- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.737
Дебатава датира од постоењето на човештвото. Генерално, прашањето е поврзано со сите аспекти на човековото битисување, не само со човечката психологија. Дали нашите карактер, таленти, сексуалност, интелигенција, меморија и др. се детерминирани од нашата природа, околина или комбинација од двете? Ако е комбинација од двете, во која мера од едното, а во која од другото? Дали различни карактеристики се детерминирани во различна мера од едното и другото или за сите карактеристики, факторот на влијание е со ист интензитет?
Дебатава е прастара, но значајно е да се спомнат неколку важни историски точки кои ја менувале парадигмата на дискусијата. Џон Лок верувал дека се раѓаме табула раса (празна книга) и дека околината е пресудна за нашите карактери, наспроти верувањата во сина крв, инхерентно зло и детерминираноста на божјиот суд, нешта со кои протестантите го гушеле концептот за слободна волја и покајание и следеле како одговор на повеќе социо-екононски динамици во добата на Католичката Црква (повеќе за ова, Ерих Фром - Бегство од слободата). Лок, според некои критичари, довел до релативизација на етиката како универзална карактетистика за човекот. Потоа следувало воспевањето инхерентни карактеристики на расите и народите, инспирирано од менделијанството и дарвиновата теорија за еволуција (но и од многу други работи). Истиот евгенички пристап ескалира до нацизмот. Паралелно на тоа, Фројд става акцент на околинските фактори.
Потоа, акцентирањето на инхерентните карактеристики е сатанизирано и
социјалната психологија зема замав. Откривањето на генот од страна на Вотсон и Крик ја врти топката, но со појавата на постмодернизмот, сето тоа иде у курац. Овде има многу за пишување, но сепак, ова е вовед во тема за дискусија, а не есеј.
Денес дискусијата е побалансирана и воедно покомплексна.
Кои се вашите ставови за темата?
Ако има слична тема, споете ја со оваа.
П.С. Гледајте го „Тројца идентични странци".