од животот и она што е најважно - односот на родителите меѓусебно и односот на родителите поединечно кон потомокот. Големи се шансите ако моите имале дисфункционален брак, да имам потешкотии у бракот и слично.

Не верувам во детерминираност, повеќе сум наклонет кон концептот на слободна волја.
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Само зашто се' е предопределено, не значи дека се' е исто срање. Од медицински аспект, битно е да се знае природата на причинителот.

На пример, ако фатиш камен на бубрег, тоа било предопределено од Големиот пукот. Но предопределено било и да одиш на лекар, па тој да те излечи бидејќи си предопределен да сакаш да живееш и тој да те излечи. Што е битно, а што не, одлучуваме ние бидејќи сме предопределени да одлучуваме такви работи.
Причинителот е биг бенгот и ти ништо не одлучуваш, одлуките се илузија. Нема одлуки ако нема слободна волја, нема битно у оваа приказна затоа што битието не ни постои. Освен ако немаме влијание од друг систем независен од овој во простор и време.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Секако дека е комбинација од двете. Физичкиот изглед и карактеристики, карактерот на личноста, па дури и здравствените недостатоци ги наследуваме од родителите или од другите предци т.е. генетиката си го прави своето.

Околината има влијание на други нешта. Таа според мене е пресудна за стилот на изразување, начинот на однесување, па и преференциите што ги имаме за куп работи. Под „околината“ мислам секако и на географската локација каде еден човек е роден и израснат, но и на влијанието на пријателите, познаниците, колегите, роднините, па и медиумите.

Како наједноставни примери, околината ретко кога има влијание на тоа дали некој е кратковид или е алергичен на полен од раѓање, посебно кога еден или двајцата родители ги имаат истите проблеми. Од друга страна, генетиката ретко има влијание на тоа како некој се облекува, што музика слуша и кој стил на живеење го фура. Тоа е работа на се’ она што се нарекува „околина“.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Причинителот е биг бенгот и ти ништо не одлучуваш, одлуките се илузија. Нема одлуки ако нема слободна волја, нема битно у оваа приказна затоа што битието не ни постои. Освен ако немаме влијание од друг систем независен од овој во простор и време.
Постоењето на слободна волја наспроти предопределеноста е поврзано со прашањето: „Дали нашите мисли и акции се причинети од нешто или не?" Ако сме дел од овој Универзум кој работи причински-последично, невозможно е да не бидат детерминирани нашите мисли и акции. И овде завршува муабетот со детерминизмот. Ти пробуваш да го сведеш детерминизмот на нихилизам.

Во приказната постои „битно" бидејќи сме еволуирани да создаваме приоритети и морално етички верувања. Во феноменологијата на умот постои „битно" и воопшто не е важно дали тоа се сведува на феномени од понизок ред кои ги немаат особините на свеста. Тешко дека со ваков лабав детерминистички пристап ќе го решиш „Тешкиот проблем на свеста".
Ако имаме влијание од друг систем, пак ќе бидеме детерминирани. Треба нашиот ум да биде надвор од просторот и времето за да не бидеме.
Но на крајот од денот, ти си во феноменологијата на твојот ум и не можеш да знаеш дали се' е детерминирано или не е.
Ја мислам дека е комбинација од двете, со тоа што сите карактеристики кои ги опиша не би стаил ист акцент, пример интелигенција, таленти, меморија и нивните потенцијали се генетски детерминирани но сепак е важно дали ќе се третираат и развиваат во иднина, на што секако влијание има околината, карактер, сексуалност, стравови, фетиши и слично не би стаил толкав акцент на генетиката, туку повеќе на влијанието на околината, посебно првите години од животот и она што е најважно - односот на родителите меѓусебно и односот на родителите поединечно кон потомокот. Големи се шансите ако моите имале дисфункционален брак, да имам потешкотии у бракот и слично.

Не верувам во детерминираност, повеќе сум наклонет кон концептот на слободна волја.
Склоноста кон анксиозно пореметување најверојатно е поприлично инхерентна, но од што се плашиш, како се справуваш со нештото и колку ќе се изрази тоа во некоја мера е и поради некаков удел на околината.

Сексуалноста е во најголема мера инхерентна. А околинските фактори кои влијаат може да бидат од секаков карактер. Околински фактори се и удари по глава. Луѓето мислат дека ако не може се' да се препише на генетските и пренаталните фактори (сакаат точно да знаат кои се), тогаш е семејството (не ги боли кур за сигурни докази дека е семејството наспроти безброј други околински фактори зашто се пристрасни кон своето верување). 1
Семејните динамици имаат улога во развојот на личноста и тоа огромна, не сфаќај ме погрешно. Но корелација не укажува на каузалитет. Ако децата на разведени родители почесто се разведуваат на пример, не знаеме дали тоа е бидејќи така научиле, дали нивните родители имаат инхерентна склоност кон конфликти со партнерот која му ја пренеле на детето, склоност кон зависности што е фактор за развод итн. или разводот на децата и родителите е резултат на трет околински фактор.

Фројд направил зулум повеќе отколку арно. :D
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Постоењето на слободна волја наспроти предопределеноста е поврзано со прашањето: „Дали нашите мисли и акции се причинети од нешто или не?" Ако сме дел од овој Универзум кој работи причински-последично, невозможно е да не бидат детерминирани нашите мисли и акции. И овде завршува муабетот со детерминизмот. Ти пробуваш да го сведеш детерминизмот на нихилизам.

Во приказната постои „битно" бидејќи сме еволуирани да создаваме приоритети и морално етички верувања. Во феноменологијата на умот постои „битно" и воопшто не е важно дали тоа се сведува на феномени од понизок ред кои ги немаат особините на свеста. Тешко дека со ваков лабав детерминистички пристап ќе го решиш „Тешкиот проблем на свеста".
Ако имаме влијание од друг систем, пак ќе бидеме детерминирани. Треба нашиот ум да биде надвор од просторот и времето за да не бидеме.
Но на крајот од денот, ти си во феноменологијата на твојот ум и не можеш да знаеш дали се' е детерминирано или не е.

Склоноста кон анксиозно пореметување најверојатно е поприлично инхерентна, но од што се плашиш, како се справуваш со нештото и колку ќе се изрази тоа во некоја мера е и поради некаков удел на околината.

Сексуалноста е во најголема мера инхерентна. А околинските фактори кои влијаат може да бидат од секаков карактер. Околински фактори се и удари по глава. Луѓето мислат дека ако не може се' да се препише на генетските и пренаталните фактори (сакаат точно да знаат кои се), тогаш е семејството (не ги боли кур за сигурни докази дека е семејството наспроти безброј други околински фактори зашто се пристрасни кон своето верување). 1
Семејните динамици имаат улога во развојот на личноста и тоа огромна, не сфаќај ме погрешно. Но корелација не укажува на каузалитет. Ако децата на разведени родители почесто се разведуваат на пример, не знаеме дали тоа е бидејќи така научиле, дали нивните родители имаат инхерентна склоност кон конфликти со партнерот која му ја пренеле на детето, склоност кон зависности што е фактор за развод итн. или разводот на децата и родителите е резултат на трет околински фактор.

Фројд направил зулум повеќе отколку арно. :D
Точно така. Ова е паднат свет, колку побрзо разбереш, толку повеќе ќе придонесеш да го оправиш
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.321
Поени од реакции
3.171
Ako nekogas bile pobednickata sperma, zosto podocna izrasnale vo kloshari? Definitivno se odgledani kako takvi.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Точно така. Ова е паднат свет, колку побрзо разбереш, толку повеќе ќе придонесеш да го оправиш
Вие Луциферијанцитецело време измислувате глупости протов единствените богови Белајал, Асмодеус и Азрaел.
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Вие Луциферијанцитецело време измислувате глупости протов единствените богови Белајал, Асмодеус и Азрaел.
Нема зошто да се делиме, едно сме. Подај ја раката и прими светло
 

Kajgana Shop

На врв Bottom