Натпреварувачки дух?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Натпреварувачки дух. Да го имам и е добра работа, тоа е тоа кое те тера да не се откажеш да одиш до крај и никогаш да не се предаваш. Тоа ми е мотивацијата па дури и кога се натпреварувам со некој што е подобар во нешто од мене што ми вика пробај може ќе успееш. Што ме тера да мислам на начини како да победам и ми вика искористи го мозокот ако не можеш силата и слично. А за тоа дали имам повеќе победи или порази искрено немам појма не следам тоа.
 
мора да се има натпреварувачки дух, да се биде комптетитив...бидејки целиот живот е една голема борба за опстанок...
 
Не се замарам.Ако дојдам до мисла дека се натпреварувам со некого значи сум почнал да правам споредби.А пошто цел живот се трудам да си терам свој филм,немам потреба на било кого да му докажувам било што.

Се сложувам,натпреварувањето е болест,неможи цел живот да се натреваруваш со секој,треба да се прифатиш себеси каков си и да не ги гледаш другите.:nenene:
 
Натпреварувачкиот дух е позитивен секако додека е во границата на нормалата...И нормално додека има потреба од тоа..Секако дека тоа влијае за постигање успех...Не можам да кажам со кого конкретно сум се натпреварувала..НО факт е дека го правам тоа кога ќе почувствувам потреба и зависно од ситуацијата...Како и сите сум имала и победи и порази,,но секако дека секогаш сум упорна во постигање на првото.. Дури можам да кажам и дека токму поразот честопати ме мотивирал за следниот пат да бидам подобра и воопшто да се борам до крај...Секако ова се однесува на животните ситуации..И секако понекогаш сум се 'борела' и за да докажам дека сум подобра од некој,,зашто сум била веројатно хехехеххе:vozbud:
 
Секогаш имам натпреварувачки дух.:helou:
 
Не знам дали би го нарекла тоа натпреварувачи дух...ама секогаш вадам подобри резултати кога имам конкуренција...ако ја снема конкуренцијата, јас паѓам и паѓам и паѓам...
Верувам дека сите вадат подобри резултати кога имаат конкуренција во истата област...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom