Натпревари

  • Креатор на темата Креатор на темата Waverly Raven
  • Време на започнување Време на започнување

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
157
Поени од реакции
85
Возраст
28
Се одлучив да ја отворам темава, а не забележав да има слична. Е сега тука може да ги кажувате своите искуства од натпревариве во Македонија и пошироко, своите жалби и пофалби и сл.

Јас сум одел на доста натпревари(Народна Техника, Сплинг Бее, од Јахја Кемал и сл.) Од некои сум бил навистина задоволен иако не сум освоил ништо(бидејки било навистина во ред), но има некои кои навистина не се правично судени.
 
Досега сум бил само на еден натпревар за дизајн на визит картичка и сум освоил 2ро место.
Мислам дека многу подобра беше мојата него таа на првиот ,плус правила на натпреварот беа дека смеат да учествуваат само ученици од Х години,а тој што освои прво место беше 1 или 2 години поголем,така да сумљам дека беше местенка.
 
Последно искуство од натпревар,26-27 април годинава,Струмица натпревар на Земјоделско-Ветеринарни училишта.Јас бев во класа ПКО(препознавање коски и органи)и испадна ОГРОМНА местенка,зажалив што воопшто отидов таму.Прво ги пуштаат децата од Струмица ги гледаат броевите на коските и органите и излегуваат.Моето школо беше прво па така јас прв влегов внатре.решив што решив,не очекував убав резултат,затоа што иако знам бајги анатомија од притисокот не напишав доста работи.Заврши тоа,и другиот ден на доделувањето,очекувано не го слушнав моето име.Во секоја можна класа струмица имаше земено прво место,а ве некој и прво и второ и прво и трето.Многу наши деца ги бутаа метса подолое или воопшто не им беа дадени некое од први три места а беа заслужени.За мене конкретно,јас и тој што беше со мене требаше дда бидеме он трето место јас четврот,ама не бутнаа него на 5то место а мене на 6то место.Он имаше 88 бода а јас 80 од можни сто.да биде поголема траги-комедија од 79 нагоре е ВТОРО место,ама добро,што е тука е.
Еден мој добар другар беше на истиот натпревар,ама он возеше трактор.И сега дечкото само ДОПРЕ 2 сталки,а пишаа вуруциве дека БУТНА 7 сталки.Едно девојче од моето школо,трребаше второ место да биде,ама ја бутнаа на 3 место и плус не и ја дадоа икебаната,а на сите школи им ја дадоа.(добро додуша она им ја искина после така да.. :D )Исто уште едно девојче беше на препознавање плевели,и она погаѓа 49 плевели од можни 50 за 4 ипол минути од можни 10,и ни ебано трето место не и дадоа.
Многу лошо организирано,барем да беше помалку приметно дека е местенка.
 
Се откажав од натпреварите поради големиот број местенки и тоа апла очигледни. Два пати имам одено регионален математика, еднаш англиски исто регионален, спелинг би еднаш... може има уште некој ама веќе две години немам учествувано на никаков посериозен натпревар.
 
Маршалот иако мртов ги победи РУСИТЕ.
Приморско 1980 година.Јас со тројца другари на одмор таму.Тоа е еден младински центар полузатворен тип - повеќето хотели и бунгалови со летувалци од сите земји претежно од Варшавскиот пакт. Лето и повеќе натпревари со екипи од сите земји.
Натпревар: Фигури од песок на плажа.
Сите прават разни фигури,а Русите познатото мече од олимпијадата 1980 год.-Москва
Јас се одлучив за фигура Гробот на Маршалот и победив освоено прво место
А стварно беше прекрасно направен. Русите живи се изедоа поради ова.
Ете колку беше тоа време почитуван Маршалот со белото одело и пура во едната рака.
 
Јас кога бев на натпревар во 7мо најповеке се разочарав и тој ми остана во сеќавање. Значи освоив 1во место на регионален по Хемија и сега требаше да се оди на државен(инаку натпреварот беше Народна Техника). Кога отидовме на натпреварот се чекаше долго нозе ни паднаа никаде не можеше да седниш. И сега група по група не повикуваа ние како што ми се чини(Хемија) бевме повеќе и сега отдиовме и таму беа две од комисијата(од средно училиште) и по некое време дојде професор од ФАКУЛТЕТ(од ПМФ секако) и си помислив кои стручњаци сме мие што професор од факултет иди да не оценва ама ајде... Кога почна тој да филозофира ехааа и сега ни даде тест(посебен за 7мо посебен за 8мо) внатре имаше и што треба и што не треба значи неможи некој да ми дава тест што не знае ние што учиме(со исклучок на некои проф. пример Слоботка Алексовска што ги пиши учебниците). Од кога заврши тестот почнаа презентациите, е сега тој вика вака имате 15 МИНУТИ да: ПРЕЗЕНТИРАТЕ(презентација или пишано) и ЕКСПЕРИМЕНТ е ај сега некој да ми објасни како можеше тоа да се направи???? Значи за некои експерименти е потребно ВРЕМЕ!! Неможи тоа туку така, а ако почниш да го проготвуваш порано се кратат поени(не го виде никој како ти го направи тоа). Времето го мереше со ТАЈМЕР, кога ќе ѕвони не му е гајле за тебе повеќе, ти ако сакаш удирај се од земја не ти мава рецка. Течењето на натпреварот беше КАТАСТРОФА невидена!! Кога почнаа да плачат некои оти ништо не можеше да се доврши лелеее хаос, пола си отидоа оти знаеа дека ишто нема да напрат, а останаа само оние што знаеа дека ке освојат нешто(е како можи тоа така??) Тие што зедоа награди(1во, 2ро, 3то) му рече ве ЗНАМ и тие не презентираа него одма на експеримент преминаа! За професорот не сакам да коментирам и пред очи не сакам да ми се појави(ми се гади од него) и си велам ееееј како му е само на студентите!!!
 
еднаш бев на регионален математика во основно , ама не ЧЕПНАВ буквално ништо да се спремам . Бев најголемиот ТРУП можен за на еден натпревар. На сила одев на овие натпревари , дека буквално немаше кој друг да оди ( се слаби ученици имав во класот). И као демек нели на домашен терен , па ми носат после саат време ливче со демек најтешката задача првите 2-3 реда решени. И сите видоа кога ми го дадоа ливчето , и само слушам "ц,ц,ц" , " е браво бе" , "дај и ние да видиме" . Јас една смеа кога ме фати . Џабе што ми дадоа и ливче , ПОИМ неам . Од 4 задачи не можев половина да решам.

Битно фаворитите што квичеа дека добив ливче ги наполнија гакиците за миг. "Отиде овој 100 бода , пра позиција" , си рекоа демотивирачки во себе.
 
Епа вака ептен често одам по натпревари последен ми беше по дигитална електроника државен натпревар на кој за жал го освоив 2рото место бидејќи не бев доволно спремен. Инаку на други што имам учествувано се: Кенгур, регионален по математика, Массум, 2 Државни натпревари за електротехничка струка(3 вклучувајќи го и горе наведениот). Од спорт ако се рачунат имам учествувано на преку 50, а освоени медали околу 20-30.
 
Неколку пати сум бил на натпревар во основно и можам да кажам дека се големи глупости, како прво еднаш кога бев на државен географија ми скратија поени, иако можеби ќе бев меѓу првите тројца ако не и прв, али ај... Оттогаш не идам на вакви сра*а... Иначе деца што се палат на дипломи на вакви натпревари најмногу ме нервираат :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom