Колку имате потреба за натпреварување со другите во секојдневниот живот?
Со кого и на кое поле се натпреварувате најчесто?
Што повеќе сте успеале да остварите до сега - победи или порази?
:smir:
Па имам натпреварувачки дух,меѓутоа не ми е целта колку да покажам- еј види ме јас сум победник.
Едноставно имам сфатено дека животот е борба и дека посилниот го јаде помалиот и дека секој мора да се бори за да го добие тоа што го сака,па аналогно на тоа и да се натпреварува.
Натпреварувам ми е некако неесодветен збор за да го опишам тоа што го мислам.Повеќе би рекла дека се борам.Претежно да речеме на факултет,во дискусии,во областа која ја сакам и која сакам да ја работам во иднина.Се натпреварувам секојдневно.Повторно ќе кажам,малку ми е чуден зборот натпреварува,но тоа е реалноста.Сепак сум фер плеј играч,не сакам да зезнам никого,па некако во таа борба или натпреварување гледам да биде пријателски меч.Не сакам да расипувам пријателства со никој,ниту пак да газам некој со цел да го освојам тој замислен натпревар.
Јас би рекла дека се натпреварувам за да го добијам она кое што го заслужувам и дека ако го заслужувам ќе го добијам.
Ако гледаме во поле на образование сум добивала речиси секогаш победи.Во поглед на иднина,кариера,образование сум доста амбициозна и речиси секогаш ми успева да го добијам со труд она што сум го сакала.Дали прием во државна квота на факултетот кој највеќе сум го сакала,дали висока оцена... како и да е во тој поглед сум излегувала речиси секогаш како победник.
Но, морам да напоменам дека има и еден друг вид натпреварување,кое според мене е можеби и најтешко. Тоа е натпреварувањето сам со себе.Борба за емоционална стабилност и сигурност.Е во овие борби сум постојан губитник,но и покрај тоа не се предавам и продолжувам понатаму со натпреварот.Се борам сама со себе,се натпреварувам сама со себе,за да ја добијам емоционалната стабилност и сигурност која ми е толку потребна,но не можам се уште да ја постигнам.Но,сепак сеуште ништо не е готово.
А што повеќе ве мотивира да продолжите да се натпреварувате?
Желбата и волјата да успеам.Кога нешто сакам,кога се посветувам на нешто со љубов,сакам да го добијам и да излезам до тоа како победник.Пред се заради самата себе.Сметам дека се може човек да добие со вистинска мотивираност.Љубовта кон тоа што е целта е најбитна и најголема мотивација,барем за мене.
Колку е добро да се има натпреварувачки дух и дали тие кои го поседуваат се поуспешни луѓе од останатите?
Би ја нарекле оваа карактеристика негативна или позитивна и зошто така или така?
Се што е претерано не чини.Болната заслепеност и амбициозност и по секоја цена да се “победи“ без разлика на последиците,не може да донесе ништо позитивно,само контраефект.
Убаво е човек да биде мотивиран,да има натпреварувачки дух,тоа и позитивно влијае на самата надградба на човекот и може да придонесе и за поголем успех во работата,но да се има умереност.Ако некој слепо гледа само да нижи победи,а притоа ги занемарува сите останати пропратни работи како љубовта, дружењето и сите други работи кои го сочинуваат животот,тогаш џабе му е се.Да речеме ќе ја добие работата која ја сака,ќе биде успешен,но затоа ќе има огромна празнина и дупка во останатите делови од животот.Не треба пак ниту човек да не се замара за ништо и да не го интересира,да не проба да се бори, зашто во таков случај ќе го проголта машината наречена реален живот.Животот како таков сам по себе е борба,човекот е принуден да се натпреварува,а да не збориме дека и во голем дел и од сферите на животот има постојани натпревари.
Златна средина најубаво е.